Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

M’Cheyne Bible Reading Plan

The classic M'Cheyne plan--read the Old Testament, New Testament, and Psalms or Gospels every day.
Duration: 365 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: Exod for the version: Macedonian New Testament
Лука 11

За молитвата

(Матеј 6:9-13; 7:7-11) 11 Еднаш, Исус се молеше на едно место, па кога заврши, еден од Неговите ученици Му рече: „Господе, научи нe и нас како да се молиме, како што Јован Крстител ги научи своите ученици.“ Исус им рече: „Кога се молите, молете се вака:

Небесен Татко:

нека се почитува Твоето свето име,

нека дојде Твоето Царство.

Давај ни ја секојдневно храната што ни е потребна.

Простувај ни ги гревовите,

како што и ние им ги простуваме

на нашите должници.

Не оставај да им потклекнеме на искушенијата[a].“

Потоа Исус продолжи: „Замислете си дека некој од вас оди на полноќ кај својот пријател и му вели: ,Пријателе, позајми ми три парчиња леб, зашто од пат ми дојде еден пријател, а јас немам што да му принесам за јадење.‘ Замислете вашиот пријател однатре да ви довикне: ,Не додевај! Вратата ми е веќе заклучена, а и јас и децата сме веќе в постела. Не можам да станам и да ти дадам!‘ Ве уверувам, дека, ако не стане да ви даде затоа што ви е пријател, ќе стане и ќе ви даде сe што ви треба, за да си го зачува достоинството[b]!

Затоа, ви велам: молете и ќе добиете, барајте и ќе најдете, тропајте и ќе ви биде отворено. 10 На секој што моли - ќе му се даде, секој што бара - ќе најде, на секој што тропа - ќе му биде отворено. 11 Дали некој од вас, татковци, би му дал камен на синот, ако тој ве моли за леб!? Дали би му дале змија, ако тој ве моли за риба!? 12 Дали би му дале скорпија, ако тој ви побара јајце!? 13 Кога вие, кои сте лоши, знаете да им давате добри дарови на вашите деца, колку повеќе вашиот небесен Татко ќе им Го даде Светиот Дух на оние што Го молат!?“

Исус е обвинет дека е ѓавол

(Матеј 12:22-30; Марко 3:20-27) 14 Еднаш Исус истера демонски дух од еден нем човек и кога демонскиот дух излезе, човекот проговори. Народот беше восхитен, 15 но некои луѓе зборуваа: „Тој ги изгонува демоните бидејќи Баалзибул[c] - поглаварот на демонските духови е во Него!“ 16 Други, пак, со цел да Го доведат во незгода, Му бараа знак од небото, 17 но Тој, знаејќи ги нивните мисли, им рече: „Ниедно царство не може да се одржи доколку во него има раздор. Семејството се распаѓа ако во него има неслога. 18 Ако Сатаната е противник самиот на себе - бидејќи вие тврдите дека Јас изгонувам демони со помош на Баалзибул - како може неговото царство да се одржува? 19 Ако Јас изгонувам демонски духови со помош на Баалзибул, тогаш, кажете ми, со чија помош ги изгонуваат оние што го прават тоа од вашиот сопствен род? Затоа тие ќе ви судат! 20 Ако, пак, Јас изгонувам демони со помош на Божјата сила[d], тогаш тоа е доказ дека Божјото царство е дојдено кај вас! 21 Кога силниот[e], целосно вооружен, го чува својот дом, имотот му е безбеден. 22 Но, кога некој посилен од него ќе го нападне и совлада, тој му го одзема оружјето во кое се надевал и му го зема пленот.

23 Кој не е со Мене - тој е против Мене! Кој со Мене не собира - тој растура!“

Од лошо

- полошо! (Матеј 12:43-45) 24 „Кога еден зол дух ќе излезе од човекот, тој скита по запустени места во потрага по спокојство, кое не го наоѓа. Тогаш ќе си рече: ,Да се вратам јас во моето претходно живеалиште!‘ 25 При враќањето забележува дека неговиот поранешен дом е исчистен и уреден, 26 па оди и доведува уште седум духови, полоши од себе, со кои се враќа и се населува таму, така што состојбата на човекот сега му е уште полоша од претходната!“

27 Додека Исус го кажуваше ова, од народот се огласи една жена, и рече: „Благословена е жената што Те родила и одгледала!“ 28 Тој и одговори: „Уште поблагословени се оние што ја слушаат Божјата порака и ја спроведуваат во дело!“

Предупредување против неверието

(Матеј 12:38-42) 29 Сe повеќе народ се собираше, и Исус почна да говори: „Оваа генерација е расипана генерација! Тие бараат чудотворен знак, но ним нема да им биде даден никаков друг знак, освен знакот на пророкот Јона: 30 како што Јона им беше знак на Ниневијците, така и Јас, Синот Човечки, ќе и бидам знак на оваа генерација. 31 Ќе стане и кралицата од Шеба[f] на Судниот ден и ќе ја осуди оваа генерација, зашто таа дојде од далечна земја, за да ја чуе мудроста на Соломон, а еве, пред вас стои Оној што е многу поголем од Соломон! 32 На Судниот ден, жителите на градот Нинева ќе станат и ќе ја осудат оваа генерација, зашто во тоа време тие се покајаа преку проповедањето на Јона. Ве уверувам дека пред вас стои Некој што е многу поголем од Јона, а вие одбивате да се покаете!“

Внатрешна светлина

(Матеј 5:15; 6:22-23) 33 „Никој не пали свеќа за да ја скрие или стави под капак, туку ја става на свеќник, за да им свети на луѓето кои влегуваат. 34 Вашите очи се светилка за телото. Здравото и бистро око ја пропушта светлината во целото тело и тоа ќе ви биде осветлено. Лошото око не ја пропушта светлината и целото тело ќе ви потоне во мрак. 35 Затоа, внимавајте светлината што е во вас да не стане темнина! 36 Ако си целосно исполнет со светлина, без ниеден темен дел, тогаш и насекаде околу тебе ќе зрачи светлина, како кога светилка те осветлува со своите зраци.“

Исус ги критикува верските водачи

(Матеј 23:1-36; Марко 12:38-40) 37 Кога Исус го заврши Своето излагање, еден фарисеј[g] го покани на ручек кај него. Исус отиде и седна на трпезата. 38 Фарисејот се изненади кога забележа дека Исус не го изврши еврејскиот ритуал на миење пред да седне да јаде, 39 а Господ му рече: „Да, вие фарисеите ги миете однадвор чашите и садовите, а однатре сте полни со лакомство и лошотија! 40 Безумници! Зар Оној што ја создал надворешноста не ја создал и внатрешноста? 41 Разделете им го на сиромашните тоа што е внатре, па сe ќе ви биде чисто!

42 Тешко вам, фарисеи, кои давате десеток дури и од нане, од седеф[h] и од секакви билки, а ги запоставувате правдата и љубовта спрема Бог! Треба во прв ред да го правите тоа што го запоставивте, а дури потоа и останатото.

43 Тешко вам, фарисеи, кои сакате да седите на почесни места по синагогите и да ви искажуваат почит по плоштадите! 44 Тешко вам, бидејќи сте како необележани гробишта по кои луѓето врват, без да знаат по што одат!“

45 Тогаш еден од учителите на верскиот Закон Му рече: „Учителе, со Твоите зборови нe навредуваш и нас!“[i]

46 А Исус му одговори: „Тешко и вам, учители на верскиот Закон, зашто на луѓето им натоварувате тешки товари, кои одвај можат да се носат, а вие ни со прст не помагате! 47 Тешко вам, зашто вие им подигате гробници на пророците, а тие беа убивани од вашите татковци! 48 Така и самите ги потврдувате и ги одобрувате постапките на вашите татковци: тие ги убија, а вие им подигате гробници! 49 Затоа Бог во Својата мудрост рече: ,Ќе им испратам пророци и апостоли; а тие, некои од нив ќе ги убијат, а некои ќе ги прогонуваат‘, 50 но од оваа генерација ќе биде побарана одговорноста за сета пролеана крв на Божјите пророци од почетокот на светот: 51 од крвта на Авел, па сe до крвта на Захарија, кој беше убиен меѓу жртвеникот и Светилиштето! Да, Јас ви кажувам дека оваа генерација ќе биде казнета за сите нив!

52 Тешко вам, учители на верскиот Закон, зашто вие го зедовте клучот што ја отвора вратата на знаењето, но вие не влегувате, а оние што би сакале да влезат - ги спречувате!“

53 Додека Исус си заминуваше оттаму, вероучителите и фарисеите започнаа жестоко да Го критикуваат и да Му поставуваат секакви нападни прашања, 54 во обид да Го фатат на некој збор и да Го обвинат.

Error: Book name not found: Job for the version: Macedonian New Testament
1 Коринќаните 12

ЗА ДУХОВНИТЕ ДАРБИ (ДАРОВИ)

12 А сега, драги пријатели христијани, сакам да ви напишам нешто и за духовните дарби, односно за даровите што Светиот Дух му ги дава на секој од нас, за да немате погрешна претстава по ова прашање. Знаете дека кога бевте пагани вие бевте заведени и влечени кон обожавање на неми идоли. Затоа сакам да ви кажам како да разликувате дали нешто е навистина од Бог: како што ниеден човек кој е воден од Божјиот Дух не може да Го колне Исуса, така и никој не може да исповеда дека Исус е Господ, доколку не е воден од Светиот Дух.

Постојат разни духовни дарби, но сите нив ги дава истиот Дух. Постојат различни начини на кои секој од нас помага во Црквата, но сите ние работиме за истиот Господ. Постојат различни начини на кои Бог дејствува во нашите животи, но преку сите нас работи истиот Бог. Преку секој од нас, Светиот Дух дејствува за општа полза на сите.

На некои луѓе Светиот Дух им дал дарба мудро да зборуваат, на други им дал особено знаење. Истиот Дух на едни луѓе им дава посебна вера, а на други - дарба да исцелуваат. 10 На некои луѓе им дава моќ да прават чуда, на други да пророкуваат; на некои луѓе им дава способност да распознаваат дали духот што зборува навистина е од Бог или не, на други да зборуваат на различни јазици, а на трети, пак, да преведуваат од различни јазици. 11 Сите овие нешта ги прави единствениот и истиот Свет Дух, Кој ги распоредува даровите онака како што лично Тој ќе реши.

Споредба со органите во телото

12 Како што едно живо тело е составено од многу органи и сите тие многубројни органи сочинуваат едно исто тело, така е и со Црквата, која е Христово тело. 13 Нас не има Евреи и припадници на други народи[a], некои од нас се робови, а некои слободни. Сепак Божјиот Дух сите нас не крсти и од нас направи едно тело. Секој од нас го прими истиот Дух[b].

14 Телото не е составено само од еден орган, туку од повеќе органи. 15 Ако ногата рече: „Јас не сум дел од телото, бидејќи не сум рака!“ Дали тоа што е нога, а не рака, е причина да не се смета за дел од телото? 16 Или ако увото рече: „Јас не сум дел од телото, бидејќи не сум око!“ Дали тоа што е уво, а не око, е причина да не се смета за дел од телото? 17 Ако целото тело беше само око, како ќе слушавме? Ако целото тело беше само уво, како ќе чувствувавме мириси?

18 Но Бог го создаде нашето тело со многу органи и ги постави онаму каде што сметал дека им е местото. 19 Ако има само еден орган, тоа нема да претставува тело! 20 Телото е едно, но се состои од многу органи. 21 Окото не може да и каже на раката: „Не си ми потребна!“, ниту главата може да им каже на нозете: „Не сте ми потребни!“

22 Напротив, органите што ни изгледаат послаби се многу понеопходни, 23 а на оние што ги сметаме за понеугледни им посветуваме поголемо внимание! Значи, поголемо внимание им посветуваме на нашите понеугледни органи, 24 зашто угледните органи немаат потреба од тоа. Бог така го составил телото, што им дал поголема чест на органите кои ние не ги истакнуваме. 25 Така во самото тело нема неединство, туку органите еднакво се грижат еден за друг. 26 Кога еден орган страда, со него страдаат сите органи. Кога на еден орган му се оддаде признание, со него се радуваат сите органи.

27 Сите заедно, вие сте Христово тело, а секој поединец е посебен орган во тоа тело. 28 Во Христовото тело, односно во Црквата, Бог поставил:

прво апостоли,

второ пророци,

трето учители,

по нив се оние што прават чуда,

па оние што имаат дарба да исцелуваат,

па оние што им помагаат на другите,

па оние што умеат да управуваат

и оние што зборуваат разни јазици.

29 Зар треба сите да бидат апостоли? Треба ли сите да бидат пророци? Зар треба сите да бидат учители? Може ли сите да прават чуда? 30 Може ли сите да имаат дарба да исцелуваат? Треба ли сите да зборуваат на разни јазици? Може ли секој да преведува од друг јазик? Се разбира, не! 31 Стремете се кон поголеми дарби!

А јас ќе ви покажам што е неспоредливо подобро од која и да е дарба!

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest