Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

M’Cheyne Bible Reading Plan

The classic M'Cheyne plan--read the Old Testament, New Testament, and Psalms or Gospels every day.
Duration: 365 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: 1Chr for the version: Macedonian New Testament
Јаков 1

Писмо од апостол

Јаков

Авторство и поздрави

Од Јаков,

служител на Бог и на нашиот Господ Исус Христос. Поздрав до дванаесетте племиња[a], распрснати низ целиот свет.

Проверки на верата

Радувајте се, христијани, кога минувате низ разни искушенија, зашто знаете дека колку повеќе вашата вера се проверува, толку поистрајни станувате. Морате да научите се да издржите, за да станете зрели, целосни и ништо да не ви недостасува.

Молитва со вера

Ако на некој од вас му недостасува мудрост, нека бара од Бог и Тој ќе му даде. Бог е дарежлив спрема сите и не се лути кога бараме нешто од Него. Но, кога барате, треба да барате со вера, без да се сомневате. Оној што се сомнева е како морски бран што ветрот го носи и го разбива. Таквиот човек нека не очекува дека ќе добие нешто од Господ, бидејќи е нерешителен и непостојан во се.

Сиромаштијата и богатството

Христијаните што се сиромашни треба да се гордеат со својот возвишен позив, 10 а богатите - со понизност. Богатите ќе прецветаат како дивите цветови. 11 Ќе огрее жешкото сонце, ќе ја исуши тревата, па дивите цветови ќе се исушат и сета нивна убавина ќе исчезне. Така е и со богатите. Ќе овенат презафатени со она што го работат.

За искушенијата

12 Благословен е оној човек, што и покрај искушенијата низ кои минува, останува верен. Откако ќе го помине испитот, Бог ќе го награди со вечен живот[b], како што им вети на сите што Го сакаат.

13 Никој, кога е во искушение да направи нешто грешно, нека не вели: „Бог ме искушува со грев!“ Ниту Бог Себеси се проверува со грев, ниту пак вас ве проверува со грев. 14 Секој паѓа во искушение тогаш кога ќе го намамат и ќе го фатат во стапица неговите сопствени, необуздани страсти. 15 Кога необузданата страст ќе се зачне, таа раѓа грев, а растењето на гревот доведува до смрт.

16 Мили мои, не дозволувајте да бидете измамени. 17 Секој добар и совршен дар доаѓа од небото, од Бог, од Оној што ги создал небесните светила. Но за разлика од нив, Тој никогаш не се менува, кај Него нема сенка која би била резултат на поместување! 18 Тој сакаше ние да бидеме првнина[c] меѓу сите Негови созданија и затоа ни ја испрати вистинската порака, за да ни даде ново раѓање.

Да се слуша и да се спроведува на дело

19 Драги мои пријатели: повеќе слушајте, а помалку зборувајте и воздржувајте се од гневење. 20 Гневот не води кон правичност каква што Бог очекува од нас. 21 Затоа отфрлете ја сета нечистотија и сето зло што е во вас, па понизно прифатете ја пораката што Бог ја насади во вашите срца и што може да ве спаси.

22 Немојте само да слушате и со тоа да се залажувате. Исполнувајте го тоа што ќе го чуете! 23 Тој што слуша, а не исполнува, е како човек што ќе се погледне во огледало, 24 и ќе си замине, заборавајќи како изгледа! 25 Само оној што ќе се задлабочи во совршениот Закон, Законот што ослободува, и секогаш ќе се придржува до него, не заборавајќи го она што го слушнал, туку исполнувајќи го, ќе биде благословен од Бог во се што работи.

26 Ако се сметаш за побожен, а не го обуздуваш својот јазик, ти само се залажуваш - твојата побожност е безвредна! 27 Побожност што Бог, нашиот Татко, ја прифаќа како чиста и непорочна е оваа: Да се грижиш за сирачињата и вдовиците што се во невола и да се одржиш неизвалкан од овој свет.

Error: Book name not found: Amos for the version: Macedonian New Testament
Лука 3

Проповедањето на Јован Крстител

(Матеј 3:1-12; Марко 1:1-8; Јован 1:19-28) Беше петнаесеттата година од владеењето на римскиот император Тибериј; Понтиј Пилат беше гувернер над Јудеја, Ирод Антипа управуваше над Галилеја, а неговиот брат Филип - над покраините Итуреја и Трахонитис. Лисанија беше управник над Абилена, додека Анан и Кајафа беа врховни свештеници[a]. Во тоа време Бог го повика Јован, синот на Захарија, кој живееше во пустината. Тогаш Јован го обиколи целиот предел крај реката Јордан, проповедајќи:

„Покајте се и крстете се, за да ви се простат гревовите!“ На Јован Крстител се однесува пророштвото запишано во Книгата на пророкот Исаија:

„Глас одекнува низ пустината, кој вели:

Пригответе пат за доаѓањето на Господ,

исправете го патот за Него!

Секоја вдлабнатина да се исполни,

секој врв и угорнина да се зарамнат;

кривите патеки да се исправат,

а нерамнините да се порамнат.

Тогаш секој човек ќе го види спасението

што ни го испраќа Бог[b]!“

Многу луѓе доаѓаа да се крстат кај Јован, а тој им велеше[c]: „Змиски рожби! Кој ве предупреди, та бегате од гневот што доаѓа!? Докажете[d] на дело дека навистина се каете! Не залажувајте се со тоа што сте потомци на Авраам, зашто, ви велам, Бог може и од овие камења да подигне Авраамови потомци! Божјата секира е веќе замавната и в корен ќе го пресече и в оган ќе го фрли секое дрво што не раѓа добар плод!“

10 Тогаш луѓето го прашуваа: „Што треба да правиме?“ 11 А Јован им одговори: „Кој има две кошули, нека му даде една на оној што нема ниту една; и кој има храна, нека ја подели со другите.“

12 Дојдоа да се крстат и некои од собирачите на данок, прашувајќи: „Учителе, што треба ние да правиме?“ 13 А тој им одговори: „Не земајте повеќе од она што е определено!“

14 Имаше и војници, кои го прашаа: „А што треба ние да правиме?“ Тој им одговори: „Не вршете насилства, не пријавувајте лажно никого и бидете задоволни со својата плата!“

Јован Крстител Го најавува Месијата

15 Бидејќи народот беше во исчекување да се појави Божјиот Месија, се прашуваше да не е можеби Јован Месијата? 16 Затоа, Јован им се обрати на сите: „Јас ве крштавам во вода, а по мене иде поголем од мене, толку голем што јас не сум достоен ни сандалите да Му ги одврзам[e]. Тој ќе ве крсти огнено, во Светиот Дух. 17 Тој ја има лопатата в раце и ќе го исчисти Своето гумно: житото ќе го собере во житните складови, а плевелот ќе го гори во оган што не гасне.“

18 Вака, и на многу други начини, Јован им ја проповедаше Радосната вест на луѓето и ги поттикнуваше да се поправат. 19 Јован јавно го прекоруваше и гувернерот Ирод, зашто тој беше ја зел Иродијада, жената на својот брат, а правеше и други злосторства, 20 додавајќи кон нив уште едно со тоа што го фрли Јована в затвор.

Крштавањето на Исус

(Матеј 3:13-17; Марко 1:9-11) 21 Еден ден, по крштавањето на сиот народ, се крсти и Исус. И додека Тој се молеше, се отвори небото, 22 и Светиот Дух слезе во телесен облик, како гулаб. Се чу и глас од небото, кој рече: „Ти Си Мојот Син - Мојот Љубимец, со Кого наполно Сум задоволен!“

Родословјето на Исус

(Матеј 1:1-17) 23 Исус имаше околу триесет години кога го започна Своето јавно дејствување. Според мислењето на луѓето, Исус беше син на Јосиф, кој, пак, беше син Хелиев, 24 потомок Мататов, Левиев, Малкиев, Јанаев, Јосифов, 25 Матитиев, Амоцов, Наумов, Хеслиев, Нагаев, 26 Маатов, Мататиев, Шимиев, Јосеков, Јодаев, 27 Јохананов, Реишинов, Зерубавелов, Шалтиелов, Нериев, 28 Малкиев, Адиев, Косамов, Елмаданов, Еров, 29 Јешуов, Елиезеров, Јорамов, Мататов, Левиев, 30 Шимонов, Јудин, Јосифов, Јонамов, Елијакимов, 31 Малахов, Манахов, Мататаов, Натанов, Давидов, 32 Јишајев, Оведов, Боазов, Салмонов, Нахшонов, 33 Аминадавов, Админов, Арниев, Хецронов, Перецов, Јудин, 34 Јаковов, Исаков, Авраамов, Тераов, Нахоров, 35 Серугов, Реуов, Пелегов, Еверов, Шелахов, 36 Кеинанов, Арпахшадов, Шемов, Ноев, Лемеков, 37 Метушелахов, Енохов, Јередов, Махалалелов, Кеинанов, 38 Еношов, Шетов, Адамов, Божји.

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest