Book of Common Prayer
4) До компромисната црква во Тијатир
18 „До гласникот[a] на црквата во Тијатир, напиши го следново:
Божјиот Син, чии очи се како огнен пламен, а нозе како блескава бронза, ви го порачува следново:
19 Вашите дела ми се познати. Ги знам љубовта, верноста, службата и трпението ваше. Знам дека напредувате и во последно време имате повеќе достигнувања отколку порано. 20 Сепак, имам една забелешка против вас: вие и дозволувате на Изевела, која самата себеси се нарекува пророчица, да ги заведува Моите следбеници учејќи ги да блудствуваат и да јадат месо жртвувано на идоли. 21 дадов време да се покае, но таа не сака да престане со своето блудство. 22 Внимавајте! Ќе ја казнам со тешка болест што ќе ја врзе за кревет, а нејзините блуднички партнери ќе ги притеснам со големи неволи, доколку не се покаат. 23 Нејзините следбеници ќе ги погубам, за да знаат сите цркви дека Јас Сум Тој што ги суди и мислите и срцата[b]. Со секого од вас ќе постапам онака како што заслужува.
24 А вам останатите во Тијатир, кои не го прифаќате ова погрешно учење и не сте се вклучиле во таканаречените „длабоки тајни“, кои всушност се од Сатаната, ви порачувам дека нема да ви наметнувам дополнителни тешкотии. 25 Само додека се вратам држете се цврсто за учењето што го имате.
26 На оние што ќе излезат како победници - оние што докрај ќе Ми бидат послушни, ќе им дадам власт над народите кои одбиваат да Го почитуваат Бога; 27 тие ќе владеат над нив со железна палка и ќе ги кршат како глинени садови, 28 со иста таква власт каква што примив Јас од Мојот небесен Татко. Ќе им ја дадам и ѕвездата Деница[c].
29 Ако имате слух, послушајте го тоа што Божјиот Дух им го порачува на црквите!“
Исцелување на долгогодишен инвалид
5 По овие случки, по повод еден еврејски празник, Исус се врати во Ерусалим. 2 А во Ерусалим, покрај Овчата порта, има една бања со пет тремови, која на хебрејски се вика Бетзата[a]. 3 Под тремовите лежеа многу болни: слепи, сакати и парализирани[b]. 5 Таму имаше еден човек, кој боледуваше веќе триесет и осум години. 6 Исус го виде како лежи и знаејќи дека веќе долго време боледува, му рече: „Сакаш ли да оздравиш?“
7 „Господине“, - Му одговори болниот - „нема кој да ме спушти во бањата кога ќе се разбранува водата. Додека јас да втасам - друг слегува пред мене!“.
8 „Стани, земи си ја постилката и оди си, зашто Јас те исцелив!“ - му рече Исус. 9 Човекот веднаш оздраве, си ја зеде постилката и почна да оди. Но тој ден беше сабота[c], 10 па затоа еврејските верски водачи му рекоа на исцелениот: „Сабота е! Забрането е да ја носиш постилката!“ 11 Тој им одговори: „Човекот што ме исцели, ми рече: ,Земи си ја постилката и оди!‘“
12 „Кој е тој човек што ти го рекол тоа?“ - го прашаа тие.
13 Излекуваниот, пак, не знаеше Кој е тој човек, затоа што Исус се беше повлекол[d] од толпата народ што беше на тоа место.
14 Подоцна, Исус го сретна во храмот и му рече: „Сега оздраве; не греши повеќе, за да не те снајде нешто уште полошо!“ 15 Човекот си замина и им кажа на еврејските верски водачи дека Оној што го исцели е Исус.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest