M’Cheyne Bible Reading Plan
Писмо до
Евреите
Христос е конечниот и врвниот Божји пратеник
1 Во минатото Бог преку пророците им говореше на нашите предци по многу поводи и на многу начини. 2 Сега, во овие последни денови, Тој ни проговори преку Својот Син - Исус Христос. Преку Него Бог го создаде светот и Него го определи за наследник на се. 3 Тој го одразува сиот сјај на Божјата слава и точно покажува каков е Бог. Тој ја одржува вселената со Својот моќен збор. Откако умре за да не исчисти од нашите гревови, Христос седна на небото од десната[a] страна на Величествениот Бог.
Божјиот Син е над ангелите
4 Ова покажува дека Божјиот Син е повозвишен од ангелите, како што е повозвишено и името што Му е дадено, 5 зашто на ниеден ангел Бог не му рекол: „Ти Си Мој Син, денес станав Твој Татко[b]“, и повторно: „Јас ќе Му бидам Татко, а Тој ќе Ми биде Син[c]“.
6 Понатаму, кога Го испрати Својот Првороден Син на светот, Бог рече: „Сите ангели Божји Нему нека Му се поклонат[d].“
7 И додека Бог ангелите ги нарекува: „Гласници брзи како ветер, слуги од огнен пламен[e]“, 8 напротив, за Својот Син вели:
„Ти Си Бог и вечно ќе владееш како Цар!
Твојата царска моќ воспоставува правда.
9 Ти ја сакаш правдата, а го мразиш беззаконието, и затоа
Јас, Твојот Бог, Те избрав[f] Тебе
и ти определив поголема радост
отколку на Твоите придружници[g].“
10 А кажано е и следново:
„Господе, Ти беше Тој што во почетокот ја создаде Земјата, а и небесата се дело на твоите раце. 11 Тие ќе пропаднат, ќе изветват како стара облека, а Ти ќе останеш. 12 Ќе ги свиткаш како старо палто, ќе избледат како стара облека. А Ти си секогаш ист, Ти никогаш нема да станеш стар[h].“
13 На ниеден ангел Бог не му рекол така како што Му рече на Својот Син:
„Седни од Мојата десна страна,
додека да ги соборам[i] Твоите непријатели под нозете Твои!“
14 Ангелите се само слуги. Тие се духовни суштества кои Бог ги испраќа да им помагаат[j] на оние што ќе го примат спасението.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest