New Testament in a Year
Споредба со наемни работници
20 „Небесното царство може да се опише со ваква споредба: Еден домаќин излезе рано наутро да повика наемни работници за своето лозје. 2 Се погоди со нив да им плати по една надница и ги испрати на лозјето. 3 Околу девет[a] часот наутро, тој повторно отиде на пазарот и виде и други луѓе кои чекаа за работа, 4 па им рече: ,Одете и вие на моето лозје, а јас ќе ви платам колку што ви следува.‘ И тие отидоа. 5 Потоа го направи истото околу дванаесет[b] часот, и уште еднаш околу петнаесет часот. 6 Кога излезе околу седумнаесет[c] часот, виде и други луѓе како стојат, па им се обрати: ,Зошто безделничите овде цел ден?‘ 7 ,Никој не ни понуди работа‘ - му одговорија тие. Тогаш и ним им рече: ,Одете и вие на моето лозје!‘ 8 Кога се стемни, господарот му рече на својот надзорник: ,Повикај ги работниците и исплати им по една надница на сите, почнувајќи од последните, па до првите.‘ 9 И така, оние што дојдоа на нивата во седумнаесет часот добија по една надница. 10 Кога дојдоа на ред првите мислеа дека ќе добијат повеќе, но и тие добија по една надница. 11 Штом ги примија парите, тие почнаа да мрморат против господарот, велејќи: 12 ,Овие последниве работеа само еден час, а ти ги израмни со нас, кои се мачевме цел ден на жегата!‘ 13 Обраќајќи му се на еден од нив, тој му рече: ,Пријателе, јас тебе не те оштетив. Зар не се погодивме за надницата? 14 Земи си ја и оди си! А јас сакам да му платам на последниот колку и тебе; 15 зар немам право да правам што сакам со своите пари? Или, пак, окото ти е завидливо затоа што сум дарежлив!?‘“
16 И така, тие што сега се последни, тогаш ќе бидат први, а тие што сега се први, тогаш ќе бидат последни“ - заклучи Исус.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest