Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

M’Cheyne Bible Reading Plan

The classic M'Cheyne plan--read the Old Testament, New Testament, and Psalms or Gospels every day.
Duration: 365 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: Exod for the version: Macedonian New Testament
Јован 1

Евангелието според

Јован

Вечниот Збор

- Христос Уште на почетокот постоеше Зборот. Зборот беше со Бог и Зборот беше Бог. Од самиот почеток, Зборот беше со Бог.

Се што постои беше создадено преку Зборот. Не постои ништо создадено, кое не беше создадено преку Зборот! И самиот живот беше во Зборот, и Тој живот им дава светлина на луѓето. Оваа Светлина свети во темнината, и темнината никогаш не може да ја изгаси.

Се појави еден човек, по име Јован Крстител, кој беше испратен од Бог. Тој дојде како сведок, за да им каже на сите за Светлината и да ги упати луѓето во верата. Јован не беше Светлината; тој беше само сведок за Светлината. Вистинската Светлина, која го осветлува секој човек, стапуваше на светската сцена.

10 Иако Зборот беше во светот и светот беше преку Него создаден, светот не Го позна. 11 Кај Своите дојде, но тие не Го прифатија. 12 А на сите што Го прифатија - на оние што поверуваа во Него[a] - им даде право да станат Божји чеда. 13 Тие се нановородени, но овојпат не физички, не од телесна похота, или пак од волјата на маж, туку се родени од Бог.

14 Зборот стана човек и живееше меѓу нас. Ние ја видовме Неговата слава - славата што Тој ја прими како Единороден Син од небесниот Татко. Тој беше полн со љубов и искреност.[b]

15 Јован посведочуваше за Него и викаше, велејќи: „Ова е Оној за Кого реков: ,По мене доаѓа еден Човек, Кој е поголем од мене, зашто Тој постоеше уште пред да се родам јас!‘“ 16 Од Неговата полнота сите ние примивме благослов врз благослов, 17 зашто Законот беше даден преку Мојсеј, а Исус Христос ни ги донесе љубовта и вистината[c]. 18 Никој, никогаш не Го видел Бога; но имаме објава за Него, преку Единородниот Син - Кој е Бог, и Кој произлегува[d] од Таткото.

Пораката на Јован Крстител

(Матеј 3:1-12; Марко 1:1-8; Лука 3:1-18) 19 Кога еврејските верски водачи од Ерусалим испратија кај Јован Крстител свештеници и левити за да го прашаат: „Кој си ти?“ - Јован им кажа отворено, 20 тој призна и не порекна, туку им рече: „Јас не сум Месијата[e]!“

21 „Тогаш, кој си?“ - го запрашаа тие пак - „Илија[f] ли си?“ „Не сум!“ - им одговори Јован. „Пророкот[g] ли си?“ „Не сум!“ - одговори тој.

22 „Кажи ни кој си, зашто мораме да им однесеме одговор на оние што не пратија!“ - му рекоа тогаш тие. „Кажи, како се претставуваш себеси?“

23 Јован им одговори цитирајќи го пророкот Исаија:

„Јас сум глас што вика во пустината:

подгответе го патот за Господ[h]!“

24 Некои од испратените беа припадници на фарисеите[i]. 25 Тие го запрашаа: „Зошто тогаш крштаваш, ако не си ни Месијата, ни Илија, ниту Пророкот?“ 26 Јован им одговори: „Јас крштавам во[j] вода, а меѓу вас има Еден, Кого вие не Го познавате. 27 Иако јас дојдов пред Него, сепак не сум достоен ни сандалите да Му ги одврзам!“ 28 Ова се случи во селото Бетанија, од источната страна на реката Јордан, каде што Јован крштаваше.

Божјото Јагне

- Исус 29 Утредента, Јован Го виде Исуса како доаѓа кај него, па рече: „Еве го Божјото Јагне Кое го отстранува гревот на светот!

30 Овој е Тој за Кого реков, ,По мене доаѓа еден Човек Кој е поголем од мене, зашто Тој постоеше уште пред да се родам јас!‘ 31 Јас не знаев Кој ќе биде Тој, туку дојдов да крштавам во вода, за Тој да му биде откриен на Израел.“

32 Тогаш Јован го даде следното сведоштво: „Јас бев таму и Го видов Светиот Дух Кој слезе како гулаб од небото и остана над Него. 33 Јас не ќе Го познаев, но кога Бог ме испрати да крштавам во вода ми рече: ,Врз Кого ќе Го видиш Светиот Дух да се спушта и да остане над Него, Тој е Оној што ќе крштава во[k] Светиот Дух‘. 34 Јас видов дека тоа се исполни над Исус и сведочам дека Тој е Божјиот Син[l].“

Првите ученици на Исус

35 Следниот ден, Јован повторно стоеше со двајца Свои ученици. 36 Тој Го здогледа Исуса како поминува и рече: „Еве Го Божјото Јагне!“ 37 Кога го слушнаа тоа, двајцата Јованови ученици тргнаа по Исус.

38 Исус се сврте и ги виде како одат по Него, па им рече: „Што барате?“ Тие му рекоа: „Раби“, (што во превод значи: „Учителе“), „каде живееш?“

39 „Дојдете и видете!“ - им рече Тој. Така, тие отидоа и видоа каде живее и тој ден останаа кај Него; а беше околу четири[m] часот попладне.

40 Едниот од двајцата што тргнаа по Исус, откако ги слушнаа зборовите на Јован Крстител, беше Андреј, братот на Симон, подоцна наречен Петар. 41 Андреј најнапред го најде својот брат Симон и му рече: „Го најдовме Месијата!“, а тоа преведено на грчки значи Христос[n]. 42 Потоа Андреј го одведе својот брат кај Исус. Исус го впери Својот поглед во него и му рече: „Симоне, сине Јованов, ти ќе се викаш Кефа“ (Тој арамејски збор на грчки може да се преведе како: Петар[o]).

Исус ги повикува Филип и Натанаел

43 Следниот ден Исус реши да замине во Галилеја. Таму го најде Филипа и му рече: „Дојди и биди Мој следбеник!“

44 Филип беше од Бетцаида, од каде што беа Андреј и Петар. 45 Филип го побара Натанаел и му рече:

„Го најдовме Оној Кого Мојсеј Го навести во Божјиот Закон и Кого пророците Го претскажаа. Тоа е Исус, синот на Јосиф од Назарет.“

46 Натанаел му рече: „Може ли нешто добро да произлезе од Назарет!?“

„Дојди, па види!“ - му одговори Филип.

47 Исус забележа дека Натанаел доаѓа кај Него, па рече:

„Еве чесен човек - вистински Израелец[p]!“

48 „Од каде ме знаеш?“ - го праша Натанаел.

„Пред да те повика Филип, Јас те видов кога беше под смоквата“ - му одговори Исус.

49 На ова, Натанаел Му рече: „Раби, Ти си Божјиот Син! Ти си Царот на Израел!“

50 Исус, пак, му рече: „Дали го веруваш тоа само затоа што ти реков дека те видов под смоквата? Ќе видиш и поголеми нешта!“ 51 Потоа додаде: „Ве уверувам дека ќе го видите небото отворено и Божјите ангели како се искачуваат и слегуваат[q] над Мене, Синот Човечки!“

Error: Book name not found: Job for the version: Macedonian New Testament
2 Коринќаните 10

Павле зборува за овластувањата што ги има од Бог

10 Сега јас, Павле, лично ве молам со кроткост и љубезност какви што би покажал Христос, да ме послушате, иако некои од вас зборувале дека сум бил строг, кога сум далеку од вас, а малодушен кога сум кај вас. Не би сакал да бидам принуден да покажам строгост спрема оние што тврдат дека нас не водат телесни мотиви. Ние сме од крв и месо, ама не војуваме со телесни, световни методи. Не сме вооружени со човечки оружја, туку со моќните Божји оружја. Со нив ги уриваме сатанските упоришта и ги соборуваме сите зли мудрувања и се друго што ги попречува луѓето да Го запознаат Бога. Ја поразуваме секоја бунтовна човечка мисла и ја учиме да Му биде послушна на Христос. Ние сме готови да ги казниме оние што не се послушни во се, но дури откако вие ќе покажете дека сте целосно послушни.

Многу површно гледате на работите[a]! Треба да ви биде јасно дека и ние Му припаѓаме на Христос исто толку колку што за себе го тврдат тоа оние што гордо изјавуваат дека се Христови! Дури и ако претерано сум го истакнувал авторитетот што Господ ни го даде, јас од тоа не се срамам, бидејќи тоа било за да ве изградуваме, а не да ве уриваме.

Не сакам да звучи како да се обидувам да ве заплашам со моите писма. 10 Слушам дека некои велат за мене: „Неговите писма се сериозни и строги, но кога е овде кај нас, тој е слаб и неговите говори се безвредни!“ 11 На таквите луѓе им порачуваме дека онакви какви што сме на зборови, во нашите писма, сега кога не сме кај вас, исти такви ќе бидеме и на дела, кога ќе дојдеме кај вас!

Против самофалби

12 Ние не се ни осмелуваме да се изедначуваме или споредуваме со оние што имаат толку високо мислење за себе. Тие постапуваат неразумно, зашто се вреднуваат себеси со свои мерки па испаѓа дека се споредуваат сами со себе!

13 А ние не сакаме да се фалиме без мера, туку исклучиво според мерката што ни ја даде Бог, а таа мерка е да допреме до сите луѓе, па и до вас. 14 Ние не го протегаме своето дејствување на места кои не сме ги досегнале; всушност, ние први стигнавме до вас, проповедајќи ви ја Радосната вест од Христос. 15 Така, ние не се фалиме со плодови околу кои други се труделе, туку се надеваме дека вашата вера ќе зајакне, па да можеме и да ја прошириме својата работа во вашиот крај, 16 а потоа да ја проповедаме Радосната вест и на други места, подалеку од вас, каде што никој претходно не проповедал. Така нема да може да ни се приговори дека се фалиме со резултати што некој друг ги постигнал.

17 Но, Светото Писмо вели:

„Ако некој се фали,

нека се фали со она што Господ го прави[b]!“

18 Зашто кога некој сам себеси се фали, тоа не е вистинска препорака. А кога Господ некого ќе пофали, таквиот навистина е достоен.

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest