Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

M’Cheyne Bible Reading Plan

The classic M'Cheyne plan--read the Old Testament, New Testament, and Psalms or Gospels every day.
Duration: 365 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: Exod for the version: Macedonian New Testament
Јован 13

Исус им ги мие стапалата на Своите ученици

13 Беше ден пред празникот Пасха. Исус знаеше дека дојде времето да замине од овој свет и да се врати кај Таткото. Тој отсекогаш ги сакаше Своите следбеници кои беа во светот, и остана да ги сака докрај[a].

За време на вечерата (а Ѓаволот веќе го беше поттикнал срцето на Јуда Искариот, син на Симон, да Го предаде), Исус, знаејќи дека Таткото Му предал се во Негови раце и дека од Бог излегол и кај Бог се враќа, стана од вечерата, ја соблече наметката и се препаша со крпа. Потоа Тој налеа вода во леген и започна да им ги мие стапалата на учениците и да им ги брише со крпата со која беше препашан.

Кога стигна до Симон Петар, овој Му рече: „Господе, зар Ти да ми ги миеш стапалата!?“ Исус му одговори: „Ти сега не го разбираш ова што Јас го правам, но подоцна ќе сфатиш.“ „Не!“ - му рече Петар - „Ти никогаш нема да ми ги миеш стапалата!“ „Ако не те измијам“ - му одговори Исус - „нема да имаш дел со Мене!“

„Господе“, - му рече Симон Петар - „тогаш измиј ми ги не само стапалата, туку и рацете и главата!“

10 Исус му рече: „На искапаниот треба само стапалата да му се измијат, затоа што целиот е чист[b]. Вие сте чисти, но не сите. 11 Исус знаеше кој ќе Го предаде и затоа рече: „Сите не сте чисти“.

12 Откако им ги изми стапалата и ја облече наметката, Исус повторно седна и им рече: „Сфаќате ли што направив за вас? 13 Ме нарекувате Учител и Господ, и со право така велите, зашто Јас навистина сум тоа. 14 Кога Јас, вашиот Господ и Учител, ви ги измив стапалата, тогаш и вие треба да си ги миете стапалата еден на друг. 15 Јас ви дадов пример за да постапувате и вие како што Јас постапив со вас. 16 Ве уверувам дека слугата не е поголем од господарот, ниту пратеникот од оној што го испратил. 17 Штом ги знаете овие работи, благословени ќе бидете ако ги извршувате.

18 Не ви се обраќам на сите. Јас ги знам оние што сум ги избрал. Но она што го вели Светото Писмо мора де се исполни. А тоа вели: ,Оној што заедно со мене јадеше, ја крена својата петица против мене[c]‘.

19 Ви ги кажувам овие работи уште пред да се случат, па кога ќе се исполнат, да поверувате дека Јас Сум[d] Тој што Сум. 20 Ве уверувам дека секој што го прима оној што Јас го испраќам - Мене Ме прима; а Кој Ме прима Мене - Го прима Оној што Ме испрати.“

Исус претскажува дека ќе биде предаден

(Матеј 26:20-25; Марко 14:17-21; Лука 22:21-23) 21 Откако го рече ова, Исус длабоко се натажи и рече: „Ова што ќе ви го кажам е вистина: еден од вас ќе Ме предаде!“

22 Учениците започнаа да се загледуваат еден во друг, прашувајќи се за кого зборува. 23 Еден од Неговите ученици беше навален[e] на Исусовите гради. Тој му беше најомилениот ученик на Исус. 24 Нему Симон Петар му даде знак да праша на кого се однесува реченото?

25 Тој повторно се навали на Исусовите гради и Го праша: „Господе, за кого зборуваш?“

26 Исус му одговори: „Тоа е оној на кого ќе му го дадам залакот што ќе го макнам.“ Потоа го макна залакот и му го даде на Јуда Искариот, син на Симон. 27 Веднаш по залакот, Сатаната влезе во Јуда. Исус, пак, му рече: „Направи го брзо тоа што си наумил да го направиш!“

28 Но никој од присутните не разбра зошто Исус му рече така. 29 Јуда беше задолжен за ќесето со пари, па некои помислија дека Исус му порачува да купи се што е потребно за празникот, или да им даде нешто на сиромасите. 30 Кога Јуда го прими залачето леб веднаш излезе. А беше ноќ.

Нова заповед

31 Кога Јуда излезе, Исус рече: „Сега Синот Човечки ќе биде прославен и Тој ќе Му донесе слава на Бог. 32 Штом Тој ќе Му донесе слава на Бог, тогаш и Бог ќе Го прослави Него и тоа ќе биде наскоро!

33 Чеда Мои, уште малку сум со вас. Потоа ќе Ме барате, но како што им кажав на еврејските старешини, така и вам сега ви кажувам: вие не можете да дојдете таму каде што Јас заминувам.

34 Нова заповед ви давам: „Сакајте се еден со друг! Како што Јас ве засакав, така и вие да се сакате еден со друг. 35 Ако се сакате еден со друг, луѓето ќе знаат дека сте Мои ученици.“

Исус го претскажува откажувањето на Петар

(Матеј 26:31-35; Марко 14:27-31; Лука 22:31-34) 36 Симон Петар Му рече: „Господе, каде заминуваш?“

Исус му одговори: „Ти сега не можеш да дојдеш таму каде што Јас заминувам, но ќе Ми се придружиш подоцна.“

37 Петар Му рече: „Господе, зошто не можам да Ти се придружам сега? Јас сум готов и својот живот да го положам за Тебе!“

38 „Твојот живот ли ќе го положиш за Мене?“ - му возврати Исус. „Те уверувам, дека, уште пред да запее петел - ти трипати ќе порекнеш дека воопшто Ме познаваш!“

Error: Book name not found: Prov for the version: Macedonian New Testament
Ефешаните 3

Откривањето на Божјиот таен план

Токму поради тоа што ви проповедам за Исус Христос и вам кои не сте Евреи, јас, Павле, сега лежам в затвор. Вие сигурно сте слушнале дека Бог ми ја довери задачата да ви ја проповедам Неговата милост и љубов спрема вас, неевреите. Тој ми го откри и објасни Неговиот таен план. (За тоа порано накратко ви пишував, и можете да прочитате, за да дознаете како ми беше откриена тајната за Христос.) На претходните поколенија таа тајна не им беше објавена. Бог сега, преку Светиот Дух, им ја откри на Неговите свети апостоли и пророци. Од Радосната вест дознаваме дека тајната е во тоа што по заслуга на Исус Христос и нееврејските народи се соучесници во ветувањата што ги даде Бог, сонаследници со Евреите и органи на истото тело.

Бог беше многу милостив и благонаклонет спрема мене. Неговата сила ми даде дарба и задача да ја ширам Радосната вест. Спрема мене, најмалку достојниот од сите Божји избраници, Бог беше благонаклонет и ме одбра да им ја проповедам Радосната вест на нееврејските народи, веста дека им стојат на располагање неисцрпни богатства, се по заслуга на Христос. Бог, Создателот на се што постои, ме одбра да им го објаснувам на сите луѓе Божјиот план, што со векови[a] беше скриен во Неговиот ум.

10 Целта беше преку формирањето на Црквата[b] да им се покаже на сите владетели и власти во небесните простори дека Бог има многустрана мудрост.

11 Сето тоа беше во согласност со Божјиот вечен план, што се оствари преку нашиот Господ Исус Христос. 12 Во заедништво со Христос и преку вера во Него ние можеме смело и со целосна доверба да Му пристапуваме на Бог. 13 Затоа ве молам да не се обесхрабрувате поради страдањата низ кои сега јас минувам. Тие ќе бидат за ваша полза, за ваша слава.

Молитва за духовна сила

14 Кога само ќе помислам на Божјата мудрост и на Неговиот план, на колена паѓам пред небесниот Татко[c], 15 Создателот на секој род, и на небото и на Земјата. 16 Го молам Бога, од Својата огромна слава, преку Неговиот дух, да ви даде внатрешна сила, за да бидете непоколебливи. 17 Христос, преку вера, да се всели во вашите срца. Да пуштите корени и цврсто да се закрепите во Божјата љубов, 18 за да бидете способни, заедно со сите побожни луѓе, да сфатите колку широка и долга, колку висока и длабока е Неговата љубов. 19 Да ја искусите таа несфатливо голема љубов и така целосно да се исполните со сета полнота што доаѓа од Бог.

20 А сега на Бог, Кој со Својата делотворна моќ може да направи за нас многу повеќе од она што можеме да го посакаме или замислиме, 21 нека Му биде оддавана слава преку Црквата и преку Христос Исус, во сите поколенија и за вечни времиња! Амин!

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest