Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

M’Cheyne Bible Reading Plan

The classic M'Cheyne plan--read the Old Testament, New Testament, and Psalms or Gospels every day.
Duration: 365 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: Judg for the version: Macedonian New Testament
Дела Ап 10

Крштавање на римскиот офицер Корнелиј

10 Во градот Цезареја имаше еден римски офицер по име Корнелиј. Тој беше командир[a] на Италијанскиот полк. Беше побожен човек и имаше страхопочит спрема Бог, заедно со сите што живееја во неговиот дом[b]. Делеше многу милостина и постојано Му се молеше на Бог. Еден ден, околу три часот попладне имаше видение: еден Божји ангел дојде кај него и му рече: „Корнелиј!“

Ѕурејќи исплашено во него, Корнелиј одговори: „Молам, господине?“

Ангелот му рече: „Бог ги слушна твоите молитви, а и милостината што ја даваш, не остана незабележана. Испрати сега неколку луѓе во Јопа да го доведат човекот по име Симон, кого уште го викаат и Петар! Тој престојува кај кожарот Симон, чија куќа е крај морето.“

Кажувајќи му го ова, ангелот си замина. Корнелиј викна двајца слуги и еден од своите потчинети војници, кој исто така беше побожен човек. Им објасни што се случи и ги испрати во Јопа.

Петар доаѓа кај Корнелиј

Утредента, околу пладне, додека гласниците на Корнелиј патуваа и се приближуваа накај градот, Петар се качи на рамниот покрив[c] за да се моли. 10 Кога огладне, посака нешто да јаде. Додека му го подготвуваа јадењето, тој падна во занес[d] 11 и виде како се отвора небото, и како кон земјата се спушта нешто како големо, ленено платно, врзано на четирите ќошиња, 12 а во него имаше секаков вид четириножни животни, влечуги и птици. 13 Тогаш слушна глас: „Петре! Стани, коли и јади!“

14 „Никако Господе! Јас никогаш досега не сум јадел нешто што е забрането да се јаде според еврејските закони[e]!“ - одговори Петар.

15 Гласот уште еднаш му се јави: „Немој да го сметаш за нечисто она што Бог го исчистил[f]!“

16 Ова се повтори трипати, а потоа платното беше кренато на небото.

17 Петар беше збунет и се прашуваше што може да значи ова видение. Тогаш ги виде луѓето испратени од Корнелиј, кои, прашувајќи, дојдоа до куќата на Симон и стоеја пред портата, 18 прашувајќи дали тука престојува Симон, наречен Петар.

19 Додека Петар уште размислуваше за видението што го имаше, Светиот Дух му рече: „Те бараат тројца мажи. 20 Стани и појди со нив, без да се двоумиш, зашто Јас ги испратив.“

21 Петар слезе кај луѓето и им рече: „Јас сум човекот што го барате. За што сте дојдени?“

22 Тие му одговорија: „Не испрати офицерот Корнелиј. Тој е праведен човек и има страхопочит спрема Бог. За него сите Евреи имаат добро мислење. Тој доби наредба од светиот ангел да те повика во својот дом и да слушне од тебе што имаш да му кажеш.“ 23 Потоа Петар ги покани да влезат и ги прими како гости. Утредента, замина со нив, во придружба на неколку христијани од Јопа.

24 Следниот ден стигнаа во Цезареја. Таму го чекаше Корнелиј, кој ги беше викнал своите роднини и блиски пријатели. 25 Кога Петар влегуваше, Корнелиј клекна пред него, искажувајќи му така длабока почит. 26 Петар го крена и му рече: „Стани! И јас сум само човек, како што си и ти.“ 27 Корнелиј стана, а Петар почна да му зборува. Кога влегоа внатре, Петар виде голем број собрани луѓе.

28 Тогаш Петар им рече: „Вие знаете дека е спротивно на еврејските закони да се дружам со неевреи и да доаѓам кај нив. Но Бог ми покажа дека никого не треба да го сметам за гнасен и нечист. 29 Затоа, без да се противам, се одѕвав на вашата покана. А сега да ве прашам: Зошто ме повикавте?“

30 Корнелиј му одговори: „Пред четири дена, во три часот попладне, се молев во својата куќа, кога одненадеж пред мене застана еден човек во блескава облека, 31 и ми рече: ,Корнелиј, Бог ги услиши твоите молитви и си спомна за твојата дарежливост спрема сиромашните. 32 Испрати гласници во Јопа да го повикаат човекот што го викаат Петар, кој престојува во куќата на кожарот Симон, близу до морскиот брег!‘ 33 Затоа веднаш испратив по тебе и ти добро направи што дојде. Еве не сега сите собрани овде пред Бог, за да слушнеме што се ти е доверено од Господ.“

Петровата проповед во домот на Корнелиј

34 Тогаш Петар почна да зборува: „Сега сфаќам дека Бог навистина не е пристрасен кон никого, 35 туку го прифаќа секој што има страхопочит спрема Него и праведно постапува, без разлика на кој народ му припаѓа. 36 Вие ја знаете пораката што им ја упати на Израелците, нудејќи им Радосна вест за помирување преку Исус Христос, Кој е Господ на сите. 37 Знаете што се се случуваше во Јудеја, почнувајќи од Галилеја, откако Јован Крстител почна да проповеда дека секој треба да се крсти. 38 Потоа Бог Го помаза Исуса од Назарет со Светиот Дух и Му даде сила. Исус цел живот правеше добрини и ги исцелуваше сите што беа угнетени од Ѓаволот, зашто Бог беше со Него. 39 А ние, апостолите, сме сведоци за се што Тој направи во земјата на Евреите и во Ерусалим. Него Го убија, Го распнаа на крст. 40 Но на третиот ден, Бог Го воскресна, Му овозможи да се појави, 41 не на сите луѓе, туку само на сведоците што Бог ги беше одбрал од порано, односно нам што јадевме и пиевме со Него откако Тој воскресна од мртвите. 42 Тој ни заповеда да им проповедаме и да ги уверуваме луѓето дека Исус е Судијата назначен од Бог, и Тој ќе им суди и на живите, и на мртвите. 43 Сите пророци зборуваа за Исус и навестија дека на сите што веруваат во Него им се простуваат гревовите преку вера во Неговото име.“

Примањето на Светиот Дух и крштавањето на првите неевреи

44 Додека Петар зборуваше, Светиот Дух слезе врз сите што ја слушаа пораката. 45 Христијаните од еврејско потекло, кои го придружуваа Петар, се изненадија кога видоа дека Светиот Дух и духовните дарби им беа дадени и на луѓе што не се Евреи. 46 Тука, пред нивни очи, ги слушаа како зборуваат на туѓи јазици и Го прославуваат Бога.

Тогаш Петар рече. 47 „Може ли некој да не им дозволи на овие луѓе да се крстат во вода, кога тие Го примија Светиот Дух исто како и ние!?“ 48 Така Петар им заповеда да бидат крстени во името на Исус Христос. Потоа тие го замолија да остане кај нив уште неколку дена.

Error: Book name not found: Jer for the version: Macedonian New Testament
Марко 5

2) Исус ослободува од демони

(Мт. 8:28-34; Лк. 8:36-39) Исус и Неговите ученици пристигнаа на спротивниот брег на Галилејското Езеро, во пределот на градот Гераса[a]. Тукушто излезе од бротчето, откај гробиштата во пресрет му тргна еден човек обземен со демонски духови. Човекот живеел по гробниците и никој веќе не бил во состојба ни со синџири да го врзе. Честопати го врзувале со синџири и му ставале окови, но тој секојпат ги кинел синџирите и ги кршел оковите. Никој не можел да го скроти. Деноноќно престојувал на гробиштата и по ридовите, врескајќи и удирајќи се со камења.

Кога уште оддалеку Го забележа Исуса, се стрча кон Него и клекна на колена. Потоа со силен глас Му рече: „Исусе, Сине на Севишниот Бог, што сакаш да ми сториш!? Те заколнувам во Божјото име, немој да ме мачиш!“ Тој го рече ова затоа што Исус веќе му беше наредил на демонскиот дух да излезе од човекот.

Исус го праша: „Како се викаш?“ Човекот му одговори: „Се викам Легија, зашто во мене има цела легија демони!“ 10 Потоа Го молеше Исуса да не ги брка од тој крај.

11 Недалеку од нив, на ридот пасеше едно големо крдо свињи. 12 Демонските духови Го молеа Исуса: „Испрати нe кај свињите, да се вселиме во нив!“ 13 Исус им дозволи и демонските духови излегоа од човекот и влегоа во свињите. Целото крдо свињи, на број околу две илјади, јурна низ стрмнината право во езерото, при што сите свињи се удавија.

14 Свињарите се разбегаа и разгласија за ова по градот и по селата, така што народот излезе да види што се случило. 15 Кога дојдоа до Исус и го видоа човекот кој порано беше обземен од легија демони како седи облечен и со здрав ум, многу се исплашија. 16 Откако очевидците им раскажаа за она што се случи со човекот и со свињите, 17 луѓето Го замолија Исуса да си оди од нивниот крај.

18 Кога Исус се враќаше на бротчето, човекот кој дотогаш беше обземен од демони Го молеше и тој да тргне со Него. 19 Но Исус не му дозволи, туку му рече: „Оди си дома и кажи им на твоите роднини што стори Господ за тебе со Своето милосрдие.“ 20 Тогаш тој си замина и патуваше по пределот на Декаполис[b] и на сите им раскажуваше за она што Исус го стори за него. И секој што ќе чуеше се восхитуваше.

3) Исус исцелува и оживува

(Мт. 9:18-26; Лк. 8:40-56) 21 Уште еднаш Исус отплови на спротивната страна од Галилејското Езеро. Тукушто излезе на брегот, многуброен народ се насобра околу Него. 22 Тогаш Му пристапи началникот на тамошната синагога, по име Јаир, клекна на колена 23 и почна сесрдно да Го моли: „Ќерката ми е на умирање! Дојди, положи раце врз неа за да оздрави и да живее!“ 24 Тогаш Исус тргна со Јаир, а многуброен народ ги следеше, туркајќи се околу Него.

25 Меѓу народот имаше една жена која крвавела веќе дванаесет години. 26 Се намачила одејќи по лекари на кои го потрошила сиот свој имот, но напразно - состојбата уште повеќе и се влошувала.

27 Оваа жена слушала што се зборува за Исус. Крадешкум, таа се доближи до Исус одзади и се допре до Неговата облека. 28 Зашто, во себе си велеше: „Само да се допрам до Неговата облека - ќе оздравам!“ 29 Крвавењето веднаш и запре и таа почувствува дека нејзиното тело оздраве.

30 Во истиот момент и Исус почувствува дека од Него излезе исцелителна сила. Обраќајќи му се на народот, запраша: „Кој се допре до мојата облека?“ 31 Учениците Му одговорија: „Гледаш колку народ се турка околу Тебе и прашуваш кој Те допрел!?“ 32 Но Исус се сврте да види кој Го допре. 33 Жената, тресејќи се од страв и знаејќи што се случи со неа, клекна на колена пред Него и Му ја кажа целата вистина.

34 Исус и рече: „Ќерко! Ти оздраве врз основа на твојата вера. Оди си спокојна и здрава.“

35 Додека Исус зборуваше, пристигнаа некои од роднините на Јаир и му рекоа: „Ќерка ти умре; не додевај Му повеќе на Учителот!“ 36 Исус слушна што рекоа луѓето, но му рече на Јаир: „Само верувај Ми и не плаши се!“

37 Исус не му дозволи никому да дојде со Него, освен на Петар и на двајцата браќа Јаков и Јован, следбеници на Исус. 38 Кога стигнаа во куќата на Јаир, Исус забележа дека луѓето плачат и лелекаат на цел глас. 39 Влегувајќи внатре, Исус им рече: „Зошто плачете и лелекате? Девојчето не е мртво, туку спие!“ 40 Тие на тоа Му се подбиваа.

Исус нареди сите да излезат надвор, а внатре ги задржа само таткото и мајката на девојчето и тројцата Свои ученици кои Го придружуваа. Влегоа кај девојчето. 41 Исус го фати за рака и рече: „Талита, куми!“ Ова на арамејски јазик значи: „Девојче, стани!“ 42 Девојчето веднаш стана и одеше. Тоа имаше дванаесет години.

Сите беа вчудовидени! 43 Но Исус им нареди за ова никому да не кажуваат. Потоа им рече: „Дајте му на девојчето нешто да јаде.“

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest