Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

M’Cheyne Bible Reading Plan

The classic M'Cheyne plan--read the Old Testament, New Testament, and Psalms or Gospels every day.
Duration: 365 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: Gen for the version: Macedonian New Testament
Матеј 17

Исусовото преобразување на планината

(Мк. 9:2-13; Лк. 9:28-36) 17 По шест дни, Исус ги зеде со Себе Петар и браќата Јаков и Јован и ги поведе насамо на една висока планина. Таму Тој се преобрази пред нив: лицето Му болсна како Сонцето, а облеката му стана блескаво бела, како светлина. Наеднаш се појавија Мојсеј и пророкот Илија и разговараа со Исус. Тогаш Петар Му рече на Исус: „Господе, колку ни е убаво овде! Ако сакаш, да направиме овде три колиби: една за Тебе, една за Мојсеј и една за Илија.“

Додека тој зборуваше, блескав облак ги засени и се чу глас од облакот: „Ова е Мојот Син - Мојот љубимец, со Кого наполно Сум задоволен; Него слушајте Го!“

Кога го слушнаа гласот, учениците многу се исплашија и паднаа ничкум. Исус им пријде, ги допре и им рече: „Станете и не плашете се!“ Кога тие ги кренаа своите погледи, Го видоа само Исус и никој друг.

Додека слегуваа од планината, Исус им нареди: „Не кажувајте му никому за ова што го видовте, се додека Јас, Синот Човечки, не воскреснам од мртвите.“

10 Тогаш учениците Го прашаа: „Зошто вероучителите велат дека пред да дојде Месијата, повторно ќе се појави пророкот Илија?“ 11 „Секако“ - им одговори Исус. „Најпрво треба да дојде Илија и да подготви се. 12 Но Јас ви кажувам дека Илија веќе дојде, а тие не го познаа и му го направија тоа што го сакаа. Така ќе мора да настрада од нив и Синот Човечки.“ 13 Тогаш им стана јасно дека Исус им говореше за Јован Крстител.

Исцелување на едно момче обземено од демони

(Мк. 9:14-29; Лк. 9:37-43а) 14 Кога се вратија меѓу народот, на Исус Му пријде еден човек, клекна на колена, 15 и Му рече: „Господе, имај милост за син ми, зашто добива епилептични напади и многу се мачи; честопати паѓа де во оган де во вода. 16 Го носев кај Твоите ученици, но тие не можеа да го излекуваат.“

17 А Исус, во одговор рече: „О, тврдоглав и неверен народе! До кога ќе морам да останам со вас и да ве поднесувам? Донесете Ми го момчето!“ 18 Потоа со заповед го избрка демонскиот дух од него и во истиот миг момчето оздраве.

19 Подоцна Му пријдоа насамо Неговите ученици и Го прашаа: „Зошто не можевме ние да го избркаме демонскиот дух?“ 20 „Бидејќи немате доволно вера“ - им одговори Исус. „Зашто, ве уверувам, дека, кога би имале вера само колку едно синапово зрнце, би можеле да и речете на оваа планина: ,Премести се одовде таму!‘ - и таа ќе се премести. И ништо не би ви било неможно.“

21 („Овој вид демон може да се изгони само ако претходно сте биле на молитва и пост.“)[a]

Исус вторпат ја навестува Својата смрт

(Мк. 9:30-32; Лк. 9:43б-45) 22 Еден ден, кога учениците се беа вратиле во Галилеја, Исус им рече: „Наскоро Јас, Синот Човечки, ќе бидам предаден во рацете на луѓето. 23 Тие ќе Ме убијат, но на третиот ден ќе воскреснам.“ Ова многу ги ожалости учениците.

Исус плаќа данок за храмот

24 Кога дојдоа во градот Кафарнаум, на Петар му пријдоа наплатувачите на данок за храмот и му рекоа: „Ќе плати ли вашиот Учител данок за храмот?“ 25 „Секако!“ - им одговори Петар. А кога Петар се врати дома, Исус го пресретна и го праша: „Што мислиш, Симоне, од кого наплатуваат данок земните цареви: од сопствените синови или од туѓите?“ 26 „Од туѓите!“ - одговори Петар. Тогаш Исус му рече: „Значи, синовите се ослободени од плаќање. 27 Но, за да не ги соблазниме, појди до морето, фрли јадица и отвори и ја устата на првата риба што ќе ја фатиш; во неа ќе најдеш една пара[b] што ќе биде доволна да платиш данок и за Мене и за себе.“

Error: Book name not found: Neh for the version: Macedonian New Testament
Дела Ап 17

3) Павле проповеда во Солун

17 Потоа Павле и Сила поминаа низ градовите Амфиполис и Аполонија, па пристигнаа во Солун. Таму имаше еврејска синагога. Како што обично правеше, Павле дојде кај нив и три саботи по ред им проповедаше од Светото Писмо, објаснувајќи им и докажувајќи им дека беше неопходно Месијата да настрада и да воскресне од мртвите. Тој им рече: „Исус е Месијата. За Него ви проповедам.“ Некои од нив поверуваа и им се приклучија на Павле и Сила, а пристапија и голем број побожни Грци и значителен број жени од високите кругови.

Евреите ги фати завист, па собраа од пазариштето неколку денгубници и тргнаа во толпа да го вознемируваат целиот град. Ја нападнаа куќата на Јасон и бараа да им ги изведат Павле и Сила пред толпата. Откако не ги најдоа таму, го фатија Јасон, заедно со неколкумина други христијани и ги одвлекоа кај градските власти, па почнаа да викаат: „Тие што го вознемирија целиот свет сега пристигнаа и овде! А Јасон ги прибира и сите тие ги кршат законите на римскиот император со тоа што тврдат дека постои друг цар - некојси Исус!“

Слушајќи го ова, народот и властите се вознемирија, меѓутоа, откако зедоа од Јасон и од другите христијани пари во залог - ги ослободија.

4) Павле и Сила во Верија

10 Уште истата ноќ христијаните од Солун итно ги испратија Павле и Сила во градот Верија[a]. А тие, штом стигнаа во градот, влегоа во еврејската синагога. 11 Евреите од Верија беа многу поблагородни од оние во Солун и со одушевување го примаа она што им го проповедаше Павле. Секојдневно го проучуваа Светото Писмо, за да проверат дали она што тој им го проповеда е вистина. 12 Затоа многумина од тамошните Евреи поверуваа, а поверуваа и поголем број видни жени и мажи од Грците.

13 Кога Евреите од Солун дознаа дека Павле и во Верија ја проповеда Божјата порака, дојдоа да ги подбуцнуваат луѓето против Павле. 14 Тогаш христијаните веднаш го испратија Павле до морскиот брег, а Сила и Тимотеј останаа во Верија. 15 Неколку христијани го спроведоа Павле до Атина. Потоа Павле им рече да се вратат и да им пренесат на Сила и Тимотеј што е можно побрзо да дојдат и тие.

5) Павле проповеда во Атина

16 Додека Павле ги чекаше во Атина, духот му се потресе гледајќи го градот полн со идоли. 17 Секој ден во синагогата разговараше со Евреите и со побожните[b] луѓе од другите народи што доаѓаа таму. Одеше и на пазарот и им проповедаше на луѓето што ги среќаваше таму.

18 Се расправаше и со неколкумина епикурејски и стоички филозофи[c]

. Кога почна да им зборува за Исус и за воскресението, некои од нив си рекоа: „Што сака да каже овој брборко!?“ Други велеа: „Проповеда за некоја нова вера!“

19 Го одведоа пред Советот на филозофите наречен Ареопаг и му рекоа: „Може ли сега да слушнеме какво е ова ново учење што ни го проповедаш? 20 Тврдиш некои чудни работи и сакаме да чуеме повеќе за тоа.“ 21 (Атињаните и туѓинците што беа во посета на Атина си го поминуваа времето зборувајќи или слушајќи за нови работи.)

22 Павле застана сред Ареопагот и рече: „Атињани! Забележав дека сте вие многу побожни луѓе, 23 зашто, минувајќи и гледајќи ги вашите светилишта, видов и еден жртвеник на кој пишуваше: ,На непознатиот Бог‘. Значи вие Го обожавате, иако не Го познавате. Јас сакам да ви проповедам за Него.

24 Тој Бог го создаде светот и се што е во него. Тој е Господар на небото и Земјата. Не живее во храмови изградени од човечки раце. 25 Тој нема потреба да Му служите со дарови од вашите раце, бидејќи нема потреба од ништо. На целиот жив свет Тој му дава живот и здив и се што му треба. 26 Сите народи ги создаде од еден човек, ги насели по целата Земја, им определи во кое време ќе постојат и во кои граници ќе бидат нивните живеалишта, 27 за да Го бараат Бога, да допрат до Него и да Го најдат, зашто Тој е близу до секој од нас!

28 Бидејќи Тој ни овозможува да живееме, да се движиме и да бидеме тоа што сме. Како што вели и еден од вашите поети: ,Ние сме Негови деца.‘

29 Затоа, штом знаете дека сме Божји чеда, не треба да мислиме дека идолите се богови. Тие се само злато, сребро или камен, обликувани со вештината и според замислата на обични луѓе. 30 Не земајќи го предвид времето кога луѓето не го знаеле ова, Бог сега им порачува на сите луѓе, насекаде, да се одвратат од идолите и да се свртат кон Бог. 31 Зашто Тој го има одредено денот во кој праведно ќе му суди на целиот свет, преку Човекот што за тоа Го определи и уверливо Го потврди воскреснувајќи Го од мртвите.“

32 Кога слушнаа дека зборува за воскреснување од мртвите, некои луѓе почнаа да му се подбиваат, но други рекоа: „Сакаме повторно да ни зборуваш за ова!“ 33 Тогаш Павле си замина оттаму, 34 а неколку души поверуваа и му се придружија. Меѓу нив беа: Дионисиј, член на Ареопагот, една жена по име Дамара и уште неколкумина други.

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest