Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

Book of Common Prayer

Daily Old and New Testament readings based on the Book of Common Prayer.
Duration: 861 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: Ps for the version: Macedonian New Testament
Error: Book name not found: Ps for the version: Macedonian New Testament
Error: Book name not found: Ps for the version: Macedonian New Testament
Error: Book name not found: 1Sam for the version: Macedonian New Testament
Дела Ап 1:1-14

Вовед

Драги Теофиле, во мојата прва книга[a] ти го опишав сето она што Исус го правеше и поучуваше од почетокот, па се до денот кога се вознесе на небото. Пред да се вознесе, им даде упатства на апостолите што ги беше одбрал во содејство со Светиот Дух.

Во текот на четириесет дена, по Неговото распнување, Исус повеќепати се појавуваше пред Своите апостоли со што недвосмислено им докажа дека навистина е жив. Тогаш им зборуваше за Божјото царство.

На една од тие средби, додека јадеа заедно, им ги даде следниве упатства: „Не заминувајте од Ерусалим се додека небесниот Татко не ви го прати Светиот Дух, Кој ви го вети. Јас уште отпорано ви го кажав тоа. Јован Крстител крштаваше во вода[b], но по неколку[c] дена вие ќе бидете крстени во Светиот Дух.“

Вознесувањето на Исус

Додека апостолите беа со Исус, честопати Го прашуваа: „Господе, сега ли ќе го ослободиш Израел и ќе го возобновиш[d] нашето царство?“ Тој им одговори: „Времето и датумите ги определува небесниот Татко и не сметал за потребно вам да ви ги кажува! Но штом Светиот Дух ќе слезе врз вас, вие ќе добиете сила и ќе им проповедате за Мене на луѓето во Ерусалим, во цела Јудеја, во Самарија, и се до крајот на Земјата.“

Откако им го рече ова, пред нивните очи Исус почна да се подига кон небото и тие Го гледаа се додека облак не Го скри од нивните погледи.

10 Додека тие со вперени погледи кон небото гледаа како Тој заминува, пред нив се појавија двајца мажи[e] облечени во бело, 11 и им рекоа: „Галилејци, зошто стоите и зјапате во небото? Истиот Исус, Кој пред вашите очи се вознесе на небото, повторно ќе дојде, на истиот начин на кој и замина!“

Црквата на апостолите во „Горната соба“

12 Тогаш апостолите се вратија во Ерусалим. Ова се случуваше на ридот наречен Маслинова Гора. Тој рид е близу до Ерусалим, на оддалеченост помала од еден километар[f]. 13 Влегоа во градот и отидоа во горната соба на куќата каде што редовно престојуваа. Таму беа:

Петар,

Јован,

Јаков,

Андреј,

Филип,

Тома,

Бартоломеј,

Матеј,

Јаков (синот на Алфеј),

зилотот Симон и

Јуда (синот на Јаков). 14 Сите овие луѓе сложно и редовно се собираа и заедно се молеа. Со нив беа и: Марија (мајката на Исус), повеќе други жени и браќата на Исус.

Лука 20:9-19

Исус ја кажува споредбата за лозарите

- убијци (Матеј 21:33-46; Марко 12:1-12) Потоа Исус му ја кажа на народот следнава споредба:

„Еден човек си насади лозје, им го даде под наем на лозарите и си замина од тој крај на подолго време. 10 Кога дојде времето за гроздобер, тој прати еден од своите слуги за да му го донесе делот од бербата што му припаѓа како надомест. Но лозарите го натепаа и го испратија со празни раце. 11 Потоа прати друг слуга, но лозарите и него го натепаа, го понижија и го испратија со празни раце. 12 Прати и трет слуга, но лозарите и него го претепаа и го избркаа. 13 Тогаш сопственикот на лозјето рече: ,Што да правам? Ќе го испратам мојот син - љубимецот мој; се надевам дека спрема него ќе покажат почит.‘ 14 Но кога лозарите го видоа синот, си рекоа еден на друг: ,Еве го наследникот! Ајде да го убиеме и да го присвоиме неговото наследство!‘ 15 Исфрлајќи го надвор од лозјето, тие го убија. Сега, што ќе им направи сопственикот на лозарите? 16 Ќе дојде и ќе ги погуби тие злосторници, а лозјето ќе им го даде под наем на други лозари!“ А луѓето што го слушаа ова, рекоа: ,Да не даде Господ вакво нешто да се случи!‘ 17 Исус ги погледна и ги праша: „Тогаш, што значат следниве зборови запишани[a] во Светото Писмо:

,Каменот што ѕидарите го отфрлија, стана камен - темелник‘?

18 Секој што ќе се сопне од тој камен ќе се распарчи, и врз кого тој ќе падне - ќе го здроби!“

За плаќањето данок

(Матеј 22:15-22; Марко 12:13-17) 19 Во тој момент, вероучителите и свештеничките поглавари сакаа да Го уапсат Исуса, бидејќи сфатија дека кажаната споредба се однесува на нив; но се плашеа од народот.

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest