Book of Common Prayer
Осветлувањето во градот
22 Во градот не видов храм. Семоќниот Господ Бог и Јагнето беа храм. 23 На градот не му беа потребни ни Сонце ни Месечина за да го расветлуваат, зашто Божјата слава го осветлуваше и Јагнето му беше Светилка.
24 Народите ќе одат по неговата светлина, а земните цареви ќе ја предадат тука својата слава. 25 Портите на градот ќе бидат постојано отворени, зашто таму секогаш е ден, и ноќи нема да има. 26 Сите народи ќе ги донесат славата и почестите во градот. 27 Тие што се недостојни[a], немаат пристап таму: ќе нема погани умови и лажговци. Во градот ќе живеат само оние чии имиња се запишани во Книгата на животот, составена од Јагнето.
14 А фарисеите излегоа и почнаа да подготвуваат заговор да Го убијат Исуса.
Карактерот на Божјиот Избраник
(Мк. 3:7; Евр. 4:13; Ис. 42:1-4) 15 Кога дозна за тоа, Исус си замина оттаму, следен од толпа народ. Тој ги исцелуваше сите болни меѓу нив, 16 но не им дозволуваше да шират гласови за Него. 17 Со тоа се исполнуваше она што го навести Бог преку пророкот Исаија:
18 „Еве Го Мојот избран слуга, Мојот Љубимец,
задоволството на Мојата душа!
Нему ќе Му го дадам Мојот Дух,
Тој ќе им ја објави Мојата правда на народите.
19 Нема да се расправа, ниту пак ќе вика -
гласот нема да му одекнува по улиците.
20 Нема да дотолчува ранета душа, што е како скршена трска,
нема да ја угасне и најмалата надеж,
макар таа да е како фитил што тлее,
се додека правдата не победи.
21 А сите народи ќе ја положат својата надеж
во Неговото име[a].“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest