Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

M’Cheyne Bible Reading Plan

The classic M'Cheyne plan--read the Old Testament, New Testament, and Psalms or Gospels every day.
Duration: 365 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: Gen for the version: Macedonian New Testament
Матеј 25

Споредба на Небесното царство со десет девојки

25 „Кога ќе биде воспоставено небесното царство, тоа ќе биде како во следната споредба. Десет девојки ги зеле своите ламби и излегле да го пречекаат младоженецот. Петте од нив биле глупави, а другите пет - мудри. Глупавите понесле со себе ламби, но не зеле и масло за горење. Мудрите, пак, заедно со ламбите зеле и масло за горење.

Доаѓањето на младоженецот се забавило, па сите девојки задремале и заспале.

На полноќ ги разбудил силен извик: ,Младоженецот доаѓа! Излезете му во пресрет!‘ Девојките станале и почнале да ги подготвуваат своите ламби. Тогаш глупавите им рекле на мудрите: ,Дајте ни од вашето масло за горење, зашто ламбите ни гаснат!‘ Но мудрите им одговориле: ,Немаме доволно масло и за вас и за нас; затоа, појдете кај трговците и купете си!‘

10 Додека тие отишле да купат масло, младоженецот пристигнал. Тие што биле подготвени, влегле со него на свадбата, по што вратата била затворена. 11 Подоцна пристигнале и другите девојки и почнале да викаат: ,Господине! Господине! Отвори ни!‘ 12 А тој им одговорил: ,Не ве познавам кои сте!‘“

13 „Затоа“ - заклучи Исус - „бидете подготвени во секое време, зашто не го знаете ни денот, ни часот кога ќе се вратам.“

Споредба за доверените богатства

(Лука 19:11-27) 14 „Небесното царство може да се спореди со човек кој, пред да замине на пат, ги повикал своите слуги и им го предал својот имот да раководат со него. 15 На секој од нив им дал според нивните способности: на првиот му доверил пет илјади златници[a], на вториот две илјади, а на третиот илјада. Потоа тој заминал на пат. 16 Оној што добил пет илјади златници веднаш почнал да тргува со нив и спечалил уште пет илјади. 17 Исто така и оној што добил две илјади златници спечалил уште две илјади. 18 А слугата што добил илјада златници ги скрил златниците на неговиот господар, закопувајќи ги вземи.

19 По подолго време господарот на слугите се вратил и ги повикал да му положат сметка. 20 Дошол оној што беше примил пет илјади златници, донесол уште други пет илјади и рекол: ,Господару, ти ми довери пет илјади златници; еве, со нив спечалив уште пет илјади‘ 21 ,Одлично!‘ - му одговорил господарот. ,Ти се покажа како добар и верен работник. Ја оправда довербата над она малку што ти го доверив; затоа сега ќе ти предадам многу повеќе. Влези и придружи се на веселбата што ја приредува твојот господар!‘

22 Потоа пристапил и оној што беше добил две илјади златници и рекол: ,Господару, ти ми довери две илјади златници; еве, со нив спечалив уште две илјади‘ 23 ,Одлично!‘ - му одговорил господарот. ,Ти се покажа како добар и верен работник. Ја оправда довербата над она малку што ти го доверив; затоа сега ќе ти предадам многу повеќе. Влези и придружи се на веселбата што ја приредува твојот господар!‘

24 На крајот пристапил и слугата што беше добил илјада златници и рекол: ,Господару, знаев дека си ти строг човек: жнееш каде што не си сеел и береш каде што не си садел. 25 Се исплашив дека ќе ги загубам доверените златници, па отидов и ги закопав. Еве, ти го враќам твоето.‘ 26 Тогаш неговиот господар му рекол: ,Лош и мрзлив слуго! Штом си знаел дека сум строг човек и дека жнеам каде што не сум сеел и берам каде што не сум садел, 27 зошто не ги стави моите пари в банка, та кога се вратив, со нив ќе добиев и камата!?‘ 28 Затоа, земете му ги тие илјада златници и дајте му ги на оној што има десет илјади златници! 29 Секој што спечалил нешто со она што му е доверено, ќе му биде дадено уште и тој ќе има изобилно. А на тој што не спечалил ништо со она што му е доверено, ќе му биде земено и она малку што го има. 30 А бескорисниот слуга фрлете го надвор во темница - таму каде што луѓето од мака лелекаат и чкртаат со сопствените заби!“

Последниот Суд

31 „Кога Синот Човечки[b] ќе дојде во Сиот Свој сјај, придружен од сите Свои ангели, ќе седне на Својот славен престол 32 и ќе ги собере околу Себе сите народи. Тој ќе ги одвои во две групи - како што овчарот ги одлачува овците од козите. 33 Овците ќе ги постави на Својата десна страна, а козите на левата. 34 Тогаш Царот ќе им се обрати на оние од десната страна: ,Вие сте благословени од Мојот Татко; дојдете и примете го Царството што е приготвено за вас уште од создавањето на светот. 35 Зашто, кога бев гладен, вие Ме нахранивте; кога бев жеден, Ме напоивте; кога бев патник, Ме прибравте; 36 кога бев без облека, Ме облековте; кога бев болен, Ме гледавте; кога бев в затвор, Ме посетувавте.‘

37 Тогаш праведниците ќе Му одговорат: ,Господе! Кога сме Те виделе гладен или жеден, па сме Те нахраниле и сме Те напоиле? 38 Кога сме Те сретнале како патник или без облека, па сме Те прибрале и сме Те облекле? 39 Кога сме Те виделе болен или в затвор, па сме Те гледале и сме Те посетиле!?‘ 40 А Царот ќе им рече: ,Секогаш кога сте го правеле тоа за еден од Моите најмали луѓе - сте го правеле за Мене!‘

41 Потоа Царот ќе им се обрати на оние од левата страна: ,Бегајте од Мене, вие клетници! Одете во вечниот оган, подготвен за Ѓаволот и за неговите ангели! 42 Зашто, кога бев гладен, вие не Ми дадовте да јадам; кога бев жеден, не Ми дадовте да се напијам, кога бев патник не Ме прибравте; 43 кога бев без облека, не Ме облековте, кога бев болен и в затвор, вие не Ме посетивте.‘

44 Тогаш и тие ќе Му речат: ,Господе! Кога сме Те виделе гладен или жеден, како патник или без облека, болен или в затвор, па не сме Ти помогнале?‘ 45 А Тој ќе им одговори: ,Штом не сте направиле ништо за еден од Моите најмали луѓе, не сте направиле ни за Мене!‘“

46 Потоа Исус заклучи: „Овие луѓе ќе добијат вечна казна, а праведниците - вечен живот.“

Error: Book name not found: Esth for the version: Macedonian New Testament
Дела Ап 25

Судската постапка пред Фест

25 Три дена по преземањето на власта во покраината, Фест отпатува од Цезареја за Ерусалим. Таму Првосвештениците и еврејските челници му го изнесоа своето обвинение против Павле, па го молеа да им направи услуга и да го префрли Павле во Ерусалим, а всушност коваа заговор по пат да го убијат. Но Фест им одговори дека Павле ќе биде задржан во Цезареја, каде што и тој самиот има намера набргу да се врати, па ако тие имаат нешто против Павле нека дојдат со Фест неколку поистакнати луѓе кои ќе поведат обвинение против него.

По осум до десет дена, Фест се врати во Цезареја. Следниот ден седна во судот и нареди да го доведат Павле. Околу него се насобраа Евреите кои беа дошле од Ерусалим и изнесоа многу тешки обвиненија против Павле, но не можеа да ги докажат.

Павле, бранејќи се, рече: „Јас не сум згрешил ни против еврејскиот Закон, ни против храмот, ниту против императорот!“

Фест, сакајќи да им угоди на Евреите, му рече на Павле: „Дали сакаш да одиме во Ерусалим и таму да ти судам во врска со ова?“ 10 Павле рече: „Не! Ова е суд на Римската империја и овде треба да ми биде судено. На Евреите ништо лошо не сум им сторил, како што и самиот знаете. 11 Ако сум навистина виновен, ако сум направил нешто што заслужува смртна казна, јас не се противам таа и да се изврши. Но ако обвинувањата против мене се неосновани, никој нема право да ме предаде на овие луѓе да ме убијат! Сакам да се жалам пред императорот!“

12 Тогаш Фест се посоветува со судскиот совет и му одговори: „Добро, штом сакаш да се жалиш пред императорот, ќе те пратам кај императорот!“

Фест и Агрипа за случајот „Павле“

13 По неколку дена, во Цезареја дојдоа царот Агрипа и неговата сестра Берника, за да му честитаат на Фест, кој неодамна стана нов гувернер. 14 Во текот на нивниот неколкудневен престој, Фест му го изложи на царот случајот на Павле, велејќи: „Имам еден неосуден затвореник, останат уште од времето на Феликс. 15 Кога бев во Ерусалим, еврејските Првосвештеници и старешини го обвинија пред мене и побараа да го осудам. 16 Се разбира, јас им одговорив дека Римјаните немаат обичај да ги осудуваат обвинетите, без да им дадат можност да се соочат со обвинителите и да ја изложат својата одбрана. 17 Затоа тие дојдоа овде и јас без одлагање, веќе следниот ден, седнав во судот и наредив да го доведат човекот. 18 Кога обвинителите станаа да зборуваат, обвиненијата што ги изнесоа воопшто не беа толку страшни колку што јас очекував. 19 Се препираа околу нивната вера, за некојси Исус, Кој умрел, а за Кого Павле тврдеше дека е жив. 20 Јас не бев сигурен како да ја водам истрагата, па го прашав Павле дали би сакал да му биде судено во Ерусалим. 21 Но Павле се повика на правото да се жали пред императорот и јас наредив да остане под стража, се додека не извршам подготовки да го испратам кај императорот.“

22 Агрипа му рече на Фест: „И јас би сакал да го сослушам тој човек!“

„Утре ќе го сослушате!“ - му рече Фест.

23 И така, утредента дојдоа Агрипа и Берника со голема помпезност и влегоа во судската сала, придружувани од офицери и угледни личности од градот. Потоа Фест нареди да го доведат Павле. 24 Фест рече: „Царе Агрипа и сите што сте овде со нас. Пред вас е човекот за кого целата еврејска заедница, и овде и во Ерусалим, бара смртна казна. 25 Јас утврдив дека тој не направил никаков престап што би заслужувал смртна казна, но тој побара да биде испратен кај императорот и јас го одобрив тоа. 26 Но јас не знам што да му напишам на нашиот владетел! Затоа го изведов пред сите Вас, а особено пред вас, царе Агрипа, за да го сослушаме па да знам што да напишам, 27 зашто ми се чини дека е бесмислено кај императорот да испратам затвореник, а да не ги изложам и обвиненијата против него!“

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest