Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

M’Cheyne Bible Reading Plan

The classic M'Cheyne plan--read the Old Testament, New Testament, and Psalms or Gospels every day.
Duration: 365 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: 1Chr for the version: Macedonian New Testament
2 Петар 3

Господ ќе се врати!

Драги мои, ова е веќе второ писмо што ви го пишувам, за да ви ги освежам сеќавањата и да ве поттикнам искрено да расудувате. Потсетувајте се на зборовите што ги кажуваа светите пророци и на заповедите на нашиот Господ и Спасител, дадени преку апостолите.

Прво, треба да знаете дека во последните денови ќе дојдат луѓе што ќе и се подбиваат на вистината, ќе се раководат од своите грешни страсти и ќе велат: „Што се случи со ветувањето дека Христос ќе се врати? Нашите предци одамна изумреа, а во светот се си тече онака како што било уште од неговото создавање!“

Тие како да забораваат дека небесата постојат веќе многу долго време, и дека преку Божјата заповед Земјата излезе од вода, останувајќи опкружена со водата. На Божја заповед светот потоа беше поплавен од водите и беше уништен. На Божја заповед сегашните небеса и Земја се чуваат се до Судниот ден. Тогаш оган ќе ги проголта, а безбожниците ќе бидат уништени.

Драги мои, една работа да не заборавате: за Господ еден ден е како илјада години и илјада години се како еден ден. Господ не одолжува со исполнувањето на Своето ветување, како што некои мислат. Тој само е трпелив, зашто не сака никој да заврши во пропаст, туку секој да се покае и да се спаси.

10 Денот кога Господ ќе се врати ќе ве изненади како крадец. Небесата ненадејно ќе исчезнат со силна бучава. Елементарните состојки во оган ќе се распаднат, а Земјата и сите остварувања на неа, ќе исчезнат[a].

11 Кога знаете дека сето ова ќе пропадне, како треба да се однесувате? Треба да водите свет живот, посветен на Бог, 12 да го чекате и што поскоро да го посакувате доаѓањето на тој Божји ден. Тогаш небесата ќе бидат запалени и уништени, а елементарните состојки од жештина ќе се растопат. 13 Но за нас Бог вети ново небо и нова Земја, каде што ќе владее праведност. Ова со нетрпение го очекуваме!

14 Очекувајќи го ова, пријатели мои, потрудете се Христос да ве затекне чисти, без пороци и помирени со Бог.

15 Ценете ја трпеливоста на нашиот Господ, бидејќи таа дава можност што повеќе луѓе да се спасат. За тоа ви пиша и нашиот сакан брат Павле, воден од мудроста што Бог му ја дал. 16 Тој за ова пишува во сите свои писма. Во тие писма има и работи што се тешки за разбирање, па некои неуки и неутврдени луѓе ги извртуваат, како што извртуваат и други делови од Светото Писмо. Така самите ќе се уништат.

17 Но вие, драги мои, навреме сте предупредени. Чувајте се да не застраните, да не бидете заведени од овие зли луѓе и да ја загубите сигурната позиција на која се наоѓате. 18 Трудете се да придобиете се поголема благонаклоност од нашиот Господ и Спасител Исус Христос и се подобро да Го запознавате.

Error: Book name not found: Mic for the version: Macedonian New Testament
Лука 15

Споредба со загубената овца

(Матеј 18:12-14) 15 Голем број наплатувачи[a] на данок и други отпадници доаѓаа да Го слушаат Исус. А фарисеите и учителите по верски Закон почнаа да негодуваат, велејќи: „Овој човек се спријателува со отпадници, па и заедно со нив јаде!“ Тогаш Исус им ја кажа оваа споредба:

„Ако некој од вас има сто овци и една од нив се загуби во пустината, нема ли да ги остави деведесет и деветте и да тргне по загубената, сe додека не ја најде? А кога ќе ја најде, целиот радосен ја качува на рамото, и ја носи дома. Потоа ги повикува пријателите и соседите и им вели: ,Радосен сум што си ја најдов загубената овца! Ајде да го прославиме тоа заедно!‘ Ве уверувам, дека, на сличен начин, поголема е веселбата на небото за еден грешник кој преку покајание се враќа кај Бог, одошто за деведесет и девет праведници на кои не им е потребно покајание!“

Споредба со загубената пара

„Ако една жена има низа од десет сребреници и загуби еден од нив, нема ли да запали светло, да ја измете целата куќа и да го бара сребреникот, сe додека не го најде? Па кога ќе го најде, ги повикува пријателките и сосетките и им вели: ,Радосна сум што си го најдов сребреникот! Ајде да го прославиме тоа заедно!‘ 10 Ве уверувам, дека, на сличен начин, Божјите ангели се веселат за еден грешник кој преку покајание се враќа кај Бог.“

Споредба со бунтовниот син

11 Исус продолжи: „Еден човек имаше два сина. 12 Дојде кај него помладиот син и му рече: ,Татко, дај ми го мојот дел од имотот, сега!‘ И таткото им го раздели имотот. 13 По неколку дни помладиот син го продаде својот дел и замина со парите во далечна земја. Таму ги потроши сите пари, живеејќи во разврат. 14 Кога потроши сe што имаше, земјата ја зафати голем глад и тој се најде во немаштија. 15 Отиде како наемник кај еден тамошен човек, кој го прати в поле да му ги чува свињите. 16 Страден беше да си го наполни стомакот со желадите што ги јадеа свињите, но никој не му ги даваше.

17 Конечно, тој се свести и рече: ,Сите наемници кај татко ми имаат храна во изобилство, а јас овде гладувам! 18 Ќе станам, ќе појдам кај татко ми, и ќе му речам: ,Татко, ви згрешив и на Бог[b] и тебе! 19 Повеќе не сум достоен да се нарекувам твој син. Прими ме кај тебе како наемник!‘ 20 Така тој стана и се упати кај татка си. Додека тој беше уште далеку, таткото го здогледа како доаѓа. Му падна жал и му притрча во пресрет, го гушна и го бакна. 21 Синот почна да му зборува, велејќи: ,Татко, ви згрешив и на Бог и тебе! Повеќе не сум достоен да се нарекувам твој син ...‘ 22 Но таткото го прекина, заповедајќи им на своите слуги: ,Донесете ја бргу најдобрата облека и облечете го! Ставете му и прстен на раката и обувки на нозете! 23 Доведете го најдоброто теле, заколете го - да јадеме и да го прославиме ова, 24 зашто, овој син беше мртов за мене, а сега оживе; беше загубен, а сега е најден!‘ И така започна прославата.

25 Постариот син, пак, беше на нива. Враќајќи се дома, тој уште оддалеку слушна песни и игри, 26 па, повикувајќи еден од слугите, го праша што се случува. 27 ,Брат ти се врати‘ - му одговори слугата, ,па татко ти го закла најдоброто теле, радосен што го виде здрав.‘

28 Постариот брат се налути и не сакаше да влезе дома. Излезе татко му и почна да го моли. 29 Но тој му рече на татка си: ,Јас ти работев како роб сиве овие години и никогаш не ти бев непослушен, а ти ниеднаш не ми даде ни едно јаре за да се провеселам со пријателите. 30 А кога се врати овој твој син, кој по блудници го потроши сиот свој имот, за него го закла најдоброто теле!‘

31 Таткото му одговори: ,Сине, ти си секогаш овде, со мене, и сe што е мое е и твое. 32 Но треба да се радуваме и да прославиме, зашто брат ти беше мртов и оживе; беше загубен, но сега е најден.‘“

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest