Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

New Testament in a Year

Read the New Testament from start to finish, from Matthew to Revelation.
Duration: 365 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Марко 12:28-44

Најважната заповед

(Мт. 22:34-40; Лк. 10:25-28) 28 Тогаш кај Исус дојде еден вероучител, кој ја слушаше претходната расправа. Согледувајќи дека Исус добро им одговори на садукеите, Го праша: „Која е најважната заповед во Божјиот Закон?“

29 Првата најважна заповед гласи: ,Слушајте Израелци: Вие имате само еден Господ и Бог! 30 Сакајте Го Господ, вашиот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сиот свој разум и со сета своја снага[a]!‘

31 Втората заповед е слична на првата, и гласи: ,Сакај го својот ближен како самиот себе!‘ Други заповеди, поважни од овие, нема.

32 Вероучителот рече: „Добро, Учителе. Право кажа дека има само еден Бог. 33 Да се сака Бог со сето срце, разум и снага и да се сака ближниот како самиот себе е повредно од секаков вид жртва!“

34 Кога Исус виде дека човекот даде умен одговор, му рече: „Не си далеку од Божјото царство!“

По ова, на Исус никој повеќе не се осмели да му поставува прашања.

Идентитетот на Месијата

(Мт. 22:41-46; Лк. 20:41-44) 35 Подоцна, додека поучуваше во храмот, Исус рече: „Како можат вероучителите да тврдат дека Месијата му е син[b] на Давид, 36 кога самиот Давид, поттикнат од Светиот Дух, рекол:

,Му рече Јахве[c] на мојот Господ:

- Седни од Мојата десна страна,

додека не ги соборам Твоите непријатели

под нозете Твои!‘

37 Ако самиот Давид Го нарекол Месијата свој Господ, како тогаш Месијата може да му биде син!?“

Многубројниот народ со одушевување го слушаше учењето на Исус.

Исус ги критикува верските водачи

(Мт. 23:1-36; Лк. 20:45-47) 38 Продолжувајќи да поучува, Исус рече: „Пазете се од вероучителите! Тие уживаат да се шетаат во долги мантии и да бидат поздравувани на јавните места. 39 Ги сакаат челните места во храмовите[d] и почесните места на гозбите. 40 Тие им го изедуваат имотот на вдовиците, а божем се молат со долги молитви! Тие ќе бидат најстрого судени!“

Прилогот на една вдовица

(Лк. 21:1-4) 41 Исус седна во храмот спроти ковчежето за доброволни прилози и ги набљудуваше луѓето како пуштаат пари во него. Забележа дека голем број богати луѓе ставаа големи суми пари. 42 Дојде и една сиромашна вдовица и пушти две парички[e]. 43 Исус ги повика Своите ученици и им рече: „Ве уверувам дека оваа сиромашна вдовица даде повеќе од сите други! 44 Зашто, сите други дадоа од својот вишок, а таа даде од својата немаштија; даде сe што имаше, целата своја издршка.“

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest