Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

M’Cheyne Bible Reading Plan

The classic M'Cheyne plan--read the Old Testament, New Testament, and Psalms or Gospels every day.
Duration: 365 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: 2Chr for the version: Macedonian New Testament
Откровение 17

Бесрамната блудница

17 Потоа еден од седумте ангели што ги истурија седумте садови дојде кај мене и ми рече: „Дојди да ти покажам како Бог ќе и пресуди на бесрамната блудница - таа што седи над многу води. Со неа блудничеа сите земни владетели; таа ги опи жителите на Земјата со своите бесрамни постапки, како со опојно вино.“

Ангелот ме пренесе со духот[a] во пустината; таму видов една жена качена на црвен Ѕвер. Ѕверот беше полн со богохулни натписи и имаше седум глави и десет рогови. Жената беше облечена во пурпурно-црвени облеки и носеше накит од злато, скапоцени камења и бисери. Во раката таа држеше златна чаша полна со гнасните и валкани дела на нејзиниот неморал. На челото и беше напишан натпис што има таинствено значење и гласи: „Јас сум величествениот Вавилон, мајка на блудниците и гнасотиите на Земјата“

Врската меѓу блудницата и Ѕверот

Забележав дека жената беше пијана од крвта на Божјите луѓе[b] и од крвта на Исусовите следбеници. Оваа глетка многу ме изненади и ме зачуди. Затоа ангелот ми рече: „Што се чудиш? Јас ќе ти ја објаснам тајната за оваа жена и за Ѕверот со седум глави и со десет рогови што ја носи:

Ѕверот што го виде, порано постоеше, а сега го нема. Тој од Бездната ќе излезе уште еднаш, но само за да заврши во пропаст. Сите жители на Земјата чии имиња не се запишани во Книгата на животот уште пред создавањето на светот, ќе се зачудат кога ќе го видат Ѕверот кој постоеше, а сега го нема, како се појавува уште еднаш.

За ова е потребна мудрост и проникливост! Седумте глави на кои седи жената, се седум ридови. Истовремено, седумте глави претставуваат седум владетели. 10 Пет од нив веќе паднаа, шес-тиот владее сега, а седмиот допрва треба да дојде. Кога ќе дојде тој, ќе владее само кратко време.

11 Понатаму, ти го виде и црвениот Ѕвер кој постоеше, а сега повеќе го нема. Ѕверот е, всушност, еден од седумте владетели кој повторно ќе се појави како осми по ред, но ќе биде уништен.

12 Десетте рогови што ги виде претставуваат десет други владетели, кои се уште не се на власт, а ќе дојдат на власт заедно со Ѕверот и ќе владеат само кратко време[c]. 13 Сите тие едногласно ќе се сложат да му ја предадат сета власт и сите свои овластувања на Ѕверот. 14 Овие владетели ќе војуваат против Јагнето, но Јагнето, придружувано од повиканите, избраните и верни следбеници, ќе ги победи, бидејќи Тоа е Господар над господарите и Владетел над владетелите.“

15 Ангелот продолжи да ми објаснува:

„Големите води што ги виде, врз кои седеше блудницата, претставуваат многу луѓе, од сите раси и јазици. 16 Но десетте рогови, кои ги претставуваат десетте владетели и црвениот Ѕвер, ќе почнат да ја мразат бесрамната блудница. Тие наполно ќе ја опустошат и соголат, месото ќе и го изедат, а нејзе на оган ќе ја изгорат, 17 зашто, под влијание на Бог, овие владетели едногласно ќе се сложат да му ја предадат сета своја власт на црвениот Ѕвер. Со тоа ќе се остварат Божјите планови.

18 А жената што ја виде, го претставува големиот град што управува со сите владетели на Земјата.“

Error: Book name not found: Zech for the version: Macedonian New Testament
Јован 16

16 „Овие работи ви ги кажав за да не се исплашите. Ќе бидете исклучувани од синагогите. И не само тоа, туку ќе дојде време кога ќе ве убиваат, и ќе мислат дека со тоа му прават услуга на Бог! Тие ќе ги вршат овие работи затоа што не Го познаваат ниту небесниот Татко, ниту пак Мене Ме познаваат. Ова ви го кажувам сега, та кога ќе дојде времето тоа да се исполни, да се сетите на ова што ви го кажав. На почетокот не ви зборував за ова, бидејќи бев со вас.“

Улогата на Светиот Дух

„А сега заминувам кај Оној што Ме испрати, па сепак, никој од вас не Ме прашува: ‚Каде заминуваш?‘ Кога ви го кажав сето ова, срцата ви се исполнија со тага. Но јас ви ја кажувам вистината: во ваша полза е Јас да заминам, зашто додека не заминам, Помошникот, Светиот Дух, нема да дојде кај вас. А штом Јас ќе заминам, ќе ви Го испратам. Кога Светиот Дух ќе дојде, ќе му ја објави на светот вистината за гревот, за Божјата правда и за Судот. Нивниот грев е во тоа што не веруваат во Мене. 10 Тие не ја согледаа Божјата правда, зашто Јас заминувам кај Таткото и повеќе нема да Ме гледате. 11 Тие не ја сфатија вистината за Судот, зашто кнезот на овој свет е веќе осуден.

12 Уште многу имам да ви зборувам, но сега не сте во состојба да поднесете. 13 Кога ќе дојде Духот на вистината, Тој ќе ве води во целосната вистина, зашто Тој нема да зборува Сам од Себе, туку ќе го зборува тоа што од Мене ќе го чуе, и ќе ви ја открие иднината. 14 Светиот Дух ќе Ме прослави Мене со тоа што ќе ви ја пренесе Мојата порака. 15 Се што има Таткото е Мое. Затоа ви реков дека Духот ќе ја земе пораката од Мене и ќе ви ја пренесе вам.“

Тага, па радост

16 „Уште малку, па веќе нема да Ме гледате, но по извесно време пак ќе Ме видите.“

17 Тогаш некои од Неговите ученици си рекоа еден на друг: „Што значи ова што ни го вели: ,Уште малку, па веќе нема да Ме гледате, а по извесно време пак ќе Ме видите?‘ и: ‚зашто заминувам кај Таткото‘!?“ 18 Тие продолжуваа да прашуваат: „Што значи тоа ‚уште малку‘ за кое Тој зборува!? Не разбираме за што зборува!“

19 Исус сфати дека тие сакаат да Го прашаат, па им рече: „Реков: ‚Уште малку, па нема да Ме гледате, но по извесно време пак ќе ме видите.‘ За ова ли се расправате меѓу себе? 20 Со сигурност можам да ви кажам дека вие ќе плачете и ќе тагувате, а светот ќе се радува. Вие ќе тагувате, но подоцна вашата тага ќе се претвори во радост. 21 Кога жената раѓа, таа има болки, зашто дошло времето на болките. Но, кога ќе се роди детето, таа заборава на маките, и се радува што родила човек на овој свет. 22 Така и вие сега сте полни со тага. Но повторно ќе се видиме и ќе се израдувате; таа радост не ќе може никој да ви ја одземе! 23 Во тој ден, за ништо повеќе нема да Ме прашувате. Ве уверувам дека Мојот небесен Татко ќе ви даде се што ќе посакате во Мое име. 24 Досега не сте побарале ништо во Мое име. Барајте и ќе добиете, за да бидете наполно среќни.“

Победа над светот

25 „Се користев со споредби за да ви го објаснам тоа што сакав да ви го кажам. Доаѓа време кога нема повеќе да се служам со споредби, туку отворено ќе ви кажувам за небесниот Татко. 26 Во тој ден ќе барате во Мое име и не ќе има потреба Јас да Го молам Таткото за вас, 27 зашто, Таткото и Самиот ве сака, бидејќи вие Мене Ме засакавте и поверувавте дека Јас дојдов од Бога. 28 Јас дојдов од Таткото и влегов во светот. Сега заминувам од светот и се враќам кај Таткото.“

29 Неговите ученици рекоа: „Ете, сега ни зборуваш отворено и не се служиш со споредби. 30 Сега знаеме дека Ти разбираш се и нема потреба да Те прашуваме. Поради тоа, ние веруваме дека Ти си дојден од Бог.“

31 Исус им одговори: „Велите дека сега верувате? 32 Еве, доаѓа часот, и веќе е дојден, кога ќе се разбегате, секој на своја страна, а Мене ќе Ме оставите Сам. Сепак, Јас нема да бидам сам, зашто Таткото ќе биде со Мене.

33 Овие работи ви ги кажав, за да имате мир преку единство со Мене. Додека сте во светот, ќе доживувате страдања, но разведрете се - Јас го поразив светот!“

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest