Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

M’Cheyne Bible Reading Plan

The classic M'Cheyne plan--read the Old Testament, New Testament, and Psalms or Gospels every day.
Duration: 365 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: 1Chr for the version: Macedonian New Testament
1 Петар 3

За сопругите

Вие, мажените жени, треба да им се покорувате[a] на своите сопрузи, дури и ако тие не се однесуваат во согласност со Божјото Слово. Вашето поведение зборува посилно од зборови. Ќе ги придобиете преку вашето непорочно и побожно поведение.

Вашата убавина да не биде само надворешна. Нека не се сведува на дотерување на косата, на накит и скапи облеки. Треба да зрачите со внатрешна убавина, со кроток и тивок дух, со нераспадлив накит, со она што е скапоцено пред Бог.

Така во минатото се украсуваа светите жени. Имајќи вера во Бог, тие им се покоруваа на своите сопрузи. Така Сара му се покоруваше на Авраам, нарекувајќи го свој господар. Вие сте сега нејзини ќерки, и ако го правите тоа што е правилно, од ништо не треба да се плашите.

За сопрузите

Вие, мажите, треба да бидете внимателни спрема своите сопруги. Тие не се толку силни како што сте вие. Почитувајте ги затоа што и тие, заедно со вас, ќе го наследат Божјиот милостив подарок - вечниот живот. Само така вашите молитви нема да бидат попречувани.

За сите христијани

На крајот, како заклучок, сите бидете сложни, сочувствителни еден спрема друг, сакајте се, бидете љубезни и понизни. Не враќајте зло за зло, ниту навреда за навреда. Напротив, дури и во такви ситуации бидете љубезни со луѓето и посакувајте им благослов. Токму заради тоа Бог и ве одбра и тоа е она што Тој го очекува од вас. Така ќе го добиете Неговиот благослов.

10 „Човек што си го сака животот

и сака да доживее многубројни и среќни дни,

нека си го варди јазикот од зла дума

и усните од лага.

11 Од злото настрана нека се држи

добро нека прави,

кон мир нека се стреми

и за мир нека работи.

12 А Господ бдее над праведниците

и благонаклоно им ги слуша молитвите,

додека спрема оние што вршат зло

Господ го упатува Својот прекорен поглед[b].“

Кога страдате неправедно

13 Ако ревносно правите добро, кој ќе ви напакости? 14 Па дури и ако страдате, борејќи се за правдата, Господ ќе ве награди. Затоа, немојте да се плашите од нивните закани, не губете си го спокојството. 15 Почитувајте Го Христос од се срце, како свој Господ. Бидете секогаш подготвени да му одговорите на секој што ќе ве праша за вашата христијанска вера[c]. 16 Одговарајте им на луѓето кротко и со страхопочит. Вашата совест треба да биде чиста. Тогаш оние што зборуваат против вас ќе бидат посрамени од вашето добро поведение, какво што и му прилега на еден следбеник на Христос. 17 Па ако Бог допушти и да страдате, подобро е да страдате поради тоа што вршите добро, отколку да страдате поради зли дела.

18 Па и Христос пострада,

кога умре за нашите гревови, еднаш засекогаш.

Тој беше безгрешен, но умре за нас грешните,

за да не врати кај Бог.

Телесно беше убиен, но преку Светиот Дух оживеа[d].

19 Тој отиде да им проповеда на духовите што лежат в затвор, 20 на оние што долго време во минатото беа непокорни, а Бог трпеливо ги чекаше, на оние што изгинаа во времето на Ное. Тогаш беше направен ковчегот во кој само неколкумина, односно осум души, се спасија од смрт преку водата.

21 Таа симболика го претставува крштавањето со кое сега сте спасени. Крштавањето не е отстранување на нечистотијата од телото, туку завет пред Бог што се дава со чиста совест. Тоа е сега можно затоа што Исус Христос воскресна.

22 Сега Христос е на небото и седи на почесно место - од десната[e] страна на Бог. Сите ангели, власти и сили се под Негова контрола.

Error: Book name not found: Mic for the version: Macedonian New Testament
Лука 10

Исус испраќа во мисија седумдесет Свои ученици

10 По ова, Господ избра други седумдесет[a] ученици и ги испрати двајца по двајца, како Своја претходница, во секој град и место каде што планираше да оди. Им рече: „Има голема жетва за собирање, а работници има малку. Затоа, молете Го Господарот на жетвата да испрати работници на Својата нива. Одете! Ве испраќам како јагниња меѓу волци. Не носете со себе ни ќесе со пари, ни торба, ни обувки! Не застанувајте по пат, дури ни за да се поздравите со некого. При влегувањето во секоја куќа, најпрво благословете со зборовите: ,Мир да има во оваа куќа!‘ Ако во таа куќа живее мирољубив човек, мирот навистина ќе му остане; ако не, повлечете го благословот за мир. Задржете се во истата куќа, јадете и пијте од она што имаат да ви дадат, зашто тој што работи ја заслужува својата плата. Не шетајте од куќа до куќа. Кога ќе влезете во некој град каде што ќе ве примат, јадете од тоа што ќе ви го принесат. Исцелувајте ги болните во тој град и зборувајте му на народот: ,Божјото царство допре и до вас!‘ 10 Кога ќе стигнете во некој град каде што нема да ве примат, излезете на улиците и речете им: 11 ,Ви го истресуваме дури и правот од вашиот град, што ни се прилепил за нозете! Но, да знаете дека Божјото царство се доближи и до вас!‘ 12 Ве уверувам дека на Судниот ден ќе му биде полесно на Содом[b], одошто на тој град!“

Осуда на некои тогашни жители

(Матеј 11:20-24) 13 „Тешко тебе, Коразине! Тешко и тебе Бетцаидо! Да беа во градовите Тир и Сидон направени чудата што беа извршени кај вас, тие одамна ќе се беа покајале, облекувајќи се во покајнички облеки и посипувајќи се со пепел! 14 Но полесно ќе минат Тир и Сидон на Судниот ден одошто вие! 15 А ти, граде Кафарнауме, што се креваш на високо, дури до небото - ќе се струполиш до адот!

16 Исус им рече на Своите ученици: „Оној што вас ве слуша - Мене Ме слуша. Оној што вас ве отфрла - Мене Ме отфрла; а оној што Мене Ме отфрла - Го отфрла Бога, зашто Тој Ме испрати!“

Враќањето на Исусовите ученици

17 Седумдесеттемина[c] се вратија радосни, велејќи: „Господе, преку Твоето име нам ни се покоруваат и демонските духови!“ 18 А Исус им рече: „Видов како падна Сатаната, како молскавица од небото! 19 Ете, ви дадов моќ да газите на змии и скорпии и надмоќ над секоја непријателска сила - ништо да не може да ве повреди. 20 Сепак, не радувајте се што ви се потчинуваат демонските духови, туку радувајте се што вашите имиња се запишани како жители на небото!“

Радоста на Исус

(Матеј 11:25-27; 13:16-17) 21 Во тој миг Исус се исполни со радост, преку Светиот Дух[d], и рече: „Ти благодарам, небесен Татко, Господару на небото и на Земјата, што сето ова им го откри на скромните, а го скри од оние што мудруваат и се потпираат на својот разум. Да, Татко, така сакаше Ти.

22 Мојот небесен Татко Ме има овластено Мене за сe. Никој не знае Кој е Синот, освен Таткото; и никој не знае Кој е Таткото, освен Синот и оние на кои Синот ќе реши да им открие.“ 23 Потоа насамо им рече на учениците: „Благословени се очите што го гледаат ова што го гледате вие! 24 Ви велам: многу пророци и цареви сакаа да го видат ова што го гледате вие, но не го видоа; сакаа да го слушаат тоа што вие го слушате, но немаа можност!“

25 Еден учител на верскиот Закон[e] дојде и искушувајќи Го Исуса, Го праша: „Учителе! Што треба да правам за да стекнам вечен живот?“ 26 Исус, во одговор му рече: „Што вели за тоа Светото Писмо[f]? Што си прочитал во него?“ 27 Човекот одговори: „Сакај Го Господ, својот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сите свои сили и со сиот свој разум“, и „Сакај го својот ближен како себеси[g]“. 28 „Токму така!“ - му одговори Исус. „Прави го тоа и ќе живееш.“

29 Но учителот на Законот сакаше да се оправда, па продолжи да Го прашува Исуса: „А кој е мојот ближен?“ 30 Исус му одговори вака:

Милостивиот Самарјанец

„Еднаш, еден човек, слегувајќи од Ерусалим во Јерихо, беше нападнат од разбојници, кои го ограбија и натепаа, оставајќи го полумртов. 31 Се случи тука да помине еден еврејски свештеник. Тој го забележа човекот, но го заобиколи и си замина. 32 Истото се повтори кога тука помина и еден Левит[h]: тој се доближи до човекот, го виде како лежи и си замина. 33 Потоа намина еден Самарјанец[i], му пријде и кога го виде, му стана жал; 34 па му ги исчисти раните со масло и вино и му ги преврза. Потоа го качи на своето добиче, го однесе до најблиската гостилница и го смести. 35 Утредента, извади два сребреника, му ги даде на гостилничарот и му рече: „Погрижи се за него и ако потрошиш повеќе - ќе ти доплатам кога ќе се вратам!“

36 Потоа, Исус праша: „Што мислиш, кој од овие тројца се покажал како ближен за настраданиот од разбојниците?“ 37 „Оној што бил љубезен спрема него!“ - одговори учителот на Законот. Тогаш Исус му рече: „Оди и ти постапувај така!“

Во домот на Марта и Марија

38 Продолжувајќи го своето патување кон Ерусалим, Исус и Неговите ученици дојдоа во едно село каде што во својот дом ги пречека една жена по име Марта. 39 Таа имаше сестра, по име Марија, која седна до Исусовите нозе за да Ги слуша Неговите поуки. 40 Марта, пак, беше презафатена со послужување, па Му пријде на Исус и Му рече: „Господе, зар не Ти е жал што сестра ми ме остави да ја вршам целата работа сама!? Кажи и да дојде да ми помага!“ 41 А Господ и рече: „Марто, Марто! Прекумерно се грижиш и тревожиш за многу нешта, 42 а само едно е потребно! Марија го одбра најдоброто - она што ќе и остане трајно!“

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest