Book of Common Prayer
Савле ја прогонува Црквата
8 Савле го одобруваше убиството на Стефан.
Од тој ден почна големо прогонство против Црквата во Ерусалим, па сите христијани, со исклучок на апостолите, се раштркаа по јудејските области и по Самарија.
2 Неколку побожни луѓе го погребаа Стефан, оплакувајќи го на сиот глас.
3 Савле почна да ја уништува Црквата дом по дом. Влегуваше, ги извлекуваше и мажите и жените, и ги испраќаше в затвор.
Радосната вест се проповеда низ Самарија
4 Христијаните што се раштркаа поради прогонствата, одеа од место во место и ја проповедаа Радосната вест за Христос. 5 Филип, на пример, отиде во градот Самарија и на тамошните жители им проповедаше за Христос. 6 Сиот народ многу внимателно го слушаше она што Филип им го зборуваше и ги гледаше чудата што тој ги правеше. 7 Многу демонски духови со силен викот излегуваа од обземените и многу парализирани и сакати беа исцелени. 8 Во градот завладеа голема радост.
9 Имаше таму и еден човек по име Симон. Тој порано правеше магии и ги восхитуваше луѓето, тврдејќи за себе дека е голем човек. 10 Него го слушаа сите, од мало до големо, велејќи: „Овој човек е сила Божја - ,Голема сила‘.“ 11 Тие го слушаа бидејќи долго време ги восхитуваше со магии и трикови. 12 Но кога поверуваа во она што го зборуваше Филип, кој им проповедаше за Божјото царство и за Исус Христос, сите се крштаваа, и мажи и жени. 13 Дури и Симон поверува, и се крсти. Му се придружи на Филип и се восхитуваше од чудата и од видливите докази што Филип ги правеше.
Верските водачи Го судат Исуса
(Матеј 26:59-68; Марко 14:55-65; Јован 18:19-24) 63 Чуварите што го држеа Исуса, Му се подбиваа и Го удираа. 64 Му ги врзаа очите и Му говореа: „Погоди кој Те удри!“ 65 Му упатуваа и многу други навредливи зборови.
66 Кога се раздени, се состанаа народните старешини, свештеничките поглавари и вероучителите и Го изведоа Исуса пред еврејскиот Врховен совет[a]. 67 Тогаш Го прашаа: „Кажи ни, Ти ли си Месијата?“ Исус им одговори: „И да ви кажам, нема да Ми верувате! 68 И кога би ве прашал нешто, вие нема да Ми одговорите. 69 Но отсега Јас, Синот Човечки, ќе седам оддесно на Семоќниот Бог.“
70 А тие во еден глас Му рекоа: „Тогаш, значи, Ти тврдиш дека си Божјиот Син, зар не?“ Тој им одговори: „Да! Вие самите рековте дека Јас сум Тој“. 71 Тогаш, тие рекоа: „Зар ни треба поголем доказ од овој!? Самите чувме што рече!“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest