Book of Common Prayer
17 Како што се приближуваше времето Бог да го исполни ветувањето што му го даде на Авраам, нашиот народ во Египет се зголемуваше и намножуваше. 18 Но со Египет веќе владееше друг цар, кој не знаеше за Јосиф. 19 Тој скова заговор против нашиот народ, ги мачеше нашите предци и ги принудуваше да си ги напуштаат новороденчињата, за да не останат живи.
20 Во тоа време се роди Мојсеј, кој му беше мил на Бог. Три месеци беше одгледуван во домот на својот татко, 21 а потоа мораа да го остават, но го зеде ќерката на фараонот и го одгледа како свој син. 22 Така Мојсеј се запозна со целата мудрост на Египќаните и се стекна со големо теоретско и практично знаење.
23 Кога наполни четириесет години, му се роди во срцето желба да ги посети своите сонародници, Израелците. 24 Во текот на таа посета виде дека еден Египќанец насилно постапува со еден Евреин. Мојсеј го заштити Евреинот и во одмазда го уби Египќанецот. 25 Тој мислеше дека неговите сонародници ќе сфатат оти Бог, преку неговата рака, им праќа ослободување, но тие не сфатија.
26 Утредента виде како двајца Израелци се тепаат и се обиде да ги смири, велејќи им: ,Луѓе, вие сте припадници на ист народ! Зошто се повредувате еден со друг?‘
27 Но виновникот за тепачката го турна и му рече: ,Кој те поставил тебе да ни бидеш владетел и судија!? 28 Да не сакаш и мене да ме убиеш, како што вчера го уби Египќанецот[a]!?‘ 29 Кога Мојсеј го слушна ова, побегна во Мидијамската земја, каде што живееше како доселеник. Таму му се родија два сина.
Исус претскажува дека Петар ќе Го изневери
(Матеј 26:31-35; Марко 14:27-31; Јован 13:36-38) 31 Исус продолжи: „Симоне, Симоне! Еве, Сатаната побара дозвола да ве искуша сите. Тој ќе се обиде да ве просее, како што земјоделецот ја просејува пченицата. 32 А Јас се молев за тебе, Симоне, да не потклекнеш во твојата вера. Така и ти, кога повторно ќе се вратиш кај Мене, поткрепувај ги своите пријатели христијани!“
33 Петар одговори: „Господе! Јас сум готов да одам со Тебе и во затвор и во смрт!“ 34 Но Исус му рече: „Еве, ти кажувам, Петре, пред да запеат петлите в зори, ти трипати ќе одрекуваш дека воопшто Ме познаваш!“
35 Потоа Исус ги праша Своите ученици: „Кога ве испратив на претходната мисија без ќесиња, без торби и чевли, дали бевте во скудност за нешто?“ Тие Му одговорија: „Не, за ништо!“ 36 Но овојпат ви велам: „Кој има ќесе или торба, нека ги земе со себе; и кој нема меч, нека си го продаде палтото и нека си купи меч. 37 Зашто, еве, ви кажувам дека за Мене мора да се исполни она што е претскажано[a] во Светото Писмо:
„Тој ќе биде осуден како да е злосторник!“ Тоа ќе се оствари за Мене сега.
38 Учениците Му рекоа: „Господе, имаме два ножа!“ А Тој им рече: „Доволно зборувавме за тоа!“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest