Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

M’Cheyne Bible Reading Plan

The classic M'Cheyne plan--read the Old Testament, New Testament, and Psalms or Gospels every day.
Duration: 365 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: 1Chr for the version: Macedonian New Testament
Евреите 12

Охрабрување за нашата вера

12 Околу нас има толку многу сведоци! Затоа ние треба да го отфрлиме сето бреме што не задржува на патот, а особено гревот, што толку лесно може да не заведе. Истрајно треба да ја трчаме трката која Бог ни ја определи. Погледот треба да ни е вперен во Исус, зашто врз Него се темели нашата вера од почеток до крај. Тој го поднесе срамот кога беше распнат на крст, знаејќи дека Го очекува голема радост и сега седи на почесно[a] место, веднаш до Бог. Помислете само низ што се помина Исус и какви навреди од грешниците истрпе! Затоа и вие не потклекнувајте и не дозволувајте да бидете обесхрабрени! Зашто, во вашата досегашна борба против гревот, се уште никој од вас не настрадал до смрт! Зарем ги заборавивте предупредувачките зборови што ви ги упати Бог како на Свои деца:

„Чеда Мои, сфатете ги сериозно Божјите казнувања

и не обесхрабрувајте се кога Тој ве укорува, зашто,

Господ ги казнува оние што ги сака,

и ги укорува оние што ги прифатил како Свои чеда[b].“

Издржете го строгото воспитување! Бог постапува со вас како со Свои чеда! Кој татко не го дисциплинира своето дете!? Ако сте изземени од укорувањата на кои сите деца се подложни, тогаш не сте вистински чеда, туку незаконски деца! Па и нашите земни татковци не укоруваа, па сепак ги почитувавме! Тогаш, колку повеќе треба да Му бидеме послушни на нашиот духовен Татко, за да живееме! 10 Нашите земни татковци не караа еден кус временски период, како што сметале дека е најдобро. А Бог не кара за наше добро, зашто сака и ние да бидеме свети, како што е и Тој. 11 Ниедно укорување не е пријатно; тоа е дури болно во времето кога го примаме. Но подоцна, оние што се одгледани во дисциплина, ќе пожнеат плод на спокојство и праведен живот.

12 Затоа,

„подигнете ги премалените раце и зацврстете ги треперливите колена[c]!“

13 Чекорете по рамниот пат, за да не се онеспособат слабите и сакатите, туку напротив, да оздрават!

Да не отстапуваме од верата

14 Трудете се да живеете во мир со секого и да живеете свет живот, зашто без светост никој не ќе може да Го види Господа! 15 Бидете внимателни, за никој да не ја испушти Божјата милостива благонаклоност. Да не изрти меѓу вас некој горчлив корен кој ќе вознемири и затруе мнозина! 16 Будно внимавајте некој да не стане блудник или безбожник, како што беше Исав, кој за еден единствен оброк си го продаде првородството[d]! 17 Знаете дека, подоцна, кога тој сакаше да го добие татковиот благослов, беше одбиен. Со ништо веќе не можеше да ја промени[e] својата поранешна постапка, иако со солзи молеше.

Стариот и Новиот завет

18 Вие сега не пристапувате кон материјална планина како тогашните Израелци кон Синај, ни кон разгорен оган, ни кон темни облаци, ни кон луња, 19 ни кон звук на труба, ниту кон силен глас (Израелците слушнаа таков глас, па молеа другпат да не им зборува!) 20 Тие не можеа да ја поднесат заповедта: „Дури и животно ако се допре до планината - да биде погубено со каменување[f]!“ 21 Целата таа глетка беше толку страшна, што и самиот Мојсеј изјави: „Толку сум исплашен што треперам од страв!“

22 Напротив, вие сега дојдовте на гората Сион и во небесниот Ерусалим! Тоа е градот на живиот Бог, полн со свечен собир на неброени ангели. 23 Тука се собрани првородените Божји чеда, чии имиња се запишани на небесата. Тука е Бог, Судијата на целиот човечки род. Тука се и душите на праведниците, кои сега се доведени до совршенство. 24 Тука е Исус, посредникот на Новиот завет меѓу Бог и луѓето, чија пролеана крв ветува многу подобри[g] нешта од крвта на Авел!

25 Значи, внимавајте да не одбиете да Го слушате Бога, Кој ви зборува! Никој од луѓето што не го послушаа Мојсеј, кој овде на Земјата им ја говореше Божјата порака, не се извлече! Колку потешко ќе биде да се извлечеме ние, ако не Го слушаме Оној што ни зборува од небото! 26 Тогаш, кога од гората Синај говореше Бог, земјата се тресеше од Неговиот глас; овојпат, Тој ни ветува: „Повторно ќе ја затресам Земјата, а со неа и небото!“ 27 Зборот „повторно“ недвосмислено значи дека се што е создадено еден ден ќе биде разнишано и однесено. Ќе останат само оние нешта кои не можат да бидат разнишани, а тоа се вечните вредности.

28 Затоа, ние треба да бидеме благодарни што ни е дадено Царство кое не е подложно на никаков потрес! Да Му служиме на Бог со благодарност и на богоугоден начин, со страхопочит и чествување, 29 зашто нашиот Бог е оган што проголтува!

Error: Book name not found: Amos for the version: Macedonian New Testament
Лука 1:39-80

Марија оди во посета кај Елисавета

39 Набргу потоа, Марија побрза кон еден град во планинските предели на Јудеја[a]. 40 Влегувајќи во куќата на Захарија, се поздрави со Елисавета. 41 Штом Елисавета го чу поздравот на Марија, детето во нејзината утроба се размрда. Елисавета се исполни со Светиот Дух, 42 и гласно рече: „Ти си најблагословена од сите жени и благословено е Детето што е зачнато во тебе! 43 Како токму кај мене да дојде мајката на мојот Господ!? 44 Штом го чув твојот поздрав, детево во мојава утроба се размрда од радост! 45 Благословена си, зашто поверува дека ќе се исполни тоа што Господ го кажал!“

Песната на Марија

46 Марија рече:

„Душава моја Го слави Господа;

47 извикува од радост мојот дух,

заради Бог, мојот Спасител,

48 Кој милозливо си спомна за мене,

Неговата ништожна слугинка!

Ете, отсега сите поколенија

ќе ме нарекуваат ,Благословена‘,

49 зашто големи нешта направи Семоќниот

за мене. Свето е Неговото Име,

50 и милосрдието Негово спрема оние

што Го почитуваат продолжува

од поколение во поколение.

51 Тој ја испружи Својата моќна рака

и ги уништи оние што длабоко во себе

се гордееја со своите мисли.

52 Ги симна од власт владетелите,

а ги возвиши понизните,

53 ги насити гладните со благо,

а богатите ги испрати со празни раце.

54 Му дојде на помош

на Својот слуга Израел,

припомнувајќи си за милоста

55 што им ја вети на нашите предци,

за Авраам и за неговото потомство, довека!“

56 Марија остана кај Елисавета околу три месеци, а потоа се врати дома.

Раѓањето на Јован Крстител

57 Дојде време Елисавета да се породи и таа роди син. 58 Кога нејзините соседи и роднини видоа дека Господ покажа кон неа голема благонаклоност, заедно со неа се радуваа и тие.

59 На осмиот ден по раѓањето го донесоа детето да го обрежат[b] и сакаа да му дадат име Захарија, според името на татко му. 60 Но мајка му рече: „Не, туку ќе се вика Јован[c]!“ 61 Тие и велеа: „Па никој од твоите роднини не се вика така!“ 62 Потоа преку знаци го прашаа таткото, како сака да се вика детето. 63 Захарија побара една плоча за пишување и напиша: „Ќе се вика Јован!“ Сите беа изненадени. 64 Во истиот миг, му се врати говорот на Захарија и тој почна да Го слави Бога. 65 По ова страв завладеа меѓу луѓето во тој крај, а за овие случки се расправаше по сиот планински предел на Јудеја. 66 Сите што ќе слушнеа за ова размислуваа и се прашуваа: „Што ли ќе биде од ова дете!?“, зашто беше очигледно дека со него беше силата Господова.

Песната и пророштвото на Захарија

67 Тогаш Захарија, таткото на Јован (Крстител), се исполни со Свет Дух и го изрече ова пророштво:

68 Слава нека Му е на Господ,

Израеловиот Бог,

Кој му дојде на помош

на Својот народ и го избави!

69 Тој ни подигна моќен Избавител

од потомците на Својот слуга Давид.

70 Како што одамна ни беше ветил,

преку устите на Своите пророци,

71 дека ќе нe спаси од нашите непријатели

и од рацете на оние што нe мразат,

72 дека ќе им се смилува на нашите предци

и ќе Си спомне за Својот свет Завет.

73 Тој со заклетва му вети

на нашиот прататко Авраам

74 дека ќе нe избави од нашите непријатели

и ќе ни овозможи да Му служиме на Бога без страв,

75 за да бидеме свети и праведни пред Него

во текот на целиот наш живот.

76 А ти, сине мој, ќе бидеш наречен

пророк на Севишниот.

Ќе Му бидеш претходница на Господ

и ќе Му го подготвиш патот,

77 објаснувајќи им го на луѓето спасението

што доаѓа преку простување на гревовите,

78 благодарение на милосрдното срце

на нашиот Бог, преку Кој

ќе нe огрее Сонце од небото,

79 Кое ќе ги осветли сите

што живеат во мракот на смртната сенка,

и ќе ни ги насочи чекорите кон патот на мирот!“

80 Детето растеше и се развиваше духовно. Живееше во пустината сe до денот кога ја започна својата јавна мисија меѓу Израелците.

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest