Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

Book of Common Prayer

Daily Old and New Testament readings based on the Book of Common Prayer.
Duration: 861 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: Ps for the version: Macedonian New Testament
Error: Book name not found: Ps for the version: Macedonian New Testament
Error: Book name not found: 1Sam for the version: Macedonian New Testament
Дела Ап 7:30-43

30 Откако поминаа четириесет години, во пустината, близу до планината Синај, му се појави ангел во пламенот на една запалена грмушка. 31 Кога Мојсеј го виде ова, се зачуди и појде таму за да види одблизу. Тогаш го чу гласот Господов кој му рече: 32 ,Јас сум Богот на твоите татковци: Богот на Авраам, на Исак и на Јаков[a]!‘ Мојсеј се стресе од страв и не се осмели да погледне.

33 Потоа Господ му рече: ,Собуј ги сандалите, зашто стоиш на свето место! 34 Видов како Мојот народ е измачуван во Египет и стенкањето негово го чув. Еве, доаѓам да го ослободам. Сега, оди во Египет[b], како Мој пратеник!‘

35 Оној Мојсеј, кого луѓето го отфрлија, велејќи му: ,Кој те поставил да ни бидеш владетел и судија!?‘ - Бог го испрати преку ангелот што му се појави во запалената грмушка, да им биде водач и ослободител. 36 Правејќи многу чуда и видливи докази, тој ги изведе од Египет, ги преведе преку Црвеното Море[c] и ги водеше низ пустината цели четириесет години.

37 Самиот Мојсеј му рече на израелскиот народ: ,Бог ќе ви издигне Пророк од вашите редови, како што сум јас[d].‘ 38 Тој беше заедно со целиот Божји народ во пустината. Посредуваше меѓу ангелот што му зборуваше на планината Синај и нашите татковци. Притоа, тој прими зборови од животно значење и ни ги пренесе нам.

39 Но нашите предци не го послушаа, туку го отфрлија и посакаа да се вратат во Египет, по кој им беа прираснале срцата. 40 Му рекоа на Арон: ,Направи ни богови што ќе не водат, зашто не знаеме што се случи со Мојсеј, кој не изведе од Египет[e].‘ 41 Така си направија од злато идол во форма на теле и му принесоа жртва, восхитени од својата ракотворба. 42 Тогаш Бог им сврте грб и ги остави да им служат на Сонцето, Месечината и ѕвездите[f], како да им се богови, токму онака како што е запишано во книгата на пророците:

,Народе израелски!

Дали Мене Ми принесувавте жртви и приноси

додека патувавте низ пустината,

цели четириесет години, доме Израелов?

43 Не, туку си направивте идоли,

за да им се поклонувате:

Со себе ги носевте шаторот

- светилиште посветено на богот Молех и

ѕвездата на богот Реифан!

Затоа ќе ве предадам во ропство,

и ќе ве одведат во далечниот Вавилон[g]!‘

Лука 22:39-51

Исусовата агонија и молитва на Маслиновата Гора

(Матеј 26:36-46; Марко 32-42) 39 Потоа Исус си замина од горната соба и отиде, како и обично, на Маслиновата Гора. Со Него појдоа и Неговите ученици. 40 Кога стигна на тоа место, им рече: „Молете се да не потклекнете пред искушението!“ 41 А Тој се одвои од нив, на растојание колку што може да се фрли камен со рака и клекна да се моли:

42 „Небесен Татко! Ако сакаш, Те молам поштеди Ме од оваа страдалничка чаша! Сепак, нека се исполни Твојата волја, а не Мојата желба.“ 43 Тогаш Му дојде ангел од небото и Го бодреше. 44 Кога Го обзеде стравотна внатрешна борба, Тој уште поревносно се молеше, така што пот му капеше по земјата како капки од крв[a].

45 Станувајќи од молитва, Тој се врати кај Своите ученици и ги затекна заспани, премалени од големата тага. 46 Па им рече: „Зошто спиете!? Станете и молете се за да не потклекнете пред искушението!“

Исус е предаден и уапсен

(Матеј 26:47-56; Марко 14:43-50; Јован 18:3-11) 47 Уште додека Исус зборуваше, пристигна толпа народ, предводена од Јуда, кој беше еден од дванаесеттемина Исусови ученици. Јуда Му се приближи на Исус, за да Го бакне, во знак на поздрав. 48 А Исус му рече: „Јуда! Зар со бакнеж Го предаваш Синот Човечки[b]!?“

49 Кога учениците на Исус сфатија што се случува, повикаа: „Господе! Да се браниме со ножеви!“ 50 И еден од нив замавна кон слугата на Првосвештеникот и му го отсече увото. 51 Но Исус им рече: „Престанете!“ Потоа со допир му го исцели увото на човекот.

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest