Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

M’Cheyne Bible Reading Plan

The classic M'Cheyne plan--read the Old Testament, New Testament, and Psalms or Gospels every day.
Duration: 365 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: Gen for the version: Macedonian New Testament
Матеј 28

Исусовото воскресение: пораката на ангелот

(Мк. 16:1-8; Лк. 24:1-12; Јвн. 20:1-10) 28 Кога измина саботата, во раните мугри на неделата, Марија Магдалена и другата Марија дојдоа да го посетат гробот. Одненадеж почвата силно се затресе; ангел Господов слезе од небото, го тргна каменот со кој беше затворена гробницата и седна врз него. Лицето му светеше како молскавица, а облеката му беше бела како снег. Стражарите толку се исплашија, што како мртви испопаѓаа по земјата.

Ангелот им се обрати на жените: „Не плашете се! Знам дека Го барате распнатиот Исус. Не е тука; воскресна, како што однапред ви беше рекол! Влезете и погледнете го местото каде што беше положено Неговото тело. Одете брзо и кажете им на Неговите ученици дека Тој воскресна од мртвите и дека е на пат кон Галилеја. Појдете таму и ќе Го видите. Еве, дојдов да ви го кажам тоа.“

Со измешани чувства на страв и радост жените веднаш ја напуштија гробницата и со трчање се упатија кон Исусовите ученици да ги известат за ова.

Исус им се јавува на двете Марии

Одеднаш, ги пресретна Исус и ги поздрави: „Здраво!“ Тие Му пријдоа, ги прегрнаа Неговите нозе и Му се поклонија. 10 Тогаш Исус им рече: „Не плашете се! Одете и јавете им на Моите браќа[a] да појдат во Галилеја; таму ќе се видиме!“

Исказите на стражарите

11 Додека жените одеа кон градот, некои од стражарите што го чуваа гробот веќе отидоа во градот и им раскажаа на свештеничките поглавари за сето ова што се случи. 12 Тогаш свештеничките поглавари се состанаа со народните старешини и решија да ги подмитат стражарите со голема сума пари. 13 Им рекоа вака: „Ќе кажувате дека Исусовите ученици дошле ноќе додека вие сте спиеле и го украле Неговото тело! 14 Ако за ова чуе гувернерот, ние ќе се погрижиме да нема непријатности за вас.“ 15 Стражарите ги зедоа парите и постапија онака како што им беше кажано. За ова меѓу Јудејците се раскажува до ден-денес.

Исус им задава мисија на Своите следбеници

(Мк. 16:14-18; Лк. 24:36-49; Јвн. 20:19-23; Дела 1:6-8) 16 Единаесеттемина Исусови ученици отидоа во Галилеја, на гората на којашто Исус им закажа средба. 17 Кога Го видоа, тие Му се поклонија, иако некои од нив останаа неуверени. 18 Приближувајќи им се, Исус им рече:

„Ми се даде целата власт, на небото и на Земјата.

19 Одете меѓу сите народи и создадете од нив Мои ученици;

крштавајте ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух;

20 Учете ги новите следбеници да го извршуваат сето она што вам ви го заповедав.“

Error: Book name not found: Esth for the version: Macedonian New Testament
Дела Ап 28

3) Три месеци на Малта

28 Откако се спасивме, дознавме дека се наоѓаме на островот Малта. Островјаните беа мошне љубезни спрема нас. Бидејќи врнеше дожд и беше студено, тие запалија оган и сите не прибраа.

Павле собра еден куп суварки и ги ставаше врз огнот, а една змија гонета од огнот излезе од суварките и му се впи во раката. Кога островјаните ја видоа змијата како виси на неговата рака, си проговорија меѓу себе: „Овој човек мора да е убиец! Се спаси од морето, но правдата не го остава да живее!“ Но Павле ја истресе змијата во огнот и немаше никакви последици по неговото здравје. Луѓето очекуваа Павле да отече или веднаш да падне мртов, но откако подолго време гледаа и чекаа, а со него ништо не се случи, си го сменија мислењето и си говореа дека тој човек е бог!

Во близината на тоа место имаше имот што му припаѓаше на Публиј, поглаварот на островот. Тој, најљубезно не прими и три дена не гоштаваше. Таткото на Публиј лежеше в постела, зашто имаше треска и страдаше од дизентерија. Павле му пријде, се помоли за него, ги положи рацете врз него и го исцели. По тој настан и други луѓе од островот што беа болни доаѓаа кај Павле и тој ги исцелуваше. 10 Заради ова, островјаните ни искажаа многу почести, а кога повторно испловивме, ни дадоа се што ни беше потребно за пловидбата.

4) Од Малта до Рим

11 По три месеци се качивме на еден брод од Александрија, што го носеше знакот на римските богови - близнаци[a] и ја беше минал зимата на Малта. 12 Стигнавме во Сиракуза[b] и таму останавме три дена. 13 Оттаму, пловејќи покрај брегот, стигнавме во Регија[c]. Утредента дувна јужен ветер, па по два дена стигнавме во Путеоли. 14 Таму најдовме неколку христијани, кои не поканија да останеме кај нив седум дена. Потоа продолживме кон Рим.

15 Тамошните христијани, откако слушнале за нас, дојдоа да не пречекаат уште кај Форумот[d] на Апиј, а други ни се придружија кај Трите Крчми[e]. Кога Павле ги виде, Му заблагодари на Бог и се охрабри.

16 Сега, кога веќе беше во Рим, на Павле му беше дозволено да живее каде што сака, чуван од само еден војник.

5) Средба со Евреите во Рим

17 По три дена Павле ги повика водачите на тамошните Евреи и им рече: „Јас, браќа, иако не направив ништо што би било на штета на нашиот народ или на обичаите на нашите предци, бев уапсен од Евреи во Ерусалим и предаден на римската власт. 18 Римјаните, откако ме сослушаа, сакаа да ме ослободат, бидејќи не најдоа никаква вина што би заслужувала смртна казна, 19 но кога Евреите се противставија на тоа, иако не можеа против мене да изнесат никакво обвинение, јас бев принуден да барам заштита од императорот. 20 Затоа ве викнав, за да се запознаам со вас и да ви објаснам дека јас ги носам овие окови поради тоа што верувам оти она на што се надеваше Израел - Месијата, веќе дојде.“ 21 Тие му одговорија: „Ние ниту сме добиле писмо во врска со тебе од Јудеја, ниту пак некој наш брат дошол да ни каже нешто лошо за тебе. 22 Сакаме од тебе да слушнеме што мислиш ти за христијанството[f], зашто слушаме дека насекаде се зборува против него.“

23 Определија ден и многумина дојдоа во неговата изнајмена куќа, а тој од утро до мрак им објаснуваше и им говореше за Божјото царство, ги уверуваше за Исус, читајќи им од Мојсеевите книги и од Книгите на пророците. 24 Некои се убедија од она што беше кажано, а некои не поверуваа. 25 Се појавија несогласувања, па почнаа да си заминуваат, а Павле им рече: „Во право беше Светиот Дух кога преку пророкот Исаија за вашите предци рече:

26 ,Оди кај овој народ и речи му:

Ќе го слушате Моето Слово, но нема да го разберете;

ќе ги гледате Моите дела, но нема да ги сфатите!

27 Зашто, срцата на овие луѓе им се закоравени!

Со ушите одвај слушаат, а очите си ги затвораат!

Не сакаат да видат, да слушнат, да разберат,

па да се свртат кон Мене за да ги исцелам[g]!‘

28 Затоа сакам да знаете дека ова спасение од Бог е испратено и за нееврејските народи и тие ќе го прифатат!“ 29 [h]

30 Таму Павле остана цели две години во изнајмена куќа[i] и ги примаше сите што му доаѓаа, 31 проповедајќи им за Божјото царство и поучувајќи ги за Господ Исус Христос, слободно и непречено.

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest