Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

M’Cheyne Bible Reading Plan

The classic M'Cheyne plan--read the Old Testament, New Testament, and Psalms or Gospels every day.
Duration: 365 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: 2Chr for the version: Macedonian New Testament
1 Јован 2

Христос се застапува за нас

Чеда Божји, ова ви го пишувам за да не грешите. Но, ако некој од вас направи грев, Го имаме праведниот Исус Христос, Кој се застапува за нас пред небесниот Татко. Тој е помирителната жртва што се принесе за нашите гревови, и не само за нашите, туку и за гревовите на целиот свет.

Одлики на Божјите луѓе

По што ќе се знае дека сме Божји луѓе? По тоа што ќе се придржуваме до Неговите заповеди! Оној што тврди дека е Божји човек, а не се придржува до Неговите заповеди, тој лаже и само покажува дека вистината не е во него. Само тој што се придржува до Неговото Слово има совршена љубов спрема Бог, и по тоа ќе се знае дека сме Божји луѓе. Оној што тврди дека е Божји човек, треба да го следи примерот на Исус.

Драги мои, јас не ви пишувам за да ви дадам некаква нова заповед. Ова е стара заповед што ви беше дадена уште од самиот почеток. Таа стара заповед - да имаме љубов еден спрема друг - е истата порака што ја чувте отпорано. Сепак, таа заповед на некој начин е и нова, зашто нејзината вистинска смисла може да се согледа дури сега во Исус и во вас. Погледнете, темнината исчезнува, а вистинската светлина веќе свети!

Оној што тврди дека е на страната на светлината, а ги мрази другите христијани[a], тој се уште е на страната на темнината. 10 Оној што ги сака другите христијани, навистина живее во светлината и кај него нема ништо што би можело некого да наведе на грев. 11 Оној што ги мрази другите христијани е на страната на темнината, низ црна темнина оди и не знае каде ќе стигне, зашто темнината му ги заслепува очите.

12 Ви пишувам вам, чеда Божји,

бидејќи вашите гревови се простени

благодарејќи Му на Исус Христос.

13 Ви пишувам вам, родители,

бидејќи вие Го знаете Христос,

Оној што постои уште од самиот почеток.

Ви пишувам вам, млади луѓе,

бидејќи ја добивте битката против Злиот.

14 Ви напишав вам, деца,

бидејќи вие Го спознавте Таткото.

Ви напишав вам, родители,

бидејќи вие Го знаете Христос,

Оној што постои уште од самиот почеток.

Ви напишав вам, млади луѓе,

вие сте силни, зашто

Божјото Слово живее во вас

и вие ја добивте битката против Злиот.

15 Немојте да го сакате овој свет и она што тој ви го нуди, зашто ако го сакате овој свет, во вас нема љубов спрема небесниот Татко. 16 Тоа што го нуди светот: телесните похоти, желбата да се има се што ќе се види, гордоста заради богатството што се поседува - не е од небесниот Татко, туку од овој свет. 17 А овој свет и световните похоти се краткотрајни; само оној што ја исполнува Божјата волја останува вечно.

Антихристи

18 Чеда Божји, се одигрува последниот час! Сте слушнале дека ќе дојде Антихристот, но веќе сега има многу антихристи и по тоа знаеме дека настапува последната епоха. 19 Тие луѓе излегоа од нас, но никогаш не беа навистина дел од нас. Да беа вистински дел од нас, со нас и ќе останеа. Напуштајќи не, тие покажаа дека ниту еден од нив не бил дел од нас.

20 Но вие сте просветлени[b] од Светиот Дух и се ви е јасно. 21 Не ви пишувам како да не ја знаете вистината, туку затоа што ја познавате и знаете дека од вистината не може да произлезе никаква лага. 22 Значи, кој е лажливец? Секој што тврди дека Исус не е Месијата! Тие луѓе се антихристи и не Го прифаќаат ниту небесниот Татко, ниту Синот - Исус. 23 Секој што не го прифаќа Синот покажува дека не го прифаќа ни Таткото. А секој што го признава Синот во исто време Го признава и Таткото.

Христијаните се Божји чеда

24 Вие, пак, придржувајте се до тоа што го слушнавте на почетокот. Ако се придржувате до тоа што го чувте на почетокот, ќе бидете во единство со Синот и со Таткото. 25 А Тој ни вети вечен живот.

26 Ова ви го пишувам зашто има луѓе што се обидуваат да ве заведат. 27 Што се однесува до вас, вие сте просветлени[c] од Светиот Дух и, се додека Тој Дух живее во вас, нема потреба никој да ве учи за тоа што е вистина, а што не. Светиот Дух ве учи за се, и се што Тој ве учи е вистина, а не лага. Држете се до Него и до она што Тој ве научи.

28 А сега, чеда Божји, останете во единство со Христос, за да не се посрамиме при Неговото повторно доаѓање, туку да излеземе пред Него со крената глава.

29 Знаете дека Исус е праведен, затоа треба да знаете дека секој што постапува праведно е Божјо чедо[d].

Error: Book name not found: Nah for the version: Macedonian New Testament
Лука 17

За простувањето и за верата

(Матеј 18:6-7; 21-22; Марко 9:42) 17 Еден ден, Исус им се обрати на Своите ученици: „Искушенија што наведуваат на грев секогаш ќе има, но тешко на оној преку кого доаѓаат! Подобро би било да му врзат воденички камен околу вратот и да го фрлат в море, отколку да наведе на грев некое малечко. Внимавајте на себе! Ако ти згреши братот, укори го, па ако се покае - прости му. Дури и седумпати на ден ако ти згреши и секојпат дојде кај тебе и ти рече: ,Се каам‘ - прости му.“

Апостолите Го замолија Господ Исус: „Зголеми ја верата во нас!“ А Исус им одговори: „Ако имате вистинска вера само колку едно синапово зрно, би можеле да и кажете на оваа црница: ,Искорни се и пресади се в море!‘ - и таа ќе ве послуша!“

Должноста на еден слуга

„Замислете си дека имате слуга кој сте го пратиле да ора или да ви ги пасе овците. Кога ќе се врати од полето, дали најпрво му велите: ,Седни и бргу вечерај!?‘ Нема ли најпрво да му заповедате да подготви вечера за вас, да се препаше и да ве служи, па дури потоа тој да јаде и да пие? Зар му должите благодарност на слугата што ја извршил вашата заповед? 10 И вие сте во слична положба: ако го извршите сето она што ви е заповедано, можете само да кажете: ,Ние сме само слуги кои си ја вршат својата должност, свесни дека за тоа не ни следува никаква пофалба.‘“

Благодарни и неблагодарни луѓе

11 На Својот пат кон Ерусалим, Исус минуваше по должината на границата меѓу Самарија и Галилеја. 12 Токму кога влегуваше во едно село, Го пресретнаа десет заболени од лепра. Застанаа на извесно растојание 13 и повикаа: ,Исусе! Господару! Имај милост спрема нас!‘ 14 Исус ги погледна и им рече: ,Одете на преглед кај свештениците!‘ Додека одеа таму, оздравеа. 15 Еден од нив, кога виде дека оздраве, се врати кај Исус, славејќи Го Бога на сиот глас. 16 Падна ничкум пред Исусовите нозе и почна да Му се заблагодарува. Тој човек беше Самарјанец[a]. 17 Тогаш Исус рече: „Зар не исцелив десетмина? Каде се останатите девет души?“ 18 Ниеден од нив не се врати да Му заблагодари на Бог, освен овој туѓинец. 19 Потоа Исус му рече: „Стани и оди си, твојата вера те исцели!“

За Божјото царство што ќе дојде

(Матеј 24:23-28, 37-41) 20 Еден ден, некои од фарисеите[b] Го прашаа Исуса: „Кога ќе завладее Божјото царство?“ Неговиот одговор гласеше: „Божјото царство не доаѓа на видлив начин. 21 Не може да се каже: Еве го овде! или Ене го онде! Божјото царство е меѓу[c] самите вас.“

22 Потоа им рече на Своите ученици: „Ќе дојде време кога ќе копнеете да Ме видите Мене, Синот Човечки, макар и само еден ден, но нема да Ме видите. 23 Ќе има луѓе што ќе ви зборуваат: ,Ене Го онде!‘ или ,Еве Го овде!‘ 24 Не одете по нив да Го барате, зашто, како што молскавицата светка на едниот крај на небото, а болскотот и се гледа до другиот крај, така ќе биде и со Синот Човечки[d] на денот на Неговото враќање. 25 Но Тој најпрво ќе мора да настрада и да биде отфрлен од оваа генерација.

26 Во времето кога ќе се вратам Јас, Синот Човечки, состојбата во светот ќе биде слична со онаа во времето на Ное: 27 луѓето си продолжуваа да јадат, да пијат, да се женат и да се мажат, сe додека Ное не влезе во ковчегот и настапи потопот, кој сите нив ги погуби. 28 Состојбата во светот ќе биде како во времето на Лот: луѓето си продолжуваа да јадат, да пијат, да купуваат и да продаваат, да садат и да градат. 29 Но штом Лот излезе од Содом, од небото се истури оган и сулфур и сите ги погуби. 30 Истото ќе се случи и кога ќе се вратам Јас, Синот Човечки.

31 Во тој ден, оној што ќе се најде на покрив, нека не слегува по својата покуќнина! Тој што ќе се најде в поле, нека не се враќа дома! 32 Сетете се што и се случи на Лотовата жена! 33 Оној што ќе настојува грчовито да си го зачува животот - ќе го загуби, а тој што до смрт ќе го вложи во Божја служба - ќе го запази! 34 Таа ноќ, од двајца што ќе спијат во ист кревет - едниот ќе биде земен, а другиот оставен. 35 Од две жени што ќе мелат заедно - едната ќе биде земена, а другата оставена. 36 [e]

37 Учениците Го запрашаа: „Кај ќе се случи тоа, Господе?“ Тој им одговори: „Каде што е мршата - таму ќе се соберат и мршојадците!“

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest