Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

M’Cheyne Bible Reading Plan

The classic M'Cheyne plan--read the Old Testament, New Testament, and Psalms or Gospels every day.
Duration: 365 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: Gen for the version: Macedonian New Testament
Матеј 24

1) Разурнувањето на Ерусалимскиот храм

(Мк. 13:1-2; Лк. 21:5-6) 24 Кога Исус го напушташе храмот во Ерусалим и си заминуваше оттаму, Неговите ученици Му пријдоа и почнаа да Му ги покажуваат градбите на храмот. А Тој им рече: „Ги гледате ли сите овие градби? Ве уверувам дека од нив нема да остане камен врз камен, зашто ќе бидат разурнати!“

2) Почеток на неволите

Подоцна, кога Исус седеше на падините од Маслиновата Гора, Му пријдоа Неговите ученици и насамо Го прашаа: „Кажи ни кога ќе се случи сето тоа и по што ќе го познаеме времето на Твоето повторно доаѓање и крајот на светот?“

Исус им одговори: „Чувајте се некој да не ве заведе. Бидејќи мнозина ќе се појават под Моето име и ќе ви говорат: ,Јас сум Месијата[a]!‘ - и ќе измамат мнозина. Ќе избувнат војни во близина и војни во далечина. Да не ве обзема паника, зашто тоа мора да се случи, иако тоа не значи дека веќе дошол крајот. Народите ќе војуваат едни против други, и држави против други држави. Глад и земјотреси ќе погодат многу места. Сето ова ќе биде само како почеток на породилни болки!“

3) Прогонства на христијаните

„Тогаш вас ќе ве апсат, ќе ве казнуваат и ќе ве убиваат. Поради верата во Мене, по целиот свет ќе ве мразат. 10 Во тоа време мнозина ќе се откажат од верата во Мене; едни други ќе се издаваат и меѓусебно ќе се мразат. 11 Ќе се појават и многу лажни пророци и ќе заведат мнозина. 12 Грешноста ќе земе таков замав, што љубовта меѓу луѓето ќе станува се постудена. 13 Но тој што докрај ќе се одржи, ќе се спаси. 14 А Радосната вест[b] за небесното царство ќе се проповеда по целиот свет, за да ја чујат сите народи. Тогаш ќе дојде крајот.“

4) Страв и големи маки

(Мк. 13:14-23; Лк. 21:20-24) 15 „Значи, кога ќе видите дека богохулникот[c] што пустоши се наместил на светото место - за ова пишува пророкот Даниел, и секој читател треба да обрне внимание - 16 тогаш, оние што ќе се најдат во покраината Јудеја нека бегаат кон планините, 17 тој што ќе се најде на покривот, да не слегува долу да земе нешто од покуќнината, 18 а тој што е на нива, да не се враќа дома за да си го земе палтото! 19 Тоа ќе биде посебно тешко време за трудниците и за доилките! 20 Молете Го Бога вашето бегство да не се случи зиме или во саботен ден! 21 Зашто, тогаш ќе има такви маки, какви што немало од создавањето на светот досега, ниту пак ќе ги има во иднина. 22 Да не беше предвидено скратување на тоа време, никој не би преживеал; но тоа време ќе се скрати, заради избраните од Бога.“

23 „Ако некој тогаш ви рече: ,Еве Го Месијата овде!‘ - не верувајте му! 24 Зашто, ќе се појават лажни месии и лажни пророци и ќе изведат големи знаци и чуда, обидувајќи се да ги измамат избраните од Бога, ако е можно. 25 Еве, однапред ви кажав. 26 Значи, ако ви речат: ,Ене Го Месијата во пустината!‘ - не одете таму; или: ,Еве Го, се крие овде!‘ - не верувајте им! 27 Зашто, Синот Човечки[d] ќе дојде како молскавица што ќе болсне на исток и веднаш ќе се види на запад! 28 Каде што е мршата, таму ќе се соберат и мршојадците[e].“

5) Враќањето на Христос

(Мк. 13:24-27; Лк. 21:25-28)

29 „Веднаш по неволите во тие дни, ќе потемни Сонцето, Месечината ќе престане да свети, од небото ѕвезди ќе паѓаат и небесните сили ќе се разнишаат[f]. 30 Тогаш, конечно на небото ќе се појави знакот на Месијата, Синот Човечки; и ќе залелекаат сите народи на Земјата кога ќе Го видат Синот Човечки како доаѓа на облаците со моќ и величествена слава[g]. 31 Тој ќе ги испрати Своите ангели со громогласен звук од труба да ги соберат Неговите избраници од сите четири страни на светот, од едниот до другиот крај на светот.“

Кога ќе се врати Христос?

(Мк. 13:28-37; Лк. 21:29-33; 17:26-36) 32 „Сфатете ја оваа споредба преку примерот со смоквата: штом ќе и се подмладат гранките и ќе пуштат лисје, знаете дека наближува летото. 33 Така и вие, кога ќе видите дека сите овие случки што ви ги опишав се одвиваат, ќе знаете дека дошло времето и веќе е на прагот. 34 Ве уверувам дека сите овие настани ќе се одиграат пред да изумре оваа генерација[h]. 35 Небото и Земјата ќе ги снема, но Моите зборови ќе останат!

36 А денот и часот на Христовото враќање никому не му се откриени, дури ни на ангелите на небото, ниту пак на Божјиот Син[i]. Само небесниот Татко ги знае. 37 Кога ќе дојде Синот Човечки[j], состојбата во светот ќе биде како во времето на Ное. 38 Имено, пред самиот потоп, луѓето јадеа, пиеја, се женеа и се мажеа се до денот кога Ное влезе во бродот; 39 и не сфатија што се случува, додека не дојде потопот и ги однесе сите. Така ќе биде и кога ќе се врати Синот Човечки. 40 Во тој миг, од двајца што ќе работат на нива, едниот ќе биде земен на небото, а другиот оставен; 41 од две жени што ќе мелат во мелница, едната ќе биде земена, а другата оставена.

42 Значи, бидете подготвени, зашто не го знаете денот во кој вашиот Господ ќе се врати. 43 Но да знаете дека, кога еден домаќин би знаел во кое време на ноќта ќе му дојде крадец, тој би останал буден и не би дозволил да му провали во куќата! 44 Значи, бидете духовно подготвени, зашто Јас, Синот Човечки, ќе дојдам во час во кој не Ме очекувате!“

За будниот и верен слуга

(Лк. 12:41-48) 45 „Значи, за кој слуга може да се рече дека е мудар и верен? Тоа е оној слуга што добил задача од својот господар да ги надгледува сите други слуги и навреме да ги храни, 46 и кој навистина си ја извршува задачата што му е доверена. Блазе си на таков слуга, кога ќе се врати неговиот господар! 47 Ве уверувам дека нему ќе му го довери сиот свој имот! 48 Но ако слугата е лош и си рече во себе: ,Мојот господар нема да се врати уште долго време!‘, 49 и почне да ги тепа своите другари, и да јаде и пие со пијаници, 50 тогаш неговиот господар ќе се врати во ден во кој не го очекува и во ненадеен час, 51 и ќе го казни најстрого, фрлајќи го меѓу оние кои само се преправале дека се искрени спрема господарот. Таму ќе има лелекање и крцкање со заби.“

Error: Book name not found: Esth for the version: Macedonian New Testament
Дела Ап 24

Павле на суд пред Феликс

24 По пет дена дојде Првосвештеникот Ананија со неколку старешини и со еден адвокат[a] по име Тертул, кој го изнесе пред гувернерот обвинението против Павле. Го повикаа Павле и Тертул почна да го изнесува обвинението:

„Почитуван гувернеру! Под Вашето владеење ние, Евреите, живееме во мир и спокојство. Вашата далековидост доведе до многу реформи за овој народ. За тоа секогаш и секаде Ви оддаваме признание, честити Феликсе, со голема благодарност. Но сега, за да не го трошам напразно Вашето време, Ве молам, знаејќи ја Вашата љубезност, накратко да ме ислушате.

Ние утврдивме дека овој човек е вистинска напаст, кој предизвикува препирки меѓу Евреите по целиот свет! Тој е челник на назаретската секта. Се обиде дури и храмот да го оскверни, но ние го уапсивме.[b] Сега Вие можете да го сослушате и да дознаете за што го обвинуваме.“

И другите Евреи го потврдуваа тоа што го зборуваше Тертул.

Одбраната на Павле пред Феликс

10 Гувернерот му даде знак на Павле дека може да зборува. Павле рече:

„Знам, господине, дека Вие веќе долго време му служите како судија на нашиот еврејски народ и добро ги познавате работите за кои сум обвинет, и затоа јас со голема доверба во вас ќе ја изложам својата одбрана. 11 Лесно ќе дознаете дека јас во Ерусалим пристигнав на поклонение во храмот пред дванаесетина дена. 12 Ниту во храмот ме затекнале со некого да се расправам, ниту во синагогите, ниту пак во градот сум го подбуцнувал народот на бунт. 13 Тие не можат да го докажат она за што ме обвинуваат.

14 Јас овде, пред Вас, признавам дека сум следбеник на Христовото учење[c] што тие го нарекуваат секта и на тој начин Му служам на Богот на нашите татковци, верувајќи во се што е запишано во Мојсеевите книги и во книгите на пророците. 15 И јас, како и тие, верувам во Бог и уверен сум дека Тој ќе ги воскресне мртвите, како праведните, така и неправедните. 16 Заради тоа правам се што знам и умеам, та мојата совест пред Бог и пред луѓето секогаш да биде чиста.

17 По повеќе години отсуство се вратив во Ерусалим, носејќи со себе доброволни прилози, за да му помогнам на мојот народ и да Му принесам жртви на Бог. 18 Овие што ме обвинуваат ме видоа во храмот кога веќе го бев завршил церемонијалното исчистување. Околу мене ниту имаше насобрано луѓе, ниту имаше некаков бунт. 19 Имаше само неколку Евреи дојдени од покраината Азија, кои требаше да бидат присутни, и ако имале нешто против мене, овде пред Вас нека го изнесат. 20 Нека кажат овие што дојдоа да ме обвинат, какво злосторство најдоа во мене кога ме изведоа пред еврејското народно собрание[d], 21 освен тоа што гласно изјавив: ,Денеска овде мене ми се суди затоа што верувам во воскресението на мртвите!‘“

22 Тогаш Феликс, кој добро го познаваше Христовото учење[e], го одложи сослушувањето, со вакво образложение: „Ќе почекаме полковникот Лисија да дојде овде. Тогаш ќе пресудам во врска со вашиот случај.“ 23 Потоа му нареди на офицерот да го задржат Павле во притвор, но да му дадат извесна слобода и да не спречуваат никој од неговите блиски да го посетува и да му помага.

Павле пред Феликс и Друсила

24 По неколку дена, дојде Феликс со својата жена Друсила, која беше Еврејка. Го повикаа Павле да им зборува за верата во Исус Христос. 25 Додека тој зборуваше за праведноста, за зауздување на телесните страсти и за Божјиот суд што претстои, Феликс се исплаши и му рече: „Оди си сега! Кога ќе имам време, пак ќе те викнам.“ 26 Феликс, всушност, се надеваше дека од Павле ќе добие мито и затоа честопати го викаше и разговараше со него.

27 Така поминаа цели две години. Тогаш на местото на Феликс дојде Порциј Фест. Сакајќи да им угоди на Евреите, Феликс го остави Павле в затвор.

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest