Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

New Testament in a Year

Read the New Testament from start to finish, from Matthew to Revelation.
Duration: 365 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Матеј 9:18-38

Исус воскреснува и исцелува

18 Додека Исус говореше, еден еврејски началник на синагогата дојде кај Него, клекна на колена и Му рече: „Тукушто ми умре ќерката; дојди и положи ја Својата рака врз неа и таа ќе се поврати во живот!“ 19 Исус стана и тргна по него, заедно со Своите ученици.

20 А една жена, која дванаесет години боледувала од незапирливо крвавење, Му се приближи на Исуса одзади и допре едно крајче од Неговата облека, 21 бидејќи во себе си велеше: „Само да ја допрам Неговата облека и ќе оздравам!“ 22 Исус се сврте, ја погледна и и рече: „Не плаши се, ќерко, ти оздраве врз основа на твојата вера.“ Во истиот миг, жената оздраве.

23 Потоа, Исус пристигна во куќата на началникот. Кога ги виде погребните музичари и избезумените луѓе, 24 им рече: „Тргнете се, зашто девојката не е мртва, туку спие!“ А тие Му се подбиваа. 25 Кога луѓето излегоа надвор, Исус влезе, ја фати девојката за рака и таа стана. 26 За ова чудо се разгласи по целиот крај.

Исус исцелува двајца слепи

(Мт. 15:22; 20:30; Мк. 10:47; Лк. 18:38) 27 Кога Исус си заминуваше оттаму, по Него идеа двајца слепи, викајќи на сиот глас: „Смилувај ни се, сине Давидов!“ 28 Кога влезе во куќата, двајцата слепи Му пристапија, а Исус ги запраша: „Верувате ли дека можам да ве излекувам и да прогледате?“ Тие Му одговорија: „Да, Господе!“ 29 Тогаш Тој им ги допре очите и им рече: „Нека ви биде според вашата вера!“ 30 И тие наеднаш прогледаа. А Исус најстрого им забрани никому да не му кажуваат за ова. 31 Но кога тие си заминаа раширија глас за Него по целиот крај.

Исус исцелува нем човек

(Лк. 11:14-15) 32 Додека тие си заминуваа, на Исус Му донесоа еден нем човек, кој беше обземен од демонски дух. 33 Штом Исус го ослободи од демонскиот дух, човекот проговори; сите се чудеа и зборуваа: „Вакво нешто досега не сме виделе во Израел!“ 34 А фарисеите[a], пак, велеа: „Тој изгонува демони затоа што поглаварот на демоните е во Него!“

Христовата сочувствителност спрема загубениот народ

35 Исус одеше по сите градови и села и поучуваше по синагогите, ја проповедаше Радосната вест за Божјото царство и исцелуваше луѓе со секакви болести и заболувања. 36 Гледајќи го народот, душата му беше полна со сочувство, бидејќи луѓето беа збунети и беспомошни како овци без пастир. 37 Тогаш им рече на Своите ученици: „Жетвата е голема, а жетвари има малку. 38 Молете Го Господ во Чија надлежност е жетвата, да испрати повеќе жетвари да ја соберат жетвата од Неговата нива.“

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest