M’Cheyne Bible Reading Plan
Исус е осуден на смрт
(Матеј 27:15-31; Марко 15:6-20; Лука 23:13-25) 19 Тогаш Пилат нареди Исус да биде камшикуван. 2 Војниците исплетоа венец од трње, Му го ставија на главата и Му облекоа пурпурна наметка. 3 Потоа одеа околу Него и викаа: „Здраво, царе на Евреите!“ и Го удираа со тупаници.
4 Пилат повторно излезе надвор, па им рече на Евреите: „Еве, ќе ви Го изнесам надвор, но да знаете дека не најдов никаква вина кај Него!“ 5 Тогаш Го изведоа Исуса со трнов венец на главата и со пурпурната наметка. Пилат им рече: „Еве Го човекот!“
6 Кога Го видоа свештеничките поглавари и гардистите на храмот почнаа да викаат: „Распни Го! Распни Го!“ Пилат им рече: „Земете Го, и самите распнете Го, зашто јас не најдов никаква вина кај Него!“
7 Евреите му одговорија: „Тој тврдеше дека е Божјиот Син! Според нашиот верски Закон Тој мора да биде осуден на смрт!“
8 Кога го слушна тоа, Пилат уште повеќе се исплаши, 9 па влезе повторно во палатата и Му рече на Исус: „Од каде си Ти?“ Но Исус не му одговори. 10 „Зар одбиваш да зборуваш со мене!?“ - му рече тогаш Пилат. „Зар не знаеш дека јас имам власт да те пуштам или да те распнам!?“
11 Исус му одговори: „Да не ти беше дадена од Бога, ти немаше да имаш никаква власт над Мене. Затоа, оној што Ме предаде е виновен за поголем грев.“
12 Кога го слушна ова, Пилат сакаше да Го ослободи, но Евреите упорно викаа: „Ако го пуштиш овој човек - не си му пријател на римскиот цар[a]! Секој што себеси се прогласува за цар, се бунтува против римскиот цар!“
13 Кога Пилат го слушна тоа, Го изведе Исуса надвор и седна на судскиот престол, на местото наречено Плочник (на хебрејски: Габата). 14 Беше околу пладне, ден пред празникот Пасха[b].
15 Тогаш тие се развикаа: „Убиј го! Убиј го! Распни го!“ Пилат им рече: „Зар вашиот цар да Го распнам!?“
„Ние немаме друг цар освен римскиот цар!“ - му одговорија свештеничките поглавари.
Распнувањето на Исус
(Матеј 27:32-44; Марко 15:21-32; Лука 23:26-43) 16 Тогаш Пилат им Го предаде, за да Го распнат. Тие Го одведоа Исуса.
17 Носејќи го сам крстот, Исус дојде до местото наречено Череп, кое на арамејски јазик се вика Голгота[c]. 18 Таму Го распнаа, заедно со уште други двајца: едниот од едната, другиот од другата страна на Исус.
19 Пилат нареди на дрвена плоча да се напише обвинението и да се прицврсти на крстот. Текстот гласеше: „Исус од Назарет, цар на Евреите.“ 20 Многумина од Евреите го прочитаа овој натпис, зашто местото каде што Го распнаа Исуса беше близу до градот. Текстот беше напишан на арамејски[d], на латински и на грчки јазик. 21 Свештеничките поглавари му рекоа на Пилат: „Зошто си напишал ,Цар на Евреите‘? Требаше да напишеш: ‚Самопрогласен цар на Евреите!‘“
22 „Што напишав - напишав!“ - им одговори Пилат.
23 Откако Го распнаа Исуса, војниците Му ги зедоа алиштата и ги разделија на четири дела - по еден дел за секој војник. Но туниката на Исус беше без раб, исткаена од еден дел. 24 Затоа тие си рекоа еден на друг: „Да не ја кинеме, туку ајде да фрлиме жрепка за неа, па да видиме кој од нас ќе ја добие!“
Така се исполни Светото Писмо, кое претскажа:
„Моите алишта си ги разделија, а за туниката фрлија жрепка[e].“
25 Веднаш до Исусовиот крст стоеја Неговата мајка, нејзината сестра, чие име беше Марија, која му беше сопруга на Клопас, и Марија Магдалена. 26 Кога Исус ги виде Својата мајка и Својот милен ученик крај неа, Тој и рече на мајка си: „Жено, сега тој ќе ти биде син!“ 27 Потоа му рече на ученикот: „Отсега таа нека ти биде мајка!“ Од тој ден, тој ја зеде Исусовата мајка кај себе.
Смртта на Исус
(Матеј 27:45-56; Марко 15:33-41; Лука 23:44-49) 28 Потоа, знаејќи дека целокупното Негово дело е завршено, а за да се исполни Светото Писмо, Исус рече: „Жеден сум[f]!“ 29 Таму имаше еден сад полн со вински оцет[g]. Откако закачија сунѓер натопен во винскиот оцет на една прачка од хисоп[h], Му го принесоа до устата. 30 Штом вкуси од винскиот оцет, Исус рече: „Се сврши!“ Потоа ја наведна главата и умре[i].
Прободувањето на Исус
31 Тој ден, петок, беше денот на подготовка[j] за утрешниот празник Пасха, кој за Евреите претставува особено значаен празник. Затоа тие побараа од Пилат да им ги прекрши нозете[k] на распнатите и да ги симне, за да не останат да висат телата распнати на крстовите и во саботата. 32 Така, војниците дојдоа и најпрво им ги прекршија нозете на другите двајца кои беа распнати со Исус. 33 А кога дојдоа до Исус видоа дека веќе е мртов, па не Му ги скршија нозете. 34 Наместо тоа, еден од војниците со копје Го прободе под ребрата, при што потекоа крв и вода. 35 Знаеме дека сето ова е точно, затоа што го кажува човекот[l] што лично беше таму и со свои очи виде. Затоа можете да верувате и вие. 36 Ова се случи за да се исполни Светото Писмо, кое претскажа: „Ниту една Негова коска нема да биде скршена[m].“ 37 На друго место Писмото вели: „Ќе Го гледаат Оној што Го прободоа[n].“
Погребувањето на Исус
(Матеј 27:57-61; Марко 15:42-47; Лука 23:50-56) 38 Подоцна Јосиф од градот Ариматеја[o], кој беше таен Исусов следбеник, поради страв од Евреите, побара од Пилат да му го даде телото на Исус. Пилат му одобри и Јосиф отиде и го зеде телото од крстот. 39 Дојде и Никодим со околу триесет и четири килограми смеса од ароматични смоли[p]. Тоа беше оној Никодим кој порано беше дошол кај Исус ноќе. 40 Тие го зедоа Исусовото тело и го завиткаа во платно, заедно со ароматичните смоли, според еврејскиот обичај на подготвување за погреб. 41 А на местото каде што Го распнаа имаше една градина и во неа една нова гробница, во која се уште никој не беше погребуван. 42 Таму го положија телото на Исус, зашто гробот беше близу, а тие се брзаа, бидејќи беше ден на подготовка[q] за саботата и Пасхата.
3 За крај, драги мои, радувајте се што Му припаѓате на Господ. Мене не ми е тешко одново да ви го напишам истото нешто што веќе порано сум ви го пишувал, бидејќи тоа ќе придонесе да се заштитите.
2 Чувајте се од тие зли луѓе, од тие кучиња што тврдат дека обрежувањето е неопходно! Тоа е лажна побожност! 3 Ние, а не тие, сме обрежани на вистинскиот начин, зашто преку (Светиот) Дух Му служиме на Бог и се гордееме со Исус Христос. Ние не ја полагаме својата вера во телесни вредности. 4 Јас, се разбира, би можел да се потпрам на телесните вредности. Ако некој мисли дека може да се потпира на телесни вредности, нека знае дека јас имам многу повеќе причини така да мислам. 5 Обрежан сум кога сум имал осум дена, Израелец сум по раѓање, од племето на Бинјамин - чистокрвен Евреин. Им припаѓав на фарисеите, што подразбира стриктно придржување кон верските закони. 6 Бев толку ревносен, што дури ги прогонував христијаните[a]. Толку колку што човек може да биде праведен со почитување на заповедите од верскиот Закон, јас беспрекорно се придржував до нив.
7 Но сите тие нешта што порано толку многу ми значеа, сега, кога верувам во Христос, ги сметам за безвредни[b]. 8 И уште повеќе, сметам дека се е рамно на загуба во споредба со таа скапоцена придобивка: да се познава Исус Христос, мојот Господ. Заради Него се откажав од сите тие телесни вредности и ги сметам за обичен смет. Христос е се што ми треба. 9 Со Него сакам да бидам, не преку моја сопствена праведност, што би произлегувала од придржување кон верскиот Закон, туку преку праведност што се добива заради вера во Христос, праведност што доаѓа од Бог, врз основа на вера. 10 Сакам длабоко да Го запознаам Христос, да ја доживеам силата што Го воскресна, да искусам дел од Неговите страдања и да се идентификувам со Неговата смрт, 11 па така некако да стигнам до воскреснување од мртвите.
Стремеж кон целта
12 Јас не велам дека веќе сум успеал да го постигнам тоа, или дека сум станал совршен. Но, и понатаму се стремам да ги постигнам целите заради кои Исус Христос ме придоби. 13 Се разбира, драги пријатели христијани, јас не мислам дека веќе сум успеал да го достигнам тоа[c], но мислам дека успеав да го заборавам она што е зад мене и од се срце да се стремам кон она што е пред мене. 14 Трчам право кон целта, за да ја добијам наградата, небесното жителство за кое Бог, преку Исус Христос, не повика.
15 Сите што сте духовно зрели, вака треба да размислувате. Ако во нешто не се согласувате, верувам дека Бог тоа ќе ви го разјасни. 16 Но важно е да продолжиме да се придржуваме до вистината што веќе ја прифативме.
17 Драги пријатели христијани, одете по моите стапки. Гледајте на оние што го следат нашиот пример. 18 Многу пати досега сум ви го кажал ова, а и сега, со солзи во очите ќе ви го повторам: има многу луѓе кои според начинот на кој живеат му се непријатели на Христовиот крст[d]. 19 Тие ќе завршат во пеколот[e], бидејќи нивните телесни желби[f] им се бог. Се гордеат со она од што би требало да се срамат и размислуваат само за овоземни работи. 20 За разлика од нив, ние сме жители на небото и желно очекуваме нашиот Спасител, Господ Исус Христос, оттаму да дојде. 21 Тој ќе ги преобрази нашите слаби, смртни тела и ќе ги направи слични на Неговото славно тело, со истата моќ со која ќе ја преземе власта над се.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest