Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

Daily Reading for Personal Growth, 40 Days with God

40 daily Scripture readings that illustrate the character of God and the nature of faith.
Duration: 40 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Лука 11:29-36

Предупредување против неверието

(Матеј 12:38-42) 29 Сe повеќе народ се собираше, и Исус почна да говори: „Оваа генерација е расипана генерација! Тие бараат чудотворен знак, но ним нема да им биде даден никаков друг знак, освен знакот на пророкот Јона: 30 како што Јона им беше знак на Ниневијците, така и Јас, Синот Човечки, ќе и бидам знак на оваа генерација. 31 Ќе стане и кралицата од Шеба[a] на Судниот ден и ќе ја осуди оваа генерација, зашто таа дојде од далечна земја, за да ја чуе мудроста на Соломон, а еве, пред вас стои Оној што е многу поголем од Соломон! 32 На Судниот ден, жителите на градот Нинева ќе станат и ќе ја осудат оваа генерација, зашто во тоа време тие се покајаа преку проповедањето на Јона. Ве уверувам дека пред вас стои Некој што е многу поголем од Јона, а вие одбивате да се покаете!“

Внатрешна светлина

(Матеј 5:15; 6:22-23) 33 „Никој не пали свеќа за да ја скрие или стави под капак, туку ја става на свеќник, за да им свети на луѓето кои влегуваат. 34 Вашите очи се светилка за телото. Здравото и бистро око ја пропушта светлината во целото тело и тоа ќе ви биде осветлено. Лошото око не ја пропушта светлината и целото тело ќе ви потоне во мрак. 35 Затоа, внимавајте светлината што е во вас да не стане темнина! 36 Ако си целосно исполнет со светлина, без ниеден темен дел, тогаш и насекаде околу тебе ќе зрачи светлина, како кога светилка те осветлува со своите зраци.“

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest