Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

New Testament in a Year

Read the New Testament from start to finish, from Matthew to Revelation.
Duration: 365 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Јован 1:1-28

Евангелието според

Јован

Вечниот Збор

- Христос Уште на почетокот постоеше Зборот. Зборот беше со Бог и Зборот беше Бог. Од самиот почеток, Зборот беше со Бог.

Се што постои беше создадено преку Зборот. Не постои ништо создадено, кое не беше создадено преку Зборот! И самиот живот беше во Зборот, и Тој живот им дава светлина на луѓето. Оваа Светлина свети во темнината, и темнината никогаш не може да ја изгаси.

Се појави еден човек, по име Јован Крстител, кој беше испратен од Бог. Тој дојде како сведок, за да им каже на сите за Светлината и да ги упати луѓето во верата. Јован не беше Светлината; тој беше само сведок за Светлината. Вистинската Светлина, која го осветлува секој човек, стапуваше на светската сцена.

10 Иако Зборот беше во светот и светот беше преку Него создаден, светот не Го позна. 11 Кај Своите дојде, но тие не Го прифатија. 12 А на сите што Го прифатија - на оние што поверуваа во Него[a] - им даде право да станат Божји чеда. 13 Тие се нановородени, но овојпат не физички, не од телесна похота, или пак од волјата на маж, туку се родени од Бог.

14 Зборот стана човек и живееше меѓу нас. Ние ја видовме Неговата слава - славата што Тој ја прими како Единороден Син од небесниот Татко. Тој беше полн со љубов и искреност.[b]

15 Јован посведочуваше за Него и викаше, велејќи: „Ова е Оној за Кого реков: ,По мене доаѓа еден Човек, Кој е поголем од мене, зашто Тој постоеше уште пред да се родам јас!‘“ 16 Од Неговата полнота сите ние примивме благослов врз благослов, 17 зашто Законот беше даден преку Мојсеј, а Исус Христос ни ги донесе љубовта и вистината[c]. 18 Никој, никогаш не Го видел Бога; но имаме објава за Него, преку Единородниот Син - Кој е Бог, и Кој произлегува[d] од Таткото.

Пораката на Јован Крстител

(Матеј 3:1-12; Марко 1:1-8; Лука 3:1-18) 19 Кога еврејските верски водачи од Ерусалим испратија кај Јован Крстител свештеници и левити за да го прашаат: „Кој си ти?“ - Јован им кажа отворено, 20 тој призна и не порекна, туку им рече: „Јас не сум Месијата[e]!“

21 „Тогаш, кој си?“ - го запрашаа тие пак - „Илија[f] ли си?“ „Не сум!“ - им одговори Јован. „Пророкот[g] ли си?“ „Не сум!“ - одговори тој.

22 „Кажи ни кој си, зашто мораме да им однесеме одговор на оние што не пратија!“ - му рекоа тогаш тие. „Кажи, како се претставуваш себеси?“

23 Јован им одговори цитирајќи го пророкот Исаија:

„Јас сум глас што вика во пустината:

подгответе го патот за Господ[h]!“

24 Некои од испратените беа припадници на фарисеите[i]. 25 Тие го запрашаа: „Зошто тогаш крштаваш, ако не си ни Месијата, ни Илија, ниту Пророкот?“ 26 Јован им одговори: „Јас крштавам во[j] вода, а меѓу вас има Еден, Кого вие не Го познавате. 27 Иако јас дојдов пред Него, сепак не сум достоен ни сандалите да Му ги одврзам!“ 28 Ова се случи во селото Бетанија, од источната страна на реката Јордан, каде што Јован крштаваше.

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest