Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

M’Cheyne Bible Reading Plan

The classic M'Cheyne plan--read the Old Testament, New Testament, and Psalms or Gospels every day.
Duration: 365 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: Gen for the version: Macedonian New Testament
Матеј 22

Споредба со свадбената свеченост

(Лк.14:15-24) 22 Продолжувајќи да им зборува преку споредби, Исус им рече: „Небесното царство може да се спореди со цар кој приредува свадба за својот син. Ги испраќа своите слуги да ги повикаат поканетите на свадбата, но овие не сакаат да дојдат. Повторно испраќа други слуги да им порачаат на поканетите: ,Гозбата е приготвена, јунците и телињата се заклани, се е готово, повелете на свадбата!‘ Меѓутоа, поканетите не сакаат да чујат, туку си заминуваат, кој на нива, кој на пазар. Некои од нив дури ги тепаат слугите и ги убиваат. Тогаш царот се налутува и испраќа војска да ги погуби убијците и да им го запали градот. Потоа ги повикува своите слуги и им вели: ,Гозбата е приготвена, но поканетите не се покажаа достојни. Тргнете сега по раскрсниците и поканете го на свадбата секого што ќе го сретнете.‘ 10 Така, слугите одат и ги доведуваат сите што ќе ги најдат, и добри и лоши. И свадбената сала се наполнува со гости.

11 Тогаш влегува и царот да се сретне со гостите. Забележува еден човек кој не носи свечена облека и го прашува: 12 ,Пријателе, зошто си дошол овде без свечена облека?‘ А тој молчи. 13 Тогаш царот им заповеда на слугите: ,Врзете му ги нозете и рацете и фрлете го во најдлабоката темница. Таму ќе има лелекање и чкрипење со заби!‘ 14 Зашто, иако мнозина се поканети, малцина се избрани“ - заклучи Исус.

За плаќањето данок

(Мк. 12:13-17; Лк. 20:20-26) 15 Тогаш фарисеите се повлекоа и почнаа да се договараат како да го уловат Исус да каже нешто за што ќе можат да Го обвинат. 16 Испратија кај Него некои од своите ученици и од приврзаниците на Ирод, да Го прашаат: „Учителе, познато ни е дека Ти си справедлив и дека секогаш ја зборуваш вистината за Божјиот пат, без оглед на тоа што ќе мислат луѓето, зашто не гледаш кој е кој. 17 Кажи ни, тогаш, според Тебе, право ли е да му плаќаме данок на римскиот император или не?“ 18 А Исус, знаејќи ја нивната подмолна намера, им рече: „Лицемери едни! Зошто сакате да Ми поставите стапица? Покажете ми една римска пара со која плаќате данок!“ 19 Тие му подадоа една пара, 20 а Тој ги праша: „Чиј лик и име се втиснати на парава?“ 21 „На императорот!“ - му одговорија тие. Тогаш Исус им рече: „Дајте му го на императорот тоа што му припаѓа на императорот, а на Бога тоа што Му припаѓа на Бога!“ 22 Тие останаа вчудовидени од ваквиот одговор, па Го оставија и си заминаа.

За воскресението на мртвите

(Мк. 12:18-27; Лк. 20:27-40) 23 Истиот ден кај Исус дојдоа некои садукеи[a], кои тврдеа дека не постои воскресение од мртвите. Тие Му се обратија вака: 24 „Учителе! Мојсеј рекол дека, доколку некој маж умре без да остави пород, неговиот брат е должен да ја земе братовата вдовица за жена и да му подигне потомство на својот починат брат. 25 Кај нас живееја седум браќа. Најстариот умре без пород и му ја остави жена си на својот брат. 26 Но истото се случи и со вториот и со третиот, се до седмиот. 27 Најпосле умре и жената. 28 Чија ќе биде жената на денот на воскресението, кога таа била мажена за сите седуммина?“

29 „Вие сте во заблуда“ - им рече Исус - „бидејќи не ги познавате ниту Светото Писмо ниту Божјата сила! 30 Зашто, кога луѓето ќе воскреснат, тие нема да бидат ни женети ни мажени, туку ќе бидат како ангелите на небото. 31 А што се однесува до воскресението на мртвите, зар не сте го прочитале тоа што ви го вели Бог:

32 ,Јас Сум Бог на Авраам, Бог на Исак и Бог на Јаков[b]!‘

Значи, тие се живи, а не мртви, зашто Тој не е Бог на мртвите, туку на живите!“

33 Слушајќи го ова излагање на Исус, народот беше воодушевен.

Која е најважната заповед?

(Мк. 12:28-34; Лк. 10:25-28) 34 Кога фарисеите[c] разбраа дека Исус ги замолкнал садукеите, се собраа заедно, 35 и еден од нив, кој беше вероучител[d], сакајќи да Му постави стапица, Го праша: 36 „Учителе! Која е најважната заповед во Божјиот Закон?“

37 Исус му одговори: „Сакај Го Господ, својот Бог, со сето срце, со сета душа и со сиот разум“. 38 Тоа е првата и наедно најважната заповед. 39 А втората е слична на првата, и гласи: „Сакај го својот ближен како самиот себе!“ 40 Основата на целиот Божји Закон и целото учење на пророците, се овие две заповеди[e].

Прашање за идентитетот на Месијата

(Мк. 12:35-37; Лк. 20:41-44) 41 Кога се насобраа поголем број фарисеи, Исус ги запраша: 42 „Што мислите, чиј потомок е Месијата[f]?“ Тие Му одговорија: „Давидов!“ 43 А Исус им рече: „Како тогаш Давид, поттикнат од Божјиот Дух, го нарече Месијата ,Господ‘, кога рече:

44 ,Му рече Јахве[g] на Мојот Господ:

седни од Мојата десна страна,

додека не ги соборам Твоите непријатели

под нозете Твои[h]!‘

45 Значи, ако Давид го нарече Месијата ,Господ‘, како може, тогаш, Тој да му биде потомок?“ 46 На ова никој не можеше да Му одговори ни збор на Исус и од тој ден никој повеќе не се осмелуваше да Му поставува прашања.

Error: Book name not found: Neh for the version: Macedonian New Testament
Дела Ап 22

22 „Браќа и татковци! Ислушајте ја мојата одбрана што сега ќе ја изнесам пред вас.“ Кога слушнаа дека им се обраќа на нивниот, арамејски јазик, уште повеќе стивнаа, а Павле продолжи: „Јас сум Евреин. Роден сум во Тарс, град во покраината Киликија, но пораснав и се школував овде, во Ерусалим. Учител ми беше познатиот Гамалиел. Крај неговите нозе научив строго да се придржувам кон правилата и обичаите на нашите предци. Станав ревносен за Бог, исто како што сте и вие денес. Ги прогонував христијаните[a] до смрт. Ги врзував и ги носев в затвор, без разлика дали беа мажи или жени. Ова можат да го потврдат Првосвештеникот и сите старешини. Од нив добив писма за нашите браќа Евреи во Дамаск, со кои ме овластија да одам во Дамаск и да ги апсам тамошните христијани, а потоа, оковани во пранги да ги доведам во Ерусалим за да бидат казнети.

Павле раскажува за своето обраќање

Додека се приближував до Дамаск, некаде околу пладне, околу мене ненадејно блесна силна светлина од небото. Паднав наземи ничкум и чув глас како ми се обраќа: ,Савле, Савле, зошто Ме прогонуваш!?‘

,Кој сте Вие, Господине?‘ - прашав јас.

,Јас сум Исус од Назарет - Оној што Го прогонуваш!‘

И оние што беа со мене ја виделе светлината, но гласот што ми проговори не го чуле.

10 Тогаш реков: ,Кажи ми што да правам, Господе?‘

,Стани, оди во Дамаск и таму ќе ти биде кажано се што треба да правиш!‘ - ми одговори Господ. 11 Потоа оние што беа со мене ме водеа до Дамаск, зашто јас бев заслепен од силната светлина и воопшто не можев да гледам.

12 Во Дамаск имаше еден човек по име Ананија[b]. Тој беше побожен човек што се придржуваше до Божјиот Закон и уживаше голем углед кај сите Евреи од тој крај. 13 Тој дојде кај мене, ми пристапи и ми рече: ,Брате Савле, нека ти се врати видот!‘ Истиот миг видот ми се врати и можев да го видам Ананија.

14 Потоа тој ми рече: ,Богот на нашите прадедовци те одбра да се запознаеш со Неговата намера, да го видиш Праведникот и да го слушнеш повикот од Неговата уста. 15 Отсега ти ќе им проповедаш за Него на сите луѓе, ќе им кажуваш за она што си го видел и слушнал. 16 Што чекаш сега? Стани, крсти се и повикај Го Господ да ти ги измие гревовите!‘

17 Кога се вратив во Ерусалим, еден ден отидов во храмот за да се молам. 18 Во видение Го видов Исуса, Кој ми рече: ,Напушти го Ерусалим што поскоро, зашто тие нема да веруваат кога ќе им сведочиш за Мене!‘

19 А јас Му реков: ,Господе, зошто да не ми веруваат кога знаат дека јас ги затворав и ги тепав по синагогите оние што веруваа во Тебе!? 20 А кога го каменуваа Твојот сведок Стефан, и јас бев таму. Го одобрував убиството и им ги чував облеките на неговите убијци!‘

21 Но Господ ми рече: ,Ти наредувам да го напуштиш Ерусалим, зашто Јас те праќам далеку, меѓу нееврејските народи!‘“

22 Се до овој миг тие го слушаа, но кога го слушнаа последново, почнаа да викаат: „Истребете го овој човек од лицето на земјата! Тој не заслужува да живее!“ 23 Викаа, мавтаа со своите наметки и фрлаа прав во воздухот.

Павле открива дека е римски граѓанин

24 Полковникот им нареди на војниците да го внесат Павле во тврдината и да го камшикуваат, за да признае какво злосторство извршил. Сакаше да дознае зошто народот толку гневно вика против него. 25 Кога го врзаа за да го камшикуваат, Павле го праша помладиот офицер што стоеше крај него: „Зар смеете да камшикувате римски граѓанин, кој за ништо не е осуден!?“

26 Тогаш помладиот офицер му пријде на полковникот и му рече: „Што ќе правиме сега? Овој човек е римски граѓанин!“

27 Полковникот отиде кај Павле и го праша: „Вистина ли е дека си римски граѓанин?“

„Да!“ - му одговори Павле. 28 Полковникот му рече: „И јас сум римски граѓанин; за тоа платив голема сума пари!“ Во одговор Павле му рече: „Јас сум римски граѓанин по раѓање!“

29 Војниците што требаше да го сослушуваат Павле веднаш се повлекоа, а се повлече и полковникот, исплашен што нареди римски граѓанин да биде врзан и камшикуван.

Павле пред собранието

30 Следниот ден, сакајќи да дознае за што ќе го обвинат Евреите, полковникот го ослободи Павле од прангите и нареди да се соберат Првосвештениците и сите членови на еврејското собрание[c], па го доведе Павле и им го предаде на сослушување.

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest