Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

M’Cheyne Bible Reading Plan

The classic M'Cheyne plan--read the Old Testament, New Testament, and Psalms or Gospels every day.
Duration: 365 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: Exod for the version: Macedonian New Testament
Јован 16

16 „Овие работи ви ги кажав за да не се исплашите. Ќе бидете исклучувани од синагогите. И не само тоа, туку ќе дојде време кога ќе ве убиваат, и ќе мислат дека со тоа му прават услуга на Бог! Тие ќе ги вршат овие работи затоа што не Го познаваат ниту небесниот Татко, ниту пак Мене Ме познаваат. Ова ви го кажувам сега, та кога ќе дојде времето тоа да се исполни, да се сетите на ова што ви го кажав. На почетокот не ви зборував за ова, бидејќи бев со вас.“

Улогата на Светиот Дух

„А сега заминувам кај Оној што Ме испрати, па сепак, никој од вас не Ме прашува: ‚Каде заминуваш?‘ Кога ви го кажав сето ова, срцата ви се исполнија со тага. Но јас ви ја кажувам вистината: во ваша полза е Јас да заминам, зашто додека не заминам, Помошникот, Светиот Дух, нема да дојде кај вас. А штом Јас ќе заминам, ќе ви Го испратам. Кога Светиот Дух ќе дојде, ќе му ја објави на светот вистината за гревот, за Божјата правда и за Судот. Нивниот грев е во тоа што не веруваат во Мене. 10 Тие не ја согледаа Божјата правда, зашто Јас заминувам кај Таткото и повеќе нема да Ме гледате. 11 Тие не ја сфатија вистината за Судот, зашто кнезот на овој свет е веќе осуден.

12 Уште многу имам да ви зборувам, но сега не сте во состојба да поднесете. 13 Кога ќе дојде Духот на вистината, Тој ќе ве води во целосната вистина, зашто Тој нема да зборува Сам од Себе, туку ќе го зборува тоа што од Мене ќе го чуе, и ќе ви ја открие иднината. 14 Светиот Дух ќе Ме прослави Мене со тоа што ќе ви ја пренесе Мојата порака. 15 Се што има Таткото е Мое. Затоа ви реков дека Духот ќе ја земе пораката од Мене и ќе ви ја пренесе вам.“

Тага, па радост

16 „Уште малку, па веќе нема да Ме гледате, но по извесно време пак ќе Ме видите.“

17 Тогаш некои од Неговите ученици си рекоа еден на друг: „Што значи ова што ни го вели: ,Уште малку, па веќе нема да Ме гледате, а по извесно време пак ќе Ме видите?‘ и: ‚зашто заминувам кај Таткото‘!?“ 18 Тие продолжуваа да прашуваат: „Што значи тоа ‚уште малку‘ за кое Тој зборува!? Не разбираме за што зборува!“

19 Исус сфати дека тие сакаат да Го прашаат, па им рече: „Реков: ‚Уште малку, па нема да Ме гледате, но по извесно време пак ќе ме видите.‘ За ова ли се расправате меѓу себе? 20 Со сигурност можам да ви кажам дека вие ќе плачете и ќе тагувате, а светот ќе се радува. Вие ќе тагувате, но подоцна вашата тага ќе се претвори во радост. 21 Кога жената раѓа, таа има болки, зашто дошло времето на болките. Но, кога ќе се роди детето, таа заборава на маките, и се радува што родила човек на овој свет. 22 Така и вие сега сте полни со тага. Но повторно ќе се видиме и ќе се израдувате; таа радост не ќе може никој да ви ја одземе! 23 Во тој ден, за ништо повеќе нема да Ме прашувате. Ве уверувам дека Мојот небесен Татко ќе ви даде се што ќе посакате во Мое име. 24 Досега не сте побарале ништо во Мое име. Барајте и ќе добиете, за да бидете наполно среќни.“

Победа над светот

25 „Се користев со споредби за да ви го објаснам тоа што сакав да ви го кажам. Доаѓа време кога нема повеќе да се служам со споредби, туку отворено ќе ви кажувам за небесниот Татко. 26 Во тој ден ќе барате во Мое име и не ќе има потреба Јас да Го молам Таткото за вас, 27 зашто, Таткото и Самиот ве сака, бидејќи вие Мене Ме засакавте и поверувавте дека Јас дојдов од Бога. 28 Јас дојдов од Таткото и влегов во светот. Сега заминувам од светот и се враќам кај Таткото.“

29 Неговите ученици рекоа: „Ете, сега ни зборуваш отворено и не се служиш со споредби. 30 Сега знаеме дека Ти разбираш се и нема потреба да Те прашуваме. Поради тоа, ние веруваме дека Ти си дојден од Бог.“

31 Исус им одговори: „Велите дека сега верувате? 32 Еве, доаѓа часот, и веќе е дојден, кога ќе се разбегате, секој на своја страна, а Мене ќе Ме оставите Сам. Сепак, Јас нема да бидам сам, зашто Таткото ќе биде со Мене.

33 Овие работи ви ги кажав, за да имате мир преку единство со Мене. Додека сте во светот, ќе доживувате страдања, но разведрете се - Јас го поразив светот!“

Error: Book name not found: Prov for the version: Macedonian New Testament
Ефешаните 6

Должностите на децата и на родителите

Деца, бидете им послушни на своите родители бидејќи вие Му припаѓате на Господ. Тоа е примерно поведение. Првата од Десетте заповеди што содржи и ветување гласи: „Почитувај ги своите татко и мајка[a].“ А ветувањето е: „за да ви биде добро и долго да поживеете на Земјата[b].“

Татковци, немојте да предизвикувате лутина кај вашите деца. Одгледувајте ги и воспитувајте ги во Господовото учење.

Должностите на робовите и на господарите

Робови, бидете им послушни на вашите земни господари, со страхопочит, искрено, од се срце, како да Му служите на Христос. Работете чесно, не само кога ве гледаат, и не за да ја добиете нивната наклоност, туку како робови на Христос кои од се срце ја исполнуваат Божјата волја. Ревносно исполнувајте ги вашите должности, правејќи го тоа како за Господ, а не како за луѓето, зашто знаете дека секој што прави добро, било да е роб или слободен, ќе биде награден од Господ.

Истото важи и за вас, господари. Однесувајте се спрема вашите робови според истите принципи и немојте да им се заканувате, зашто знаете дека и тие и вие имате еден ист Господ на небото, кај Кого нема пристрасност!

Духовното оружје на христијаните

10 На крајот ви порачувам да црпите сила од Господ и од Неговата огромна моќ. 11 Облечете го целосно Божјиот оклоп, за да можете да ги издржите подмолните напади на Ѓаволот. 12 Ние не се бориме против луѓето од крв и месо, туку против злите владетели и власти на невидливиот свет, против мрачните духовни сили што владеат со овој свет и против злите духови во небесните простори.

13 Затоа целосно облечете го Божјиот оклоп. Така ќе можете да издржите во зло време, па откако борбата ќе заврши, ќе останете цврсто исправени. 14 Бидете непоколебливи, препашани со појасот на вистината, облечени со штитникот[c] на праведноста, 15 обуени и подготвени непоколебливо да чекорите, носејќи ја Радосната вест што донесува мир. 16 Со сето ова, понесете го штитот на верата, со кој ќе можете да ги сопрете и угасите сите огнени стрели на Злиот. 17 Ставете го спасението како шлем и земете го мечот на Светиот Дух, а тоа е Божјото Слово. 18 Постојано молете се и барајте, онака како што ве води Светиот Дух. Бидете будни и истрајно молете се за сите христијани.

19 Молете се и за мене, кога ќе отворам уста, Бог да ми даде зборови смело да проповедам за тајната на Радосната вест, 20 иако сега сум во окови токму поради тоа што, како Божји пратеник ја проповедам Радосната вест. Молете се да продолжам смело да зборувам, како што и треба.

Поздрави

21 Тихик, мојот драг брат по вера и верен помошник во работата за Господ, ќе ви каже како сум и што правам. 22 Токму заради тоа го испраќам кај вас, за да ви каже што правиме ние и да ве охрабри.

23 На сите христијани таму им посакувам мир и љубов со вера што доаѓа од Бог Таткото и од Господ Исус Христос. 24 Бог нека им биде благонаклонет на сите што Го сакаат нашиот Господ Исус Христос со љубов што не гасне.

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest