Book of Common Prayer
Верата н
е помирува со Бог 5 Сега, кога стекнавме праведност преку вера, живееме во мир со Бог по заслуга на нашиот Господ Исус Христос. 2 Благонаклоноста на Бог спрема нас, која сега ја уживаме, ја добивме преку вера во Исус Христос. Затоа се гордееме и со нетрпение очекуваме и ние да ја споделуваме Божјата слава.
3 Но тоа не е се. Ние ја гледаме светлата страна и кога поднесуваме неволи, свесни дека преку неволи се здобиваме со трпеливост, 4 трпеливоста гради цврст карактер, а карактерот ни ја одржува надежта 5 што никогаш нема да не разочара. Темел на нашата надеж ни е Божјата љубов што веќе е влеана во нашите срца, со посредство на Светиот Дух.
6 Имено, уште додека бевме беспомошни, во вистинскиот момент Христос умре за нас, иако ние не го познававме Бога. 7 Тешко би се нашол човек што би се понудил да умре дури и за некој праведен човек. За исклучително добар човек, можеби некој и би се решил да умре, 8 но Бог ни покажа колку многу не сака кога Го испрати Христос да умре за нас уште додека бевме грешници.
9 Сега, откако сме оправдани преку крвта на Христос што се пролеа за нас, можеме да бидеме уште посигурни дека заради Исус ќе бидеме поштедени од Божјиот гнев. 10 Ако додека уште бевме непријатели, се смиривме со Бог преку смртта на Неговиот син, колку посигурни можеме да бидеме сега, кога сме смирени и кога Исус е жив, дека ќе бидеме поштедени од Божјиот гнев! 11 Затоа имаме причина да се гордееме со Бог и со она што Тој го направи за нас со посредство на нашиот Господ Исус Христос, Кој не смири со Бог.
Споредба со свадбената свеченост
(Лк.14:15-24) 22 Продолжувајќи да им зборува преку споредби, Исус им рече: 2 „Небесното царство може да се спореди со цар кој приредува свадба за својот син. 3 Ги испраќа своите слуги да ги повикаат поканетите на свадбата, но овие не сакаат да дојдат. 4 Повторно испраќа други слуги да им порачаат на поканетите: ,Гозбата е приготвена, јунците и телињата се заклани, се е готово, повелете на свадбата!‘ 5 Меѓутоа, поканетите не сакаат да чујат, туку си заминуваат, кој на нива, кој на пазар. 6 Некои од нив дури ги тепаат слугите и ги убиваат. 7 Тогаш царот се налутува и испраќа војска да ги погуби убијците и да им го запали градот. 8 Потоа ги повикува своите слуги и им вели: ,Гозбата е приготвена, но поканетите не се покажаа достојни. 9 Тргнете сега по раскрсниците и поканете го на свадбата секого што ќе го сретнете.‘ 10 Така, слугите одат и ги доведуваат сите што ќе ги најдат, и добри и лоши. И свадбената сала се наполнува со гости.
11 Тогаш влегува и царот да се сретне со гостите. Забележува еден човек кој не носи свечена облека и го прашува: 12 ,Пријателе, зошто си дошол овде без свечена облека?‘ А тој молчи. 13 Тогаш царот им заповеда на слугите: ,Врзете му ги нозете и рацете и фрлете го во најдлабоката темница. Таму ќе има лелекање и чкрипење со заби!‘ 14 Зашто, иако мнозина се поканети, малцина се избрани“ - заклучи Исус.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest