Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

M’Cheyne Bible Reading Plan

The classic M'Cheyne plan--read the Old Testament, New Testament, and Psalms or Gospels every day.
Duration: 365 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: Gen for the version: Macedonian New Testament
Матеј 19

За бракот и разводот

(Мт. 5:27-32; Мк. 10:1-12; Лк. 16:18; Рим. 7:1-3) 19 Откако го доврши ова излагање, Исус си замина од Галилеја и дојде на јудејска територија, од спротивната страна на реката Јордан. Голема толпа народ одеше по Него и Тој ги исцелуваше болните.

Некои од фарисеите[a] Му пријдоа на Исус и, сакајќи да Му постават замка, го прашаа: „Дали е во согласност со верскиот Закон[b] мажот да има право да се разведе од својата жена за каква и да е причина?“

Исус им одговори: „Зар не сте читале во Светото Писмо дека на почетокот Творецот создаде маж и жена, и дека тогаш Тој рече:

,При стапување во брак, човекот ќе се одвои

од својот татко и од својата мајка

и ќе се присоедини кон својата жена

и двајцата ќе станат едно тело[c]?‘

Според тоа, тие не се повеќе двајца, туку еден. Никој не смее да ги раздружува оние што Бог ги здружил во брак!“ На ова, тие Го прашаа: „Тогаш, зошто Мојсеј издаде уредба[d] според која мажот може да ја отпушти својата жена ако и даде потврда за развод?“ А Исус им одговори: „Мојсеј ви дозволи да се разведувате од вашите жени бидејќи вие сте луѓе со закоравени срца. Но, на почетокот не беше така. Затоа ви велам дека секој човек што ќе се разведе од својата жена, освен по основа на брачно неверство, извршува прељуба доколку се ожени со друга; и тој што ќе се ожени со распуштеница, исто така, врши прељуба.“

10 Неговите ученици Му рекоа: „Ако е таква обврската меѓу мажот и жената, тогаш подобро е човек да не се жени!“ 11 А Исус им рече: „Тоа можат да го прифатат само оние што Бог ги оспособил да живеат сами. 12 Зашто, има разни причини поради кои некои луѓе не се женат: едни се по природа евнуси, други се направени евнуси од луѓе , а трети се откажуваат од стапување во брак за да се посветат на работа за небесното царство. Кој може да го прифати ова учење - нека го прифати.“

Исус ги благословува децата

(Мк. 10:13-16; Лк. 18:15-17) 13 Некои луѓе ги носеа своите дечиња кај Исус за да ги положи рацете над нив и да се моли за нив. Учениците, пак, ги одвраќаа, 14 на што Исус им рече: „Пуштете ги децата да дојдат кај Мене, и не одвраќајте ги, зашто небесното царство им припаѓа на таквите како нив!“ 15 Откако Исус ги положи рацете врз нив и ги благослови, си замина оттаму.

Богатството како пречка

(Мк. 10:17-31; Лк. 18:18-30) 16 Еднаш, кај Исус дојде еден млад човек и го праша: „Добар Учителе, какви добри дела треба да направам за да се здобијам со вечен живот?“ 17 А Исус му одговори: „Зошто ме прашуваш во врска со доброто? Има само Еден што е добар - а тоа е Бог. Ако сакаш да добиеш вечен живот, придржувај се кон Божјите заповеди.“ 18 „Кои заповеди?“ - го праша човекот, на што Исус му одговори: „Не убивај, не врши прељуба, не кради, не обвинувај лажно; 19 почитувај ги татка си и мајка си и сакај ги своите ближни како себеси[e].“ 20 Во одговор, младиот човек рече: „Кон сето тоа се придржував; што треба уште да направам?“ 21 Исус му рече: „Ако сакаш да бидеш совршен, тогаш оди и продај се што имаш и раздели им ги парите на сиромасите, а ти ќе имаш богатство на небото. Потоа тргни по Мене и стани Мој следбеник.“ 22 Кога го чу ова, младиот човек си замина разочаран, бидејќи поседуваше голем имот.

23 Тогаш Исус им рече на Своите ученици: „Навистина, на богатите ќе им биде многу тешко да влезат во небесното царство. 24 Ве уверувам дека полесно камила ќе се спровре низ иглени уши, отколку богат човек да влезе во небесното царство!“ 25 Слушајќи го ова, учениците се зачудија и Го прашаа: „Тогаш, кој може да се спаси!?“ 26 Исус го впери погледот во нив и им рече: „За луѓето е невозможно, но за Бог нема ништо невозможно!“

Голема награда за целосна верност

27 Тогаш Петар проговори и Му рече на Исус: „Ете, ние оставивме се и станавме Твои следбеници. Што ќе добиеме за возврат?“ 28 Исус им рече: „Ве уверувам вас, коишто станавте Мои следбеници, дека во новиот свет, кога Јас, Синот Човечки, ќе седнам на Својот славен престол, вие ќе седнете на дванаесет престоли и ќе владеете над дванаесетте Израелски племиња. 29 А секој од вас што оставил куќа, или браќа, или сестри, или татко, или мајка, или жена, или деца, или ниви заради Мене - ќе добие стопати повеќе, а ќе наследи и вечен живот. 30 Но мнозина кои сега се први, ќе бидат последни, а мнозина кои сега се последни, ќе бидат први.“

Error: Book name not found: Neh for the version: Macedonian New Testament
Дела Ап 19

ТРЕТОТО МИСИОНЕРСКО ПАТУВАЊЕ

НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ

19 Додека Аполос беше во Коринт, Павле патуваше низ внатрешноста, во околината на Ефес, а потоа се симна во градот. Таму најде неколку нови Христови следбеници, и ги праша: „Го примивте ли Светиот Дух кога поверувавте?“

Тие му одговорија: „Ние и не знаеме дека постои Свет Дух!“

Тогаш Павле ги праша: „А како сте крстени?“

„Онака како што крштаваше Јован Крстител“ - му одговорија тие.

Павле им рече: „Јован ги крштаваше луѓето кои се каеја поради своите гревови. И самиот тој им велеше на луѓето дека е неопходно да веруваат во Оној што доаѓа веднаш по него, а тоа беше Исус.“

Кога го слушнаа ова, одново се крстија, овојпат во името на Господ Исус. Потоа Павле се помоли за нив, положувајќи ги над нив рацете и Светиот Дух слезе врз нив, па тие почнаа да зборуваат на други јазици и да пророкуваат[a]. Во таа група беа околу дванаесет мажи.

1) Апостол Павле проповеда во Ефес

Потоа Павле одеше во ефешката синагога три месеци каде со голем жар им проповедаше на Евреите, се расправаше со нив и ги убедуваше во врска со Божјото царство. Кога еден дел од нив тврдоглаво одбија да поверуваат и почнаа јавно да зборуваат лоши работи за Христовото учење[b], Павле ја напушти синагогата, но ги поведе со себе оние што поверуваа во Христа и секојдневно проповедаше во училиштето на Тиран. 10 Ова продолжи во текот на две години, така што сите жители на Азија[c], и Евреи и Грци, имаа можност да ја слушнат Господовата порака.

11 Бог преку Павле правеше многу необични чуда, 12 така што дури и кога врз болните ќе ставеа шамивче или дел од облека што се допрела до телото на Павле болестите исчезнуваа, а обземените се ослободуваа од демонските духови.

13 Неколку Евреи што патуваа од место во место и истеруваа демони, се обидоа над обземените од демонски духови да го употребат името на Господ Исус велејќи: „Во името на Исус, Оној за Кого Павле проповеда, ви наредуваме да излезете!“ 14 Тоа го правеа седумтемина синови на еврејскиот Првосвештеник Скева. 15 Но демонскиот дух им одговори: „Исус Го знам, а и Павле го знам, но вас не ве знам!“ 16 Па го натера човекот во кој беше влезен да се нафрли врз нив и да ги претепа, па тие голи и испоранети избегаа од куќата.

17 За ова дознаа сите што живееја во Ефес, и Евреи и Грци, па ги фати страв и искажуваа голема почит спрема името на Господ Исус. 18 Мнозина од оние што поверуваа доаѓаа и се исповедаа, признавајќи ги своите грешни дела. 19 Дури и некои од оние што се занимавале со магии ги донесуваа своите книги за магии и пред сите ги запалуваа. Цената на запалените книги изнесуваше педесет илјади сребреници[d]. 20 Така пораката за Господ брзо се ширеше и јакнеше[e].

Бунт против христијанството во Ефес

21 По овие настани, поттикнат од Светиот Дух[f], Павле реши да ги посети Македонија и Ахаја, па да замине за Ерусалим. „А потоа,“ - рече тој - „ќе треба да го посетам и Рим.“ 22 Ги испрати во Македонија двајцата свои помошници, Тимотеј и Ераст, а тој уште некое време остана во Азија.

23 Во тоа време во Ефес настанаа големи немири заради Христовото учење[g]. 24 Еден златар по име Димитри, кој изработуваше сребрени модели од храмот на божицата Артемида[h] и на тој начин се богатеа и тој и неговите соработници, 25 ги собра сите што се занимаваа со оваа и слична работа и им рече: „Луѓе, вие знаете дека нашето богатство доаѓа од овој занает. 26 Гледате и слушате дека не само во Ефес, туку речиси во цела Азија, овој човек, Павле, разубеди и одврати многу луѓе, велејќи им дека овие предмети направени од човечка рака не се богови. 27 Постои опасност не само нашиот занает да падне во немилост, туку и храмот на големата божица Артемида сосема да ја загуби својата важност, да исчезне нејзината величественост што ја почитуваат цела Азија и целиот свет!“

28 Кога го слушнаа ова, збеснаа и почнаа да викаат: „Голема е Артемида, божицата на Ефес!“ 29 Во градот настана мешаница и откако ги фатија Македонците Гај и Аристарх, сопатници на Павле, сите се собраа во градскиот амфитеатар[i]. 30 Павле сакаше да се појави пред насобраната толпа, но тамошните христијани го одвратија од таквата намера, 31 а и некои луѓе од власта што му беа пријатели му испратија порака, молејќи го да не се појавува во амфитеатарот.

32 Собирот се претвори во бркотница. Едни викаа едно, други друго, а повеќето воопшто не знаеја за што се собрани. 33 Евреите го посочија Александар и го изведоа напред, а тој замавна со раката за да ги смири и да даде објаснување пред толпата, 34 но кога слушнаа дека тој е Евреин, сите во еден глас викаа речиси два часа: „Голема е Артемида, божицата на Ефес!“

35 Најпосле градоначалникот[j] ја смири толпата и рече: „Граѓани на Ефес! Има ли некој што не знае дека Ефес е град заштитник на храмот на големата божица Артемида и на кипот што ни падна од небото!? 36 Ова никој не може да го оспори, затоа треба да се смирите и да не правите ништо непромислено. 37 Овие луѓе, што сте ги довеле овде, ниту го ограбиле храмот, ниту пак зборувале против нашата божица.

38 Ако Димитри и занаетчиите што се со него имаат некакво обвинение против овие луѓе, постојат судови и судии, па таму нека се судат. 39 Ако имате некои други поплаки, тие мора да бидат разрешени на легалното градско собрание. 40 Постои опасност Римјаните да не обвинат дека креваме бунт. Нема никаква причина да создаваме вакви немири.“

41 Откако го рече ова, го распушти собирот и луѓето се разотидоа.

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest