Book of Common Prayer
Петар ги урива еврејските предрасуди
11 Апостолите и другите христијани во Јудеја разбраа дека и неевреите ја прифатиле Божјата порака. 2 Кога Петар се врати горе, во Ерусалим, некои од Евреите - христијани[a] почнаа да му приговараат: 3 велејќи му: „Си влегол во куќа полна со необрезани луѓе и си јадел со нив!“
4 Тогаш Петар почна да им објаснува што се случи, и им рече: 5 „Бев во градот Јопа. Додека се молев, паднав во занес и имав видение: нешто како големо ленено платно врзано за ќошињата се спушти од небото и дојде до мене. 6 Погледнав во платното и видов разни видови четириножни животни, ѕверови, влечуги и птици. 7 Потоа слушнав глас: ,Петар! Стани, коли и јади!‘
8 Јас одговорив: ,Никако, Господи, зашто она што е забрането да се јаде според еврејските закони[b] никогаш не влегло во мојата уста!‘
9 Гласот од небото по вторпат ми проговори: ,Немој да го сметаш за нечисто она што Бог го исчистил!‘ 10 Тоа се случи трипати и потоа платното со животните се врати на небото.
11 Веднаш потоа, пред куќата во која престојував, се појавија тројца мажи од Цезареја. Тие беа испратени по мене. 12 Светиот Дух ми рече да одам со нив, без да се двоумам. Со мене тргнаа уште шестмина христијани. Заедно отидовме во домот на човекот што ме повика. 13 Тој ни раскажа како во својот дом видел ангел, кој му рекол: ,Испрати луѓе во Јопа и викни го Симон, кого уште го викаат Петар. 14 Тој ќе ти каже како да се спасите ти и сите што живеат во твојот дом.‘
15 Тукушто почнав да зборувам, Светиот Дух слезе врз нив, исто како што слезе и врз нас на почетокот. 16 Тогаш се сетив на она што Господ ни го рече: ,Јован крштаваше со[c] вода, а вие ќе бидете крстени со Светиот Дух.‘ 17 Штом Бог им го даде истиот дар како и нам, кога и тие поверуваа во Исус Христос, кој сум јас да Му се противставувам на Бог!?“
18 Кога го слушнаа ова, престанаа да негодуваат и Го прославија Бога, велејќи: „Значи и на неевреите Бог им даде можност да се покаат и да добијат вечен живот!“
Апостолите одобруваат
2 По четиринаесет години, повторно, отидов во Ерусалим, заедно со Барнаба[a], а со себе го поведов и Тит. 2 Отидов затоа што Бог, преку откровение, така ми нареди. На еден состанок, на кој присуствуваа само поистакнатите водачи на црквата, јас им објаснив како ја проповедам Радосната вест меѓу нееврејските народи. Го сторив тоа за да не биде залудна мојата сегашна и досегашна работа. 3 Тие не поддржаа, па ни Тит, кој беше со мене, иако е Грк, не го натераа да се обреже, 4 иако некои таканаречени „христијани“[b] се обидуваа. Тие подмолно се вовлекоа во нашите редови за да извидат каква слобода ние имаме преку верата во Исус Христос, па потоа да можат да ни ја одземат таа слобода и да не претворат во робови на јудаизмот. 5 Ни за момент не им дозволивме да не надвладеат, за да може вистинската Радосна вест да биде зачувана и за вас.
6 Оние што се сметаа за поистакнати (велам се сметаа, зашто за мене тоа воопшто не е важно; Бог не суди според надворешноста), тие поистакнати луѓе не додадоа ништо кон она што јас го говорев. 7 Напротив, тие сфатија дека Бог ми довери да ја проповедам Радосната вест меѓу нееврејските народи, исто како што на Петар му довери да ја проповеда меѓу Евреите. 8 Бог, Кој работи преку Петар, испраќајќи го да биде апостол меѓу Евреите, сега работи и преку мене, со тоа што ме испрати кај другите народи. 9 Кога Јаков, Петар и Јован, кои се сметаа за столбови на црквата, сфатија дека Бог е благонаклонет спрема мене, се ракуваа со мене и со Барнаба во знак на пријателство, согласувајќи се ние да работиме меѓу нееврејските народи, а тие меѓу Евреите.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest