Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

New Testament in a Year

Read the New Testament from start to finish, from Matthew to Revelation.
Duration: 365 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Лука 1:57-80

Раѓањето на Јован Крстител

57 Дојде време Елисавета да се породи и таа роди син. 58 Кога нејзините соседи и роднини видоа дека Господ покажа кон неа голема благонаклоност, заедно со неа се радуваа и тие.

59 На осмиот ден по раѓањето го донесоа детето да го обрежат[a] и сакаа да му дадат име Захарија, според името на татко му. 60 Но мајка му рече: „Не, туку ќе се вика Јован[b]!“ 61 Тие и велеа: „Па никој од твоите роднини не се вика така!“ 62 Потоа преку знаци го прашаа таткото, како сака да се вика детето. 63 Захарија побара една плоча за пишување и напиша: „Ќе се вика Јован!“ Сите беа изненадени. 64 Во истиот миг, му се врати говорот на Захарија и тој почна да Го слави Бога. 65 По ова страв завладеа меѓу луѓето во тој крај, а за овие случки се расправаше по сиот планински предел на Јудеја. 66 Сите што ќе слушнеа за ова размислуваа и се прашуваа: „Што ли ќе биде од ова дете!?“, зашто беше очигледно дека со него беше силата Господова.

Песната и пророштвото на Захарија

67 Тогаш Захарија, таткото на Јован (Крстител), се исполни со Свет Дух и го изрече ова пророштво:

68 Слава нека Му е на Господ,

Израеловиот Бог,

Кој му дојде на помош

на Својот народ и го избави!

69 Тој ни подигна моќен Избавител

од потомците на Својот слуга Давид.

70 Како што одамна ни беше ветил,

преку устите на Своите пророци,

71 дека ќе нe спаси од нашите непријатели

и од рацете на оние што нe мразат,

72 дека ќе им се смилува на нашите предци

и ќе Си спомне за Својот свет Завет.

73 Тој со заклетва му вети

на нашиот прататко Авраам

74 дека ќе нe избави од нашите непријатели

и ќе ни овозможи да Му служиме на Бога без страв,

75 за да бидеме свети и праведни пред Него

во текот на целиот наш живот.

76 А ти, сине мој, ќе бидеш наречен

пророк на Севишниот.

Ќе Му бидеш претходница на Господ

и ќе Му го подготвиш патот,

77 објаснувајќи им го на луѓето спасението

што доаѓа преку простување на гревовите,

78 благодарение на милосрдното срце

на нашиот Бог, преку Кој

ќе нe огрее Сонце од небото,

79 Кое ќе ги осветли сите

што живеат во мракот на смртната сенка,

и ќе ни ги насочи чекорите кон патот на мирот!“

80 Детето растеше и се развиваше духовно. Живееше во пустината сe до денот кога ја започна својата јавна мисија меѓу Израелците.

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest