Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

M’Cheyne Bible Reading Plan

The classic M'Cheyne plan--read the Old Testament, New Testament, and Psalms or Gospels every day.
Duration: 365 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: 2Chr for the version: Macedonian New Testament
Откровение 13

Видение за првиот од двата Ѕвера

13 Змејот[a] застана на морскиот брег. Потоа забележав како од морето излегува еден Ѕвер со десет рогови и седум глави. На секој од десетте рогови носеше круна, а на секоја глава носеше натписи со богохулни имиња. Ѕверот имаше тело како од леопард, нозе како од мечка, а уста како од лав. Змејот му ги предаде на Ѕверот својата моќ, својот престол и својата голема власт. Забележав дека една од главите на Ѕверот му беше смртоносно ранета. Но смртоносната рана му зарасна и сите жители на Земјата се занесоа по Ѕверот: Тие почнаа да го обожаваат Ѕверот и да му се клањаат на Змејот што му ја беше дал сета своја власт на Ѕверот. Му се клањаа и на Ѕверот и говореа: „Кој е како Ѕверот и кој може да му се противстави!?“

На Ѕверот му беше дозволено да се нафрли и да Го навредува Бога, и да владее четириесет и два месеци. Тогаш Ѕверот отвори уста и почна да Го навредува Бога, да ги хули Неговото име, Неговото живеалиште, како и небесните жители. На Ѕверот му беше дозволено да војува против Божјите луѓе[b] и да ги надвие. Му беше дадена власт над секое племе, народ, јазик и раса. На Ѕверот ќе му се поклонуваат сите оние жители на Земјата чии имиња уште пред создавањето на светот не се запишани во Книгата на животот што Му припаѓа на Јагнето, Кое беше убиено.

Ако имате слух - слушајте! 10 Кој е определен за ропство - ќе падне во ропство; кој е определен да загине од меч - ќе загине од меч! А Божјите луѓе се повикани на трпеливост и верност!

Видение за вториот Ѕвер

11 Потоа видов и втор Ѕвер. Тој излегуваше од Земјата. Имаше два рога како јагне, но зборуваше со глас на змеј. 12 Овој Ѕвер е во служба на првиот Ѕвер, кој имаше смртоносна рана што му зарасна. Тој ќе ја користи сета своја власт да ги натера сите луѓе на Земјата да му се клањаат на првиот Ѕвер. 13 Притоа, тој ќе извршува и големи чуда; ќе направи дури и оган од небото да паѓа, пред очите на луѓето.

14 Целта на вториот Ѕвер е да ги заведе луѓето на Земјата, со чудата што ќе ги извршува. Тој ќе ги убеди луѓето да му направат икона на Ѕверот што беше смртно ранет со меч, но преживеа. 15 Нему ќе му биде дозволено да внесе живот во иконата, која ќе проговори и ќе ги убива сите што нема да му се клањаат на Ѕверот. 16 Тој ќе ги принуди сите луѓе - мали и големи, богати и сиромаси, слободни или робови - да бидат обележени на десната рака или на челото. 17 Без тој белег никој не ќе може ништо да купува или да продава. Белегот ќе биде името на Ѕверот или бројот што ќе го претставува неговото име.

18 Потребна е мудрост за да се разбере ова. Тој што е прониклив, ќе може да го открие значењето на бројот на Ѕверот. Бројот се однесува на човек и изнесува 666[c].

Error: Book name not found: Zech for the version: Macedonian New Testament
Јован 12

Помазанието на Исус

(Мaтej 26:6-13; Марко 14:3-9) 12 Шест дена пред празникот Пасха, Исус се врати во Бетанија. Тоа беше местото каде што живееше Лазар, кого Исус го оживе од мртвите. Таму Му беше приредена вечера на Исус. Марта послужуваше, а Лазар беше еден од оние што седеа на трпезата заедно со Исус. Тогаш Марија зеде половина литар[a] чист и скапоцен нардов парфем, Му ги полеа стапалата на Исус и Му ги избриша со својата коса. По куќата се рашири пријатниот мирис на парфемот.

Еден од Исусовите ученици, Јуда Искариот, (кој подоцна Го предаде) рече:

„Овој парфем можеше да се продаде за триста денарии[b], а парите да им се разделат на сиромасите!“ Ова не го рече од грижа за сиромасите, туку затоа што беше крадец. Имено, тој беше благајник и си земаше од парите што беа кај него.

„Оставете ја!“ - одговори Исус на тоа. „Парфемот бил чуван за да послужи за Мојот погреб. Сиромаси секогаш ќе има меѓу вас, а Мене Ме немате секогаш.“

Завера и против Лазар

Во меѓувреме голем број Евреи дознаа дека Исус е таму, па дојдоа, не само заради Него, туку и да го видат Лазара, кого Тој го оживе од мртвите. 10 Тогаш свештеничките поглавари решија да го убијат и Лазара, 11 бидејќи заради него голем број Евреи ги напуштаа свештениците и почнуваа да веруваат во Исус.

Свеченото влегување во Ерусалим (Цветници)

(Матеј 21:1-11; Марко 11:1-11; Лука 19:28-40) 12 Следниот ден многубројниот народ што беше дошол на празникот разбра дека Исус доаѓа во Ерусалим. 13 Луѓето зедоа палмови гранчиња, па излегоа да Го пречекаат, извикувајќи: „Спаси не сега[c]! Благословен е Тој што доаѓа во името на Господ! Благословен да е Царот[d] на Израел!“

14 Исус најде едно младо магаре и се качи на него, токму како што беше претскажано во Светото Писмо:

15 „Не плаши се, ерусалимски[e] народе! Погледни! Царот твој доаѓа, јавајќи на младо магаре[f]!“

16 Во почетокот Неговите ученици не сфатија дека ова беше исполнување на пророштвото, но кога Исус се прослави[g], тогаш си спомнаа дека ова беше претскажано за Него и дека тие беа учесници и очевидци.

17 А народот што беше со Исус кога Тој го повика Лазара од гробот и го оживе од мртвите продолжуваше да раскажува насекаде за таа случка. 18 Како резултат на тоа, многуброен народ излезе да Го пречека, откако слушна дека Тој го направил ова чудо. 19 Тогаш фарисеите си рекоа: „Гледате дека се е залудно! Целиот народ тргна по Исус!“

20 А меѓу оние што дојдоа на поклонение за време на празникот имаше и некои Грци. 21 Тие му пристапија на Филип, кој беше од Бетцаида во Галилеја, и му рекоа: „Господине, сакаме да се сретнеме со Исус!“ 22 Филип отиде и му кажа на Андреј. Потоа, Андреј и Филип отидоа заедно и Му кажаа на Исус.

23 Тогаш Исус им одговори: „Дојде време Синот Човечки да влезе во Својата слава.

24 Ве уверувам дека, доколку пченичното зрно не падне во земјата и не умре, тоа ќе остане само едно зрно. Ако, пак, умре, тоа ќе произведе многу нови зрна. 25 Човек што себично сака да си го задржи животот, ќе го загуби, а оној што мрази[h] да го живее својот живот само на овој свет, ќе добие вечен живот. 26 Кој сака да Ми служи, тој мора да Ми се придружи, зашто и Мојот слуга треба да биде таму каде што сум Јас. А секој што Мене Ми служи, ќе биде почитуван од Мојот небесен Татко.“

Исус ја навестува Својата смрт

27 „Сега душата Ми е длабоко потресена, но што да кажам? Зар да се молам: ,Татко, поштеди Ме од ова што Ме очекува?‘ Па токму за таа цел[i] дојдов на овој свет! 28 Татко, прослави го Своето име!“ Тогаш се чу глас од небото: „Веќе Го прославив и одново ќе го прославам!“ 29 Многубројниот народ што стоеше и го слушна гласот, велеше: „Загрме!“ Други велеа: „Ангел Му проговори!“

30 Исус им одговори: „Овој глас не се јави заради Мене, туку заради вас. 31 Сега е време за суд над овој свет. Владетелот[j] на овој свет сега ќе биде соборен. 32 А кога Јас ќе бидам подигнат над земјата - ќе ги привлечам сите кон Себе.“ 33 Исус го рече ова за да објави со каква смрт ќе умре.

34 Народот, пак, Му возврати: „Ние сме слушнале од Светото Писмо[k] дека Месијата ќе остане вечно. Зошто Ти велиш дека Синот Човечки треба да умре и да биде подигнат над земјата? Кој е Тој Син Човечки?“

35 „Светлината ќе биде меѓу вас уште малку време“ - им рече Исус. „Дојдете кај Светлината[l], додека ја имате, за да не ве зафати слепо талкање во темнина. 36 Верувајте во Светлината, додека ја имате меѓу вас, за да станете деца на Светлината.“ Исус го изговори ова, па си замина и се скри од нив.

Неверството на еврејскиот народ

37 Иако Исус направи толку големи чуда пред Евреите, најголемиот дел од нив, сепак не поверуваа во Него, 38 за да се исполни пророштвото изречено од пророкот Исаија: „Господе, кој и поверува на нашата порака? На кого да му се објави спасоносната сила Господова[m]?“

39 Тие не можеа да поверуваат, зашто Исаија го рекол и следното[n]:

40„Бог им ги ослепе очите и

им го закорави умот на овие луѓе,

за да не гледаат со очите,

и да не разберат со умот,

та да се обратат и Јас да ги излекувам.“

41 Исаија го кажа ова затоа што ја виде Христовата слава и зборуваше за Него.

42 Па, иако многумина од старешините поверуваа во Исус, сепак, поради фарисеите криеја, за да не бидат исклучени од синагогата[o]. 43 Тие повеќе сакаа да добијат пофалба од луѓето, отколку од Бог.

Зборовите на Исус ќе им судат

44 Тогаш Исус гласно извика: „Секој што верува во Мене, истовремено верува и во Оној што Ме испрати! 45 Секој што Ме гледа Мене, Го гледа Оној што Ме испрати[p]. 46 Јас дојдов за да бидам светлина на овој свет. Кој верува во Мене, нема да живее во мрак.

47 Јас нема да им судам на оние што ги слушаат Моите зборови, а не ги исполнуваат[q], зашто Јас дојдов да го спасам светот, а не да му судам. 48 За оние што Ме отфрлаат и не ги примаат Моите зборови постои Судија: учењето што го објавив ќе им суди на Судниот Ден[r]. 49 Јас не зборувам од самоволие, туку го кажувам и го објавувам она што ми го кажа Таткото Кој Ме испрати. 50 Јас знам дека Неговите заповеди носат вечен живот[s]. Значи, сето ова што го зборувам Јас е она што Таткото Ми заповеда да го кажам.“

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest