Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

New Testament in a Year

Read the New Testament from start to finish, from Matthew to Revelation.
Duration: 365 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
1 Коринќаните 15:1-28

Суштината на Радосната вест

15 Драги пријатели христијани! Сакам да ве потсетам на Радосната вест што ви ја проповедав, која вие ја прифативте и која ви стана основа на верата. Таа Радосна вест што јас ви ја проповедав ќе ви донесе спасение, доколку цврсто се држите до неа, освен ако немате празна или лажна вера.

Јас најпрвин ви ја пренесов најважната порака, онака како што и мене ми беше пренесена: Христос умре за нашите гревови, согласно со предвестувањето запишано во Светото Писмо; беше погребан и воскресна на третиот ден, согласно со предвестувањето запишано во Светото Писмо. Воскреснатиот Христос му се јави на Петар[a] и на дванаесетте апостоли, а подоцна и на повеќе од петстотини Негови следбеници[b] заедно, од кои повеќето се уште се живи, иако некои веќе починаа. Потоа му се јави на Јаков, а на крајот повторно на сите апостоли. Најпосле, по извесно време, ми се јави и мене, како на духовно недоносче. Јас се сметам за најмал меѓу апостолите. Не заслужувам дури ни да се наречам апостол, бидејќи јас ја прогонував Божјата Црква.

10 Но, Бог ми беше милостиво благонаклонет, па станав тоа што сум и ја оправдав Неговата благонаклоност спрема мене. Работев најмногу од сите апостоли, иако за тоа не сум заслужен јас, туку Божјата благонаклоност спрема мене. 11 Сепак, не е важно дали проповедам јас или некој од другите апостоли. Важно е тоа што го проповедаме, и тоа што вие поверувавте.

За воскресението на мртвите

12 Ако е јасно посведочено дека Христос воскресна од мртвите, како тоа некои од вас велат дека мртвите нема да воскреснат? 13 Ако е невозможно мртвите да воскреснуваат, тогаш ни Христос не воскреснал! 14 А ако Христос не воскреснал, тогаш се без основа и нашето проповедање и вашата вера! 15 Зашто, би испаднало дека тоа што ние го кажуваме за Бог е лага, бидејќи ние сме сведоци дека Бог Го воскресна Христос; а ако е невозможно мртвите да воскреснуваат, тогаш значи Бог не Го воскреснал Христос! 16 Ако е невозможно мртвите да бидат воскреснати, произлегува дека ни Христос не бил воскреснат. 17 Ако Христос не бил воскреснат, тогаш вашата вера е безвредна - вие сте и понатаму под осуда на вашите гревови! 18 Тоа би значело дека и луѓето што починаа со вера во Христос се неповратно загинати! 19 Ако ние се надеваме на Христос само за овој живот, тогаш ние сме најмизерни од сите луѓе на светот!

20 Но Христос воскресна од мртвите! Тој стана прв плод од големата жетва на сите што ќе бидат воскреснати од мртвите.

21 Како што смртта дојде на овој свет преку еден човек, Адам, така преку еден човек дојде и воскресението на мртвите, имено, преку Христос. 22 Како што сите умираме поради нашата поврзаност со Адам, така сите што се поврзани со Христос повторно ќе оживеат[c], 23 но според утврдениот ред. Прво воскресна Христос, а потоа, кога Тој ќе се врати, ќе воскреснат и Христовите следбеници. 24 Потем ќе дојде крајот. Христос ќе ги уништи сите зли владетели, власти и сили и ќе Му го предаде царувањето на Таткото Бог. 25 Зашто Христос ќе владее се додека не ги собори и згази сите Свои непријатели. 26 Последниот непријател што ќе биде уништен ќе биде смртта. 27 Кога Светото Писмо вели: „Се ќе покори под Своите стапала,“ јасно е дека тоа не Го вклучува Бога, зашто Бог е Тој што ќе покори се и ќе Му го потчини на Христос. 28 Кога се ќе биде под власта на Божјиот Син, тогаш Самиот Тој ќе Му се потчини на Бог, Кој претходно Нему Му потчини се. Така Бог целосно ќе владее над се.

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest