Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

Book of Common Prayer

Daily Old and New Testament readings based on the Book of Common Prayer.
Duration: 861 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: Ps for the version: Macedonian New Testament
Error: Book name not found: 1Sam for the version: Macedonian New Testament
Дела Ап 7:44-8:1

44 Додека патуваа низ пустината, нашите предци го носеа заветниот шатор[a]. Така им заповеда Бог. Тој му рече на Мојсеј да го направи според моделот што му го беше покажал‘ 45 Многу години подоцна, под водство на Јошуа[b] го донесоа во земјата што ја одзедоа од паганските народи, кои Бог ги истера пред нив. Таму остана се до времето на царот Давид.

46 Бог му беше благонаклонет на Давид и затоа Давид се осмели да побара од Бог дозвола да најде место каде што ќе изгради храм во кој Израелците ќе Му служат на својот Бог[c]. 47 Сепак, Божјиот храм го изгради Соломон.

48 Но Севишниот не живее во градби направени од човечка рака. Како што самиот Бог вели преку пророкот Исаија:

49 ,Небото Ми е престол,

а Земјата - подножје на Моите нозе.

Каков дом ќе Ми направите вие?‘ - вели Господ -

,Какво место ќе Ми најдете за Мое живеалиште?

50 Зарем не е се со Мојата рака создадено[d]?‘

51 Вие сте тврдоглав народ! Длабоко во себе вие сте како паганите! Глуви сте за вистината[e]! И вие, како и вашите предци, постојано Му се противите на Светиот Дух. 52 Посочете ми еден пророк што не беше прогонуван од вашите предци! Тие ги убија пророците што го претскажаа доаѓањето на Праведникот, на Месијата, а кога Тој дојде, вие се свртевте против Него, Го предадовте и Го убивте. 53 Ангели ви го пренесоа Божјиот Закон и пак не го почитувате!“

Каменувањето на Стефан

54 Кога еврејските верски и национални водачи го слушнаа ова, зовреа од бес и почнаа да крцкаат со забите против Стефан. 55 А тој, исполнет со Светиот Дух, и со вперен поглед кон небото каде што ја виде Божјата слава, и Го виде Исуса како стои од десната страна на Бог, 56 рече: „Погледнете, ги гледам небесата отворени и Синот Човечки како стои од десната страна на Бог!“

57 Тогаш Евреите си ги затнаа ушите, и со силна викотница се нафрлија врз Стефан. 58 Го извлекоа надвор од градот и го каменуваа. Оние што сведочеа против Стефан ги соблекоа своите горни облеки и ги оставија кај едно момче по име Савле[f], да им ги причува.

59 Додека го каменуваа, Стефан гласно му се молеше на Бог, велејќи: „Господе Исусе, прими го мојот дух.“ 60 Потоа падна на колена и силно извика: „Господе, не земај им го ова за грев!“ Го рече ова и почина.

Савле ја прогонува Црквата

Савле го одобруваше убиството на Стефан.

Од тој ден почна големо прогонство против Црквата во Ерусалим, па сите христијани, со исклучок на апостолите, се раштркаа по јудејските области и по Самарија.

Лука 22:52-62

52 Потоа Исус им се обрати на свештеничките поглавари, на управителите на храмот и на старешините кои заедно беа дојдени да Го фатат: „Зар требаше да дојдете по Мене со ножеви и со стапови, како да Сум разбојник!? 53 Со вас бев секојдневно во храмот, зошто таму не Ме уапсивте? Но ова е вашиот миг и времето на мрачните сили.“

Петар се откажува од Исус

(Матеј 26:57-58, 69-75; Марко 14:53-54, 66-72) 54 Тие Го уапсија Исуса и Го одведоа во куќата на Првосвештеникот. А Петар Го следеше оддалеку. 55 На средината на дворот запалија оган и поседнаа наоколу. Им се придружи и Петар. 56 Една од слугинките го забележа крај огнот, се загледа во него и рече: „И овој човек беше следбеник на Исус!“

57 Но Петар почна да одречува: „Жено! Јас не Го ни познавам!“ 58 По извесно време, еден друг човек го забележа, па и тој рече: „И ти си еден од нив!“ Но Петар му одговори: „Не сум, човеку!“ 59 Измина уште приближно еден час, кога некој пак тврдеше, велејќи: „Несомнено, и овој беше со Исус, а и Галилеец е!“ 60 Но Петар и овојпат одговори: „Не знам што зборуваш, човеку!“ Во истиот миг, додека Петар уште зборуваше, запеа петел. 61 Свртувајќи се, Господ Исус погледна во Петар. Тогаш Петар се сети на Господовите зборови, што порано му ги беше кажал: ,Пред да запеат петлите в зори, ти трипати ќе одречеш дека Ме познаваш!‘ 62 Тогаш Петар излезе оттаму и горко заплака.

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest