Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

M’Cheyne Bible Reading Plan

The classic M'Cheyne plan--read the Old Testament, New Testament, and Psalms or Gospels every day.
Duration: 365 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: Gen for the version: Macedonian New Testament
Матеј 27

Исус му е предаден на Пилат

(Мк. 15:1; Лк. 23:1-2; Јвн. 18:28-32) 27 На разденување, се состанаа сите свештенички поглавари и народни старешини и решија да побараат од римските власти Исус да биде погубен. Го врзаа и Го одведоа кај римскиот гувернер Пилат.

Самоубиството на Јуда

(Дела 1:18-19) Кога предавникот Јуда разбра дека Исус е осуден на смрт, кај него се јави грижа на совеста, па им ги врати триесетте сребреници на свештеничките поглавари и на старешините, изјавувајќи: „Згрешив, бидејќи предадов невин човек!“ Но тие му одговорија: „Што имаме ние со тоа? Тоа си е твоја работа!“

Тогаш Јуда ги фрли сребрениците во храмот, си замина оттаму и се обеси. Свештеничките поглавари ги собраа парите и рекоа: „Овие пари беа дадени за да се погуби човек; затоа не смеат да се стават во црковната каса!“ Одржаа состанок на кој решија да се купи ,грнчаревата нива[a]‘ и да се користи како гробишта за туѓинци. Поради ова, таа нива до денес се вика ,Крвна нива‘. На тој начин се исполнија зборовите на пророкот Еремија:

„Ги зедоа триесетте сребреници,

цена што за Непроценливиот ја определија Израелците.

10 Ги платија за нивата на грнчарот,

како што Господ ми објави[b].“

Пилат Го сослушува Исуса

(Мк. 15:2-5; Лк. 23:3-5; Јвн. 18:33-38) 11 Исус беше доведен пред римскиот гувернер Пилат, кој Го запраша: „Ти ли си царот на Евреите?“ Исус му одговори: „Самиот го велиш тоа.“ 12 А кога свештеничките поглавари и старешините почнаа да ги изнесуваат своите обвинувања против Него, Исус молчеше. 13 Тогаш Пилат Му рече: „Зар не ги слушаш овие тешки обвиненија против Тебе?“ 14 Но Исус воопшто не му одговараше, на што гувернерот многу се чудеше.

15 А на секој празник, гувернерот пушташе од затвор по еден затвореник, по избор на народот. 16 Во тоа време в затвор беше еден озлогласен разбојник, по име Бараба[c]. 17 Пилат го запраша насобраниот народ: „Кого сакате да ви го ослободам: (Исус) Бараба или Исус, наречен ,Месијата‘?“ 18 Пилат знаеше дека еврејските водачи му Го предадоа Исуса од завист.

19 Додека Пилат го водеше судењето, му ја донесоа следната порака од неговата сопруга: „Не учествувај во осудувањето на Тој праведен човек, зашто ноќва имав морничави соништа поради Него!“

20 Но свештеничките поглавари и народните старешини го наговорија народот да бара ослободување за Бараба, а погубување за Исус. 21 Гувернерот повторно го праша насобраниот народ: „Кој од овие двајца сакате да ви го ослободам?“ А тие извикаа: „Бараба!“ 22 Тогаш Пилат ги праша: „А што да правам со Исус, наречен ,Месијата‘?“ Тие на сиот глас викаа: „Распни Го на крст!“ 23 „Какво злосторство извршил?“ - ги праша Пилат. Но тие уште погласно викаа: „Распни Го на крст!“

24 Пилат виде дека ништо не може да постигне и дека викањето станува се погласно, па зеде вода, си ги изми рацете пред народот и рече: „Јас сум невин за смртта на овој човек! Ова е ваше дело!“

25 „Ние и нашите деца ја преземаме одговорноста за Неговата смрт!“ - викаше целиот насобран народ.

26 Тогаш Пилат им го ослободи Бараба, а на своите војници им нареди да Го камшикуваат Исуса и потоа да Го распнат на крст.

Војниците Го понижуваат Исуса

(Мк. 15:16-21; Јвн. 19:2-3) 27 Тогаш војниците на гувернерот Го воведоа Исуса во дворот и околу Него се насобра цела чета војници. 28 Тие Му ја соблекоа горната облека и Му облекоа црвена наметка[d]. 29 Исплетоа венец од трње и Му го ставија на главата, а во десната рака Му ставија една трска. Потоа паѓаа пред Него на колена и Му се подбиваа, велејќи Му: „Здраво, еврејски царе!“ 30 Го плукаа и со трската Го удираа по главата.

Распнувањето на Исус

(Мк. 15:22-32; Лк. 23:27-43; Јвн. 19:17-27) 31 Откако доволно се изнашегуваа со Исус, Му ја симнаа црвената наметка и повторно Му ја облекоа Неговата горна облека. Потоа Го поведоа на распнување. 32 По пат сретнаа еден човек по име Симон, од градот Кирена, и го натераа да го носи крстот за распнувањето на Исус.

33 Стигнаа на местото наречено Голгота, што во превод значи „Череп“. 34 Му понудија на Исус пијалак од вино помешано со една горчлива течност за ублажување на болките, но кога Тој вкуси не сакаше да го пие.

35 Војниците Го распнаа Исуса на крстот и со жрепка си ги поделија меѓу себе Неговите алишта[e]. 36 Потоа седнаа и стражареа околу Него. 37 Над главата Му ставија натпис за Неговата вина. Натписот гласеше: „Ова е Исус, царот на Евреите.“ 38 Заедно со Него распнаа и двајца злосторници: едниот оддесно, другиот одлево на Исус.

Минувачите Го навредуваат Исуса

39 Минувачите покрај крстот Го навредуваа Исуса, вртејќи со главите и 40 извикувајќи: „Ти, што тврдеше дека ќе ни го разурнеш храмот и за три дена повторно ќе го подигнеш, спаси се сега! Ако си Ти Божјиот Син, ајде симни се од крстот!“

41 На сличен начин Му се подбиваа и свештеничките поглавари, старешините и вероучителите. Тие говореа: 42 „Други спасуваше, а Самиот не може да се спаси! Тој ми бил цар на Израел! Нека се симне сега од крстот, па ќе Му веруваме! 43 На Бога се повикуваше, сега Тој нека Го избави, ако Му е навистина мил! Нели Самиот тврдеше дека е Божји Син!?“ 44 На ист начин Го навредуваа и со Него распнатите злосторници.

Смртта на Исус

(Мк. 15:33-41; Лк. 23:44-49; Јвн. 19:28-30) 45 Меѓу дванаесет и петнаесет часот над целата земја се спушти густа темнина. 46 Околу петнаесет часот, Исус извика со силен глас: „Ели[f], Ели, л’ма ш’вактани?“ - што во превод значи: „Боже Мој, Боже Мој, зошто Ме остави!?“

47 Некои од присутните Го слушнаа ова и рекоа: „Го довикува пророкот Илија!“ 48 Еден од нив веднаш истрча, накваси сунѓер во оцет, го закачи на врвот од трска и Му понуди на Исус да се напие. 49 Другите, пак, говореа: „Чекајте, да видиме дали ќе дојде Илија да Го спаси!“

50 Исус уште еднаш извика со силен глас и умре[g].

51 Во тој миг, завесата[h] во храмот се расцепи на два дела озгора додолу. Земјата се тресеше и карпите распукнуваа! 52 Гробници се отворија и телата на голем број починати праведници воскреснаа! 53 Тие излегоа од гробниците и по Исусовото воскресение дојдоа во светиот град[i] и им се покажаа на многу луѓе.

54 Римскиот офицер и војниците кои стражареа крај Исус го почувствуваа земјотресот, а ги забележаа и останатите случки. Од тоа многу се исплашија и говореа: „Овој човек навистина беше Божјиот Син!“

55 Тука беа присутни и голем број жени, кои уште од Галилеја Го придружуваа Исуса и Му помагаа. 56 Меѓу нив беа: Марија од градот Магдала[j], Марија - мајката на Јаков и Јосиф, и мајката на Завдаевите синови, Јаков и Јован.

Погребот на Исус

(Мк. 15:42-47; Лк. 23:50-56; Јвн. 19:38-41) 57 Таа вечер, еден богат човек од Ариматеја, кој се викаше Јосиф, а беше Исусов ученик, 58 дојде кај Пилат и го побара Исусовото тело. 59 Пилат одобри да му се даде. Тогаш Јосиф го зеде телото, го завитка во чисто платно 60 и го положи во својата нова, дотогаш некористена гробница, издлабена во карпа. На отворот постави голем камен и си замина. 61 Спроти гробницата останаа да седат Марија Магдалена и другата Марија.

Стража на Исусовиот гроб

62 Утредента, во саботата, кај Пилат дојдоа заедно свештеничките поглавари и фарисеите. 63 Тие му рекоа: „Господине! Се сетивме дека оној измамник, уште додека беше жив, рече: „На третиот ден ќе воскреснам од мртвите!“ 64 Затоа, заповедај три дена да се чува Неговиот гроб, за да не дојдат Неговите ученици да Го украдат Неговото тело, па после да му кажуваат на народот дека Тој воскреснал од мртвите. Ако се случи тоа, последната лага ќе биде полоша од првата[k]!“ 65 Пилат им рече: „Еве ви стражари, па одете и чувајте како што знаете.“ 66 Тие отидоа, го запечатија гробниот камен и поставија стража пред гробницата.

Error: Book name not found: Esth for the version: Macedonian New Testament
Дела Ап 27

ПАВЛЕ ОТПЛОВУВА КОН РИМ

27 Кога беше решено да не носат за Италија, Павле и неколку други затвореници, му беа предадени на еден офицер[a] од Августовиот[b] полк по име Јулиус. Се качивме на еден брод, чие матично пристаниште беше Адрамитија. Тој се подготвуваше да плови покрај местата од брегот на Азија што ни беа на пат. Со нас беше и Аристарх, Македонец од Солун.

Следниот ден пристигнавме во Сидон. Римскиот офицер Јулиус беше многу љубезен со Павле и му дозволи да отиде кај неговите пријатели, за да го снабдат со се што му е потребно.

Откако отпловивме оттаму, скршнавме накај Кипар, зашто ветровите не ни дозволуваа да продолжиме во планираната насока. Поминавме покрај бреговите на покраините Киликија и Памфилија, па дојдовме до местото Мира во покраината Ликија. Таму офицерот најде еден египетски брод од Александрија што требаше да плови за Италија и не префрли на него.

Долго време пловевме бавно и тешко и одвај дојдовме до брегот на Книд. Ветрот не ни дозволуваше да впловиме во Книд, па отпловивме на спротивната страна од островот Крит, заобиколувајќи го ’ртот Салмона. Со голема мака го заобиколивме и дојдовме до местото наречено Добри Пристаништа, близу до градот Ласеја.

Изгубивме многу време и повеќе не беше безбедно да се плови, зашто веќе беше поминал и Големиот есенски пост[c], па Павле ги советуваше одговорните на бродот: 10 „Луѓе, гледам дека пловидбата тешко ќе оди и ќе има големи опасности, не само за товарот и бродот, туку и за нашите животи.“ 11 Меѓутоа офицерот повеќе им веруваше на кормиларот и на сопственикот на бродот, отколку на она што го рече Павле. 12 Ова пристаниште не беше погодно за презимување, па мнозинството реши да отпловиме оттаму и да се обидеме да допловиме до Феникс, па да презимиме во тоа критско пристаниште, свртено и кон југозапад и кон северозапад.

1) Бура меѓу Крит и Малта

13 Кога дувна тивок јужен ветер, морнарите мислеа дека условите се поволни, па ја дигнаа котвата и запловија крај брегот на Крит. 14 Но по кратко време дувна против нас ветер со ураганска сила, наречен североисточник. 15 Зафатени од ветерот и не можејќи да пловиме наспроти него, кренавме раце и се препуштивме ветерот да не носи. 16 Кога поминавме во завет на едно островче наречено Кавда[d], одвај успеавме да го зачуваме чамецот за спасување, кој беше трескан од брановите. 17 Морнарите го качија горе и го врзаа со јажиња за бродот. Постоеше опасност да заринкаме на песочните наноси кај Сирт, па затоа ја спуштија котвата и го оставија бродот слободно да плови.

18 Следниот ден бурата толку силно не фрлаше наваму-натаму што морнарите почнаа да го исфрлаат товарот в море. 19 На третиот ден ја исфрлија и опремата на бродот, а и се што им дојде под раце. 20 Веќе долго време не се појавуваа ни сонцето, ниту ѕвездите, а бурата продолжуваше да беснее, така што конечно изгубивме секаква надеж дека ќе се спасиме.

21 Луѓето веќе долго време немаа апетит и не јадеа. Тогаш стана Павле и им рече: „Требаше да ме послушате и да не испловите од Крит. Така ќе се поштедевте од овие неволи и загуби. 22 Сега ве советувам да се држите храбро, зашто никој од вас нема да загине. Ќе биде уништен само бродот. 23 Минатата ноќ застана крај мене ангел пратен од Бога, Кому јас Му припаѓам и служам, 24 и ми рече: ,Не плаши се, Павле! Ти сигурно ќе стигнеш до императорот, а заради тебе, Бог ќе им ги поштеди животите и на сите што пловат со тебе.‘ 25 Затоа, луѓе, разведрете се! Јас верувам дека тоа што Бог ми го кажа ќе се оствари. 26 Ќе бидеме исфрлени на некој остров, но бродот ќе биде уништен.“

27 Кога дојде четиринаесеттата ноќ, откако бурата не фрлаше наваму-натаму низ Адријанското[e] Море, некаде околу полноќ, морнарите забележаа дека се приближуваме до некое копно. 28 Ја измерија длабочината и утврдија дека изнесува околу триесет и седум метри[f]. Пловеа уште малку, па пак ја измерија длабочината која сега изнесуваше само дваесет и седум метри[g]. 29 Плашејќи се да не удриме во подводни карпи, тие фрлија четири котви од задниот дел на бродот и со трепет чекаа да осамне. 30 Тогаш морнарите се обидоа да побегнат од бродот. Почнаа да го спуштаат чамецот за спасување, под изговор дека од предницата на бродот ќе спуштаат котви. 31 Но Павле им рече на офицерот и на војниците: „Ако морнарите не останат на бродот, нема ни вие да се спасите!“ 32 Тогаш војниците ги пресекоа јажињата на кои висеше чамецот за спасување и го пуштија да падне и да отплови.

33 Пред да осамне, Павле ги молеше сите да јадат, велејќи им: „Денес е веќе четиринаесетти ден како гладувате. Ништо не сте ставиле в уста. 34 Ве молам, каснете нешто. Тоа ќе ви помогне да се спасите. На никого од вас ниту влакно од главата нема да му недостасува.“ 35 Кога им го рече ова, самиот зеде леб, Му заблагодари на Бог пред сите, и почна да крши од лебот и да јаде. 36 Тогаш сите луѓе се охрабрија и почнаа да јадат. 37 На бродот имаше двесте седумдесет и шест души. 38 Откако се најадоа, го исфрлија житото в море, за да го олеснат бродот.

2) Бродолом со среќен крај

39 Кога се раздени, морнарите видоа копно, но не можеа да препознаат за која земја се работи. Забележаа залив со достапен брег и решија да се обидат со бродот да пријдат кон брегот. 40 Ги одврзаа котвите и ги спуштија во морето. Ги разлабавија јажињата на кормилата, го кренаа предното платно спроти ветрот и се упатија накај брегот. 41 Но бродот удри во гребен меѓу две морски струи и предницата на бродот заринка, па не можеше да се помрдне, а задниот дел почна да напукува од ударите на брановите.

42 Војниците имаа намера да ги убијат затворениците, за да не исплива некој и да побегне, 43 но офицерот ги спречи, сакајќи да го поштеди Павле. Тој нареди оние што знаат да пливаат први да скокнат од бродот и да пливаат накај копното, 44 а другите да се спасуваат на штици и на други остатоци од бродот. Така сите се спасија и стигнаа на копното.

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest