Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

M’Cheyne Bible Reading Plan

The classic M'Cheyne plan--read the Old Testament, New Testament, and Psalms or Gospels every day.
Duration: 365 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: Exod for the version: Macedonian New Testament
Лука 9

Испраќање на апостолите

(Матеј 10:5-15; Марко 6:7-13) Еден ден, Исус ги повика Своите дванаесет ученици и им даде моќ, овластувајќи ги да истеруваат демонски духови и да исцелуваат болести. Потоа ги испрати да проповедаат за Божјото царство и да исцелуваат болни, давајќи им ги следниве упатства: „Ништо не понесувајте на пат: ни стап, ни торба, ни леб, ни пари, ниту облека за пресоблекување! Кога ќе дојдете во некоја куќа каде што ќе ви укажат гостоприемство, останете таму сe додека не си заминете од тој крај. Онаму каде што нема да ве примат, напуштете го тој град и истресете го правот од своите нозе, како сведоштво против нив.“

Учениците заминаа и обиколувајќи ги селата ја проповедаа Радосната вест и исцелуваа болни насекаде.

Ирод е збунет и исплашен

(Матеј 14:1-12; Марко 6:14-29) Кога слушна за сето ова Ирод[a], гувернерот на областа Галилеја, се вознемири, зашто едни тврдеа дека Јован Крстител воскреснал од мртвите, други, пак, дека се појавил пророкот Илија, а трети дека воскреснал некој од старите пророци. Ирод говореше: „На Јован Крстител јас му ја отсеков главата; кој ли е човекот за кого слушам вакви необични работи!?“ И настојуваше да се види со Исуса.

Враќањето на апостолите

10 По извесно време, апостолите се вратија кај Исус и Му раскажаа за она што го беа направиле. Тогаш Тој ги поведе насамо, на едно тивко место, во околината на градот Бетцаида. 11 Но кога луѓето разбраа каде е, се упатија кон Него. Тој ги прими и им говореше за Божјото царство и ги исцелуваше сите оние на кои им требаше оздравување.

Исус нахранува над пет илјади души

(Матеј 14:13-21; Марко 6:30-44; Јован 6:1-14) 12 При квечерината, кај Исус дојдоа Неговите дванаесетмина ученици и Му рекоа: „Пушти ги луѓето да отидат до околните села и куќи и да си најдат преноќевалиште и храна, зашто местово е пусто.“ 13 Но Исус им рече: „Дајте им вие нешто да јадат.“ Тие Му одговорија: „Имаме само пет леба и две риби; освен ако сакаш да појдеме и да купиме храна за сите овие луѓе.“ 14 А имаше околу пет илјади мажи. Исус им рече на учениците: „Нека поседнат луѓето во групи од по педесет души.“ 15 Така и направија, ги испоседнаа сите луѓе. 16 Исус ги зеде петте леба и двете риби, и со поглед кон небото ги благослови и ги раскрши. Потоа им подаде на учениците да им ги разделат на луѓето. 17 Сите јадеа и се наситија, а собраа и дванаесет кошници остатоци.

Петар Го препознава Исуса како Месија

(Матеј 16:13-19; Марко 8:27-29) 18 Еднаш, кога Исус се молеше на тивко место, со Него беа само Неговите ученици. Тогаш Тој ги праша: „За Кого Ме сметаат луѓето?“ 19 Тие Му одговорија: „Едни велат дека си Јован Крстител, други дека си пророкот Илија, а трети дека си еден од старите пророци кој воскреснал од мртвите.“ 20 „А за Кого Ме сметате вие?“ Петар одговори: „Ти Си Месијата[b] испратен од Бог!“

Исус првпат ја најавува Својата смрт

(Матеј 16:20-28; Марко 8:30-9:1) 21 Тогаш Исус строго им заповеда да не го кажуваат ова никому. 22 Им го рече уште и тоа, дека Тој, Синот Човечки[c], мора многу да страда, отфрлен од старешините, од високото свештенство и од вероучителите; дека ќе биде убиен и дека ќе воскресне на третиот ден.

Да се биде христијанин има своја цена

23 Потоа Исус им се обрати на сите: „Тој што сака да биде Мој следбеник, треба да се откаже од своите себични амбиции, секојдневно да го носи својот крст и да тргне по Моите стапки. 24 Секој што сака да си го чува животот само за себе - ќе го загуби; а тој што ќе го загуби животот заради Мене - ќе го спаси.

25 Дали е добивка за човекот ако го добие и целиот свет, а себеси се изгуби и упропасти? 26 Ако некој се срами од Мене и Моето учење, и Јас, Синот Човечки, ќе се срамам од него кога ќе дојдам во Својата слава и во славата на небесниот Татко и на светите ангели. 27 Ве уверувам дека меѓу вас што стоите овде, има некои што нема да умрат додека не Го видат Божјото царство.“

Исусовото физичко преобразување на планината

(Матеј 17:1-8; Марко 9:2-8) 28 По околу една седмица откако ги изговори овие зборови, Исус ги зеде со Себе Петар, Јаков и Јован и се искачи на планината, за да се моли. 29 Додека се молеше, лицето Му се преобрази и облеката Му стана блескаво бела. 30 Наеднаш, во Негова придружба се најдоа двајца мажи кои разговараа со Него. Тоа беа Мојсеј и пророкот Илија. 31 Нивниот изглед беше величествен и тие разговараа со Исус за смртта што Го очекуваше во Ерусалим. 32 Петар и неговите другари ги беше совладал сон, но кога се разбудија Го видоа Исуса во величествен изглед, како и двајцата што стоеја со Него. 33 Додека Мојсеј и Илија се разделуваа од Исус, Петар проговори, во отсуство на присебност: „Господару! Колку ни е убаво овде! Ајде да направиме три колиби: една за Тебе, една за Мојсеј и една за Илија!“ 34 Додека го изговараше ова, надојде облак и ги покри. Кога се најдоа во облакот, учениците многу се исплашија, 35 а од облакот се чу глас, кој рече: „Ова е Мојот Син, Избраникот Мој; Него слушајте Го!“ 36 Кога се чу гласот, Исус веќе беше останал Сам. Учениците молчеа за ова и во тоа време никому не му кажуваа за тоа што го беа виделе.

Исцелување на едно момче болно од епилепсија

(Матеј 17:14-18; Марко 9:14-27) 37 Утредента додека Исус и тројцата Негови ученици слегуваа од планината ги пресретна многуброен народ. 38 Еден човек извика од толпата: „Учителе! Те молам, погледни го мојот син, тој ми е единец! 39 Го напаѓа зол дух, го тера да вреска, го фрла наваму-натаму и пена му избива на устата. Многу го измачува и долго не го пушта. 40 Ги молев Твоите ученици да го истераат тој дух, но тие не можеа!“

41 Исус одговори: „Ах, колку неверно и грешно поколение сте вие! До кога ќе морам да останам со вас и да ве поднесувам!?“ Потоа му рече на човекот: „Донеси го синот овде!“ 42 Додека момчето приоѓаше, демонскиот дух го кутна наземи и почна да го измачува. Исус со наредба го изгони демонскиот дух и го исцели момчето, па му го врати на таткото.

Исус вторпат зборува за Својата смрт

(Матеј 17:22-23; Марко 9:30-32) 43 Сите останаа вчудовидени пред Божјата моќна сила. И додека народот сe уште се восхитуваше од она што го правеше Исус, Тој им се обрати на Своите ученици и им рече: 44 „Запомнете ги добро овие зборови: Синот Човечки[d] ќе биде предаден во рацете на луѓето.“ 45 Но учениците не ги разбраа овие зборови. За нив ова остана таинствено, а не се осмелуваа да Го прашаат Исуса што значат тие зборови.

Кој е најголем во Божјите очи?

(Матеј 18:1-5; Марко 9:33-37) 46 Меѓу учениците на Исус се разви расправија за тоа, кој од нив е најголем? 47 Исус, познавајќи ги нивните мисли, повика едно дете, го стави крај Себе, 48 и им рече: „Тој што го прима ова дете во Мое име - Мене Ме прима; а кој Ме прима Мене, Го прима Оној[e] што Ме испрати. Најголем меѓу сите вас е оној што е најпонизен!“

Кој не е против вас, тој е со вас

(Марко 9:38-40) 49 Тогаш Јован Му рече на Исус: „Господару! Видовме еден човек, кој во Твое име изгонува демонски духови и му наредивме да престане, зашто тој не оди со нас.“ 50 Но Исус му одговори: „Немојте да му забранувате! Кој не е против вас, тој е со вас!“

ИСУС ТРГНУВА КОН ЕРУСАЛИМ

Негостољубивите Самарјанци

51 Кога наближи времето да биде вознесен на небото, Исус решително тргна кон Ерусалим. 52 Испрати гласници пред Себе, кои отидоа во едно самариско село, за да Му приготват преноќевалиште, 53 но тие не сакаа да Го примат, зашто Тој одеше за Ерусалим[f]. 54 Кога го слушнаа тоа учениците Јаков и Јован, рекоа: „Господе, сакаш ли да заповедаме да слезе оган од небото, па да ги уништи, како што направи Илија[g]?“ 55 Но Исус се сврте кон нив и ги прекори. 56 Потоа Исус и Неговите ученици отидоа во друго село.

Колебливи следбеници

(Матеј 8:19-22) 57 Додека патуваа, еден човек Му пристапи и рече: „Готов сум да Те следам насекаде!“ 58 А Исус му одговори: „Лисиците си имаат дувла, птиците гнезда, но Јас, Синот Човечки, немам Свое место за почивање.“

59 А на еден друг човек, Исус му рече: „Дојди и биди Мој следбеник!“ Но човекот рече: „Господе, дозволи ми најпрво да одам да го погребам татко ми.“ 60 Исус му одговори: „Остави ги духовно мртвите да ги погребуваат своите мртовци. Ти тргни да проповедаш за Божјото царство!“

61 И трет човек Му се обрати на Исус: „Ќе тргнам со Тебе, Господе, но дозволи ми најпрво да отидам и да се збогувам со моето семејство!“ 62 Исус му рече: „Божјото царство нема полза од човек кој ја става раката на ралото, а гледа назад!“

Error: Book name not found: Job for the version: Macedonian New Testament
1 Коринќаните 10

Предупредување против идолопоклонството

10 Драги мои, сакам да ве потсетам на нашите предци кога патуваа низ пустината. Бог ги водеше, испраќајќи подвижен облак да ги води[a]; сите безбедно минаа преку морето. Како следбеници на Мојсеј, тие беа крстени во морето, со Божјиот облак над нив. Сите ја јадеа истата храна[b] што ја добиваа на чудотворен начин, сите ја пиеја истата вода што потече за нив на чудотворен начин[c], зашто тие пиеја од духовната Карпа која ги придружуваше. Таа „Карпа“ беше Христос. Сепак, со повеќето од нив Бог не беше задоволен. Затоа тие изумреа, а нивните тела останаа расфрлени по пустината.

Тоа што им се случи е поука за нас, за да не посакуваме зли нешта, како што посакуваа тие, да не станеме идолопоклоници, како што станаа некои од нив. За ова во Светото Писмо пишува:

„Луѓето славеа со гозби и пијанки,

а потоа заиграа пагански игри[d]!“

Да не вршиме блуд, како што вршеа некои од нив поради што само во еден ден загинаа дваесет и три илјади души! Да не Го предизвикуваме Господ[e], како што некои од нив Го предизвикуваа, па загинаа каснати од змии. 10 Немојте да негодувате, како што некои од нив негодуваа, па Господ го испрати ангелот на смртта да ги погуби.

11 Ова што им се случи ним, треба да биде поука за нас. Тоа е запишано во Светото Писмо како предупредување за нас што живееме во овие последни денови. 12 Затоа, секој што мисли дека е цврст спрема искушенијата, нека внимава да не потклекне. 13 Искушенијата ги сполетуваат сите луѓе, но тие не се над вашите сили. Тој нема да дозволи да бидете искушувани повеќе отколку што можете да поднесете. А за секое искушение ќе ви покаже излез и ќе ви даде сили да се одбраните.

14 Затоа, драги мои, пазете се од идолопоклонство. 15 Вие сте разумни луѓе и самите можете да расудите за ова што ќе ви го кажам. 16 Кога на Господовата вечера[f] пиеме од чашата над која молиме Божји благослов, не земаме ли учество во придобивките што произлегуваат од Христовата крв? Кога го кршиме лебот и го јадеме, не земаме ли учество во придобивките што произлегуваат од Христовото тело? 17 Со тоа што јадеме од еден ист леб покажуваме дека сите ние сме едно тело. 18 Погледнете ги Израелците како народ. Тие, јадејќи од жртвите принесени на еден ист жртвеник, покажуваат дека се еден народ[g].

19 Што сакам да кажам со ова? Дали идолите на кои паганите им принесуваат жртви се вистински богови и дали од тие жртви има некаква придобивка? 20 Се разбира, не! Она што тие го принесуваат како жртва им го принесуваат на демоните, а не на Бог, а јас не сакам вие да општите со демони. 21 Не може да пиете од чашата на Господ, а потоа и од чашата на демоните! Не може да седите на Господовата трпеза, а потоа и на демонската трпеза! 22 Зар ќе предизвикуваме љубомора[h] кај Господ? Зар сме ние посилни од Него?

23 Велите: „Имаме слобода да правиме што сакаме!“ Да, но не е се полезно! Иако имаме слобода да правиме што сакаме, не придонесува се за наше изградување! 24 Ниеден од нас не треба да ги гледа само своите интереси, туку да водиме сметка и за другите луѓе.

25 Еве како треба да постапувате. Слободно јадете од секое месо што се продава на пазар, без да се распрашувате дали било наменето за идоли; така нема да ве гризе совеста. 26 А Светото Писмо вели: „Господова е Земјата и се што ја исполнува[i].“

27 Ако некој што не е христијанин ве покани на вечера и вие сакате да одите, одете слободно. Јадете од се што ќе ви биде принесено, без да се распрашувате дали таа храна била наменета како принос за идоли; така нема да ве гризе совеста. 28 Но ако некој ве предупреди и ви рече: „Таа храна е од приноси на идоли“, тогаш немојте да јадете, заради совеста на тој што ви го рекол тоа. 29 Значи, не заради вашата совест, туку заради совеста на тој што ве предупредил.

Можеби некој ќе рече: „Зошто мојата слобода да биде ограничена од тоа што им ја обременува совеста на други луѓе!? 30 Ако јас Му се заблагодарувам на Бог за она што го јадам, зошто некој да ме напаѓа поради тоа што го јадам!?“ 31 Но дури и јадењето, пиењето, па и секоја наша постапка треба да биде за Божја слава. 32 Затоа, немојте да ги соблазнувате ни Евреите, ни другите народи, ни оние што и припаѓаат на Божјата Црква. 33 Правете како што правам јас: на сите се обидувам да им угодам и не правам онака како што би било најдобро за мене, туку пред се, мислам на другите луѓе. Така постапувам затоа што сакам тие да се спасат.

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest