Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

New Testament in a Year

Read the New Testament from start to finish, from Matthew to Revelation.
Duration: 365 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Матеј 12:1-23

Фарисеите приговараат за саботата

(Мк. 3:1-6; Лк. 6:6-11) 12 Набргу потоа, во еден саботен ден, Исус минуваше преку нивите насадени со пченка. Неговите ученици беа гладни и почнаа да кинат клавчиња и да јадат. Кога го забележаа тоа фарисеите, Му рекоа на Исус: „Гледај, Твоите ученици го прават тоа што не е дозволено да се прави во сабота!“ А Исус им одговори: „Зар не сте читале што направија Давид и неговите луѓе кога огладнеа? Тогаш тој влезе во Божјиот Дом и тој и неговите луѓе јадеа од посветениот[a] леб од кој никој не смееше да јаде, со исклучок на свештениците? Или, пак, зар не сте читале во Мојсеевиот Закон[b] дека и самите свештеници кои се на должност во храмот во саботните денови, работат, значи ја прекршуваат саботата, па сепак не ги сметате за виновни? Но Јас ви велам: пред вас е Оној што е поголем од храмот! Да бевте разбрале што значат Божјите зборови:

,Од вас сакам да покажувате милост,

а не да Ми принесувате жртви[c]‘,

немаше да ги осудувате овие невини луѓе.

Зашто Јас, Синот Човечки, сум Господар и на саботата.“

Исус исцелува во сабота

(Мк. 3:1-6; Лк. 6:6-11) Заминувајќи си оттаму, Исус влезе во нивната синагога[d], 10 каде што виде и еден човек со парализирана рака. Со намера да Го обвинат, фарисеите Го прашаа Исуса: „Смее ли да се исцелува во сабота?“ 11 А Тој им одговори: „ Ако некој од вас има само една овца и таа му падне в јама во саботен ден, нема ли да посегне и да ја извади? 12 А колку поскапоцен од овца е човекот! Според тоа, да се прави добро во сабота е во целосна согласност со Божјиот Закон.“ 13 Тогаш му се обрати на човекот: „Испружи си ја раката!“ Тој ја испружи заболената рака и таа му стана здрава како и другата. 14 А фарисеите излегоа и почнаа да подготвуваат заговор да Го убијат Исуса.

Карактерот на Божјиот Избраник

(Мк. 3:7; Евр. 4:13; Ис. 42:1-4) 15 Кога дозна за тоа, Исус си замина оттаму, следен од толпа народ. Тој ги исцелуваше сите болни меѓу нив, 16 но не им дозволуваше да шират гласови за Него. 17 Со тоа се исполнуваше она што го навести Бог преку пророкот Исаија:

18 „Еве Го Мојот избран слуга, Мојот Љубимец,

задоволството на Мојата душа!

Нему ќе Му го дадам Мојот Дух,

Тој ќе им ја објави Мојата правда на народите.

19 Нема да се расправа, ниту пак ќе вика -

гласот нема да му одекнува по улиците.

20 Нема да дотолчува ранета душа, што е како скршена трска,

нема да ја угасне и најмалата надеж,

макар таа да е како фитил што тлее,

се додека правдата не победи.

21 А сите народи ќе ја положат својата надеж

во Неговото име[e].“

Исуса Го обвинуваат дека е Ѓавол

(Мк. 3:20-30; Лк. 11:14-23; 12:10) 22 Тогаш доведоа кај Исус еден слеп и нем човек, кој беше обземен од демонски духови, и Тој го исцели, така што немиот прозборува и прогледа. 23 Целиот народ беше вчудовиден и се прашуваше: „Да не е овој Месијата, Синот Давидов[f]?“

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest