Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

M’Cheyne Bible Reading Plan

The classic M'Cheyne plan--read the Old Testament, New Testament, and Psalms or Gospels every day.
Duration: 365 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: Gen for the version: Macedonian New Testament
Матеј 23

Исус ги критикува верските водачи

(Мк. 12:38-39; Лк. 11:43,46; 20:45-46) 23 Потоа Исус им се обрати на луѓето и на Своите ученици: „Вероучителите и фарисеите се овластени да ве поучуваат од Мојсеевиот Закон. Затоа, извршувајте го и слушајте го она што тие го проповедаат; но не угледувајте се на нив, бидејќи тие не го практикуваат тоа што го проповедаат. Тие им товарат на луѓето тешки товари кои одвај можат да се носат, а самите ни со прст не помагаат. Се што прават тие, го прават за да се покажат пред луѓето: со себе носат дебели молитвеници, си пришиваат долги реси на своите мантии, ги сакаат почесните места на гозбите и челните места по храмовите[a]; сакаат да бидат поздравувани на јавни места и нарекувани со почесни титули[b]. А вие немојте да се нарекувате со почесни титули[c], бидејќи само Еден е Тој што заслужува почесна титула, а сите вие сте браќа. И на никого на Земјава не обрнувајте му се со „Оче“, зашто имате само еден Отец, а тоа е Бог на небото. 10 Не треба да се нарекувате ни водачи, зашто имате само еден Водач, а тоа е Месијата[d]. 11 Најголемиот меѓу вас нека ви биде слуга, 12 зашто, кој се возвишува, ќе биде понижен, а кој се понизува, ќе биде возвишен.“

Осуда на свештеничкото лицемерство

13 „Тешко вам, вероучители и фарисеи[e], лицемери ниедни! Вие пред носот на луѓето им ги затворате вратите на небесното царство: ниту вие влегувате, ниту ги пуштате да влезат оние кои се обидуваат!

14 (Тешко вам, вероучители и фарисеи, лицемери ниедни! Вие ги искористувате вдовиците и ги ограбувате нивните домови, а потоа редите долги молитви! Затоа вие ќе бидете посурово казнети!)[f]

15 Тешко вам, вероучители и фарисеи, лицемери ниедни! Океани и земји обиколувате за да придобиете еден следбеник, а кога ќе го придобиете го претворате во син на пеколот, двапати полош од вас!

16 Тешко вам, слепи водачи, кои велите: ,Ако некој се заколне во Божјиот храм, тоа на ништо не го обврзува, но ако се заколне во црковното злато, тогаш, тоа го обврзува!‘ 17 Безумници и слепци ниедни! Што е поважно: златото или храмот што го прави златото да биде свето!? 18 И ова го велите: ,Ако некој се заколне во олтарот, тоа на ништо не го обврзува, а ако се заколне во жртвениот прилог на олтарот, тогаш, тоа го обврзува!‘ 19 Слепци ниедни! Што е поважно: жртвениот прилог на олтарот или олтарот што го прави прилогот да биде свет!? 20 Тој што се заколнува во олтарот, се заколнува во него и во се што е на него! 21 Тој што се заколнува во храмот, се заколнува во него и во Бога Кој е присутен во него! 22 Тој што се заколнува во небото, се заколнува во Божјиот престол и во Бога, Кој седи на него!

23 Тешко вам, вероучители и фарисеи, лицемери ниедни! Вие давате десеток од зачините, како што се нането, копрата и кимот, а ги запоставувате најважните барања на Божјиот Закон: праведноста, милоста и верата! Да, десеток треба да давате, но не смеете да ги запоставувате најважните работи. 24 Слепи водачи ниедни! Комарец цедите, а камила голтате!

25 Тешко вам, вероучители и фарисеи, лицемери ниедни! Чашите и чиниите однадвор ги миете, а однатре се полни со она што сте го зеле преку грабеж и себично лакомство! 26 Слеп фарисеју! Прво нека биде чисто тоа што е во чашата, па ќе и биде чиста и надворешноста!

27 Тешко вам, вероучители и фарисеи, лицемери ниедни! Вие сте како варосани гробови кои однадвор изгледаат убаво, а внатре се полни со коски на мртовци и со изгниени трупови! 28 На луѓето им се прикажувате како праведници, а однатре сте полни со лицемерство и гревови!“

Лицемерните свештеници ќе бидат казнети

(Лк. 11:47-51; 13:34-35) 29 „Тешко вам, вероучители и фарисеи, лицемери ниедни! Вие им ѕидате гробници на пророците и ги украсувате спомениците на праведниците, 30 и велите: ,Да живеевме во времето на нашите предци, ние немаше да соучествуваме во убивањето на пророците!‘ 31 Така самите признавате дека сте им потомци на оние што ги убиваа пророците! 32 Затоа, ајде, довршете го делото на вашите предци! 33 Змии ниедни и змиски рожби! Како ќе ја избегнете пресудата за во пеколот[g]!? 34 Затоа, еве, испраќам меѓу вас пророци и мудри луѓе и вероучители, а вие некои од нив ќе убиете, на крст ќе ги распнете, а некои ќе ги камшикувате по синагогите и ќе ги прогонувате од еден град во друг. 35 Така, врз вас ќе падне казната за сите невини жртви на Земјата, од убиството на праведниот Авел до убиството на Захарија, синот на Берекија, кого го убивте меѓу храмот и жртвеникот! 36 Ве уверувам дека казната за сите овие убиства ќе падне врз оваа генерација!

37 Ерусалиме, Ерусалиме, што ги убиваш пророците и ги каменуваш Божјите пратеници испратени во тебе! Колкупати сакав да ги закрилам твоите жители како квачката што ги собира пилињата свои под крилјата, но вие не сакавте! 38 Затоа, вашиот храм[h] ќе ви се препушти вам и ќе запусти. 39 Ви кажувам дека отсега нема да Ме видите се додека не речете: ,Благословен да биде Оној што доаѓа во името на Господ[i]!‘“

ИСУС ЈА ПРЕТСКАЖУВА ИДНИНАТА НА СВЕТОТ

Error: Book name not found: Neh for the version: Macedonian New Testament
Дела Ап 23

23 Со вперен поглед кон членовите на собранието, Павле им рече: „Браќа, мојата совест пред Бога е чиста!“

Тогаш Првосвештеникот Ананија им нареди на оние што стоеја покрај Павле да го удрат по устата. Павле му одговори: „Бог ќе те удри тебе, ѕиду варосан! Си седнал да ме судиш според законот, а наредуваш да ме удираат, спротивно на законот!“

Оние што стоеја до Павле му рекоа: „Како се осмелуваш да го навредуваш Божјиот Првосвештеник!?“

Тогаш Павле им се извини: „Не знаев, браќа, дека тој е Првосвештеник, зашто во Светото Писмо пишува: ,Не зборувај лошо за водачот на својот сопствен народ[a]!‘“

Кога Павле забележа дека дел од членовите на собранието се садукеи[b], а дел се фарисеи[c], гласно рече: „Браќа, јас сум фарисеј! Сите мои предци биле фарисеи! Овде ми се суди заради тоа што верувам дека ќе има воскресение од мртвите!“

Тоа предизвика расправија меѓу фарисеите и садукеите, па во собранието дојде до поделба. Садукеите тврдеа дека нема ни воскресение, ни ангели, ни духови, а фарисеите веруваат во сето ова. Настана голема викотница. Неколку вероучители од фарисеите станаа и почнаа жестоко да се препираат со садукеите, велејќи: „Не гледаме ништо лошо кај овој човек! Можеби навистина му се јавил дух или ангел и му зборувал!“

10 Расправијата стануваше се пожестока, па полковникот се исплаши дека ќе го растргнат Павле на парчиња. Затоа нареди војниците да го тргнат оттаму и да го вратат во воената тврдина.

11 Таа ноќ Господ му се појави на Павле и му рече: „Држи се храбро, зашто за Мене ќе треба да проповедаш и во Рим онака како што сведочеше овде во Ерусалим!“

Заговор против Павле

12 Кога се раздени, група Евреи сковаа заговор. Се заколнаа дека нема ни да јадат, ни да пијат, се додека не го убијат Павле. 13 Во заговорот зедоа учество повеќе од четириесет мажи. 14 Тие отидоа кај Првосвештеникот и старешините, па им рекоа: „Ние се заколнавме ништо да не ставаме в уста, се додека не го убиеме Павле. 15 Затоа јавете му на полковникот да го доведе Павле во собранието, божем имате намера поподробно да го испрашувате, а ние, уште пред тој да втаса овде ќе му поставиме заседа и ќе го убиеме.“

16 Но синот на Павловата сестра разбра за овој заговор, па отиде во воената тврдина и му кажа на Павле. 17 Павле викна еден од офицерите и му рече: „Одведи го ова момче кај полковникот. Има нешто важно да му пренесе.“

18 Офицерот го одведе и му рече на полковникот: „Затвореникот Павле ме викна и ме замоли да го доведам ова момче кај вас, зашто имало нешто важно да ви каже.“ 19 Полковникот го фати за рака момчето, го одведе настрана и го праша: „Што сакаш да ми кажеш?“

20 Момчето му рече: „Евреите се договорија да ве замолат утре да го доведете Павле во собранието, како божем да имаат намера поподробно да го испрашаат. 21 Немојте да ги послушате, зашто повеќе од четириесетмина Евреи му поставија заседа за да го убијат! Се заколнале дека нема да јадат и пијат, се додека не го убијат. Веќе демнат во заседа и чекаат само вие да го одобрите нивното барање.“

22 Полковникот го пушти момчето, наредувајќи му на никого да не кажува дека го известил за заговорот.

Павле е испратен кај гувернерот Феликс

23 Потоа полковникот викна двајца од своите офицери и им рече: „Одберете двесте војници, седумдесет коњаници и двесте стрелци, и наредете им да се подготват вечерва во девет часот да заминат за Цезареја. 24 Обезбедете за Павле добиток за јавање, за безбедно да го одведете кај гувернерот Феликс.“

25 Потоа напиша писмо за гувернерот, со следнава содржина:

26 „Од Клавдиј Лисиј,

до почитуваниот гувернер Феликс.

Ве поздравувам! 27 Ви испраќам еден човек кого Евреите го беа фатиле и се подготвуваа да го убијат. Кога дознав дека е римски граѓанин јас отидов со војска и го ослободив. 28 Сакајќи да дознаам за што го обвинуваат Евреите, го изведов пред нивното собрание. 29 Така дознав дека го обвинуваат за работи од нивниот верски Закон, но не беше виновен за нешто што заслужува смртна казна, или затвор. 30 Откако ми беше јавено дека против овој човек се подготвува заговор, со закана да го убијат, веднаш го испраќам кај Вас, а ги известив и оние што имаат обвинение против него да дојдат кај Вас, и таму да ги изнесат своите обвиненија.“

31 Уште истата ноќ, војниците го одведоа Павле до Антипатрида, како што им беше наредено. 32 Следниот ден, пешаците се вратија во воената тврдина, а коњаниците го одведоа кон Цезареја. 33 Кога пристигнаа во Цезареја, му ги предадоа писмото и Павле на гувернерот Феликс. 34 Гувернерот го прочита писмото и го праша Павле од која покраина потекнува, па кога дозна дека е од Киликија 35 му рече: „Ќе те сослушам кога ќе пристигнат и твоите обвинители.“ Потоа нареди да го одведат и да го чуваат под стража во Иродовата палата.

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest