Read the New Testament in 24 Weeks
Опасностите во последните денови
3 Треба да знаеш дека во последните денови ќе настапат многу тешки времиња. 2 Луѓето ќе станат себични, алчни за пари, самољубиви и горделиви. Ќе навредуваат, ќе бидат непослушни спрема родителите, ќе бидат неблагодарни и без светост. 3 Ќе немаат љубов, ни желба да си простуваат; ќе се клеветат еден со друг, ќе немаат самоконтрола, ќе бидат свирепи и ќе му се противат на се што е добро. 4 Ќе станат предавници, безобѕирни и вообразени. Наместо да Го сакаат Бог, на прво место ќе сакаат да уживаат во своите страсти. 5 Навидум ќе изгледаат побожни, но тие ќе ја одбиваат силата што може да ги направи навистина побожни. Држете се понастрана од таквите луѓе!
6 Има меѓу нив и такви што влегуваат по домовите и ги придобиваат[a] оние жени што се робови на гревот и што се раководат од необуздани страсти. 7 Таквите жени постојано се подготвени да слушнат нешто ново, а никако да ја сфатат вистината. 8 Тие луѓе и се противставуваат на вистината онака како што Јанис и Јамврис му се противставија на Мојсеј. Тоа се луѓе со изопачен ум, нивната вера е лажна. 9 Нема далеку да стигнат! Набргу нивното безумие ќе им стане јасно на сите, исто како што се случи и со Јанис и Јамврис.
Упатства до Тимотеј
10 Тимотеј, внимателно слушаше што те поучував и гледаше како живеев. Знаеш што сакам да постигнам и во што верувам. Виде колку сум трпелив и колку ги сакам луѓето. Виде колку можам да истраам. 11 Виде какви прогонства и страдања истрпев во градовите Антиохија, Иконија и Листра. Низ какви се прогони поминав и од сите нив Господ ме избави! 12 Сите што сакаат да живеат побожно и да бидат на страната на Исус Христос ќе бидат прогонувани, 13 а злите луѓе и измамниците ќе стануваат се полоши и полоши. Ќе заведуваат и ќе бидат заведувани.
14 Туку ти остани му верен на она што го научи и со непоколеблива вера го прифати, зашто знаеш кој те учеше. 15 Уште од мал ги познаваш Светите писма, а тие можат да ти дадат мудрост за да го согледаш патот кон спасението, преку вера во Исус Христос. 16 Целото[b] Свето Писмо е од Бога вдахновено. Се што пишува во него може да ни користи за да се поучиме, да ни помогне да се поправиме и да ни покаже како праведно да живееме. 17 Светото Писмо совршено го подготвува секој Божји човек да умее да прави добри дела од секаков вид.
Проповедај правилно и ревносно
4 Кога Исус Христос ќе дојде да го воспостави Своето царство, Тој ќе им суди на сите - и на живите и на мртвите. Затоа, имајќи ги Бог и Исус Христос за сведоци, со заклетва те задолжувам 2 да ја проповедаш Божјата порака! Прави го тоа ревносно, без оглед на тоа дали моментот е погоден или не. Исправај ги луѓето и укорувај ги за нивните гревови. Трпеливо поучувај ги и охрабрувај ги.
3 Ќе дојде време кога луѓето нема да го слушаат правилното учење. Напротив, за да си најдат оправдување за своите грешни страсти, ќе си повикаат многубројни учители што ќе им го кажуваат она што сакаат да го слушнат. 4 Ќе престанат да ја слушаат вистината и ќе се свртат кон бесмислени митови.
5 Ти, меѓутоа, биди трезвен во секоја ситуација. Издржи ги неправдите. Како проповедник на Радосната вест, изврши ја својата задача докрај.
6 На мојот живот му се гледа крајот. Дојде време да заминам кај Господ. 7 Храбро се борев, ја завршив трката и останав верен. 8 Затоа, за мене е веќе обезбеден венецот на праведноста што Господ ќе ми го даде. Тој суди праведно и во Оној Ден[c] ќе ми даде венец, и мене, и на сите што со нетрпение го чекаат Неговото повторно доаѓање.
За некои лични работи
9 Потруди се да дојдеш кај мене колку што можеш побргу. 10 Димас толку многу ги сака световните работи, што ме напушти и замина за Солун. Криск замина за Галатија, а Тит за Далмација. 11 Само Лука остана со мене.
Доведи го и Марко. Тој ќе ми биде од голема полза во службата.
12 Тихик го пратив во Ефес.
13 Кога ќе дојдеш, донеси ми го и палтото што го оставив во Троада, кај Карп. Донеси ми ги и книгите, а особено пергаментните свитоци.
14 Ковачот Александар ми нанесе многу зло, но Господ ќе му плати за неговите постапки. 15 Чувај се од него! Многу се противи на она што го проповедаме.
16 Кога првпат ме изведоа на суд, никој не дојде да ми биде поткрепа. Сите ме напуштија. Од мене, простено нека им е. 17 Сепак, Господ беше со мене. Ми даде сила да ја проповедам Неговата порака во целата нејзина полнота, па сите народи што не Го познаваат Бог да можат да ја слушнат. Господ ме спаси од сигурната смрт што ме чекаше, ако ме фрлеа кај лавовите[d]. 18 Да, Господ ќе ме чува од секакво зло и безбедно ќе ме доведе во Своето небесно царство. Слава нека Му е за вечни времиња! Амин!
Завршни поздрави
19 Поздрави ги Приска и Акила, како и семејството на Онисифор.
20 Ераст остана во Коринт, а Трофим беше болен и остана во Милет[e].
21 Потруди се да дојдеш пред зимата.
Те поздравуваат Евбул, Пуденс, Линус, Клаудија и сите други христијани.
22 Господ нека биде духовно со тебе[f] и спрема сите вас нека биде благонаклонет.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest