Book of Common Prayer
Христијански комуни
32 Сите што поверуваа беа толку сплотени и еднодушни, што никој од нив не зборуваше за својот имот како за лична сопственост, туку се им беше заедничко. 33 Апостолите со голема смелост сведочеа за воскресението на Господ Исус, и Бог спрема сите нив беше многу благонаклонет. 34 Меѓу нив немаше сиромаси, зашто оние што имаа ниви и куќи ги продаваа и парите од продаденото 35 им ги даваа[a] на апостолите, а тие на секого му делеа според неговите потреби.
36 На пример, Јосиф, кого апостолите го нарекоа Барнаба, односно ‚Утешител‘[b] кој беше од племето на Левиј, а родум од Кипар, 37 имаше нива, и откако ја продаде, ги донесе парите и им ги предаде на апостолите.
Савле проповеда во Ерусалим
26 Од Дамаск, Савле отпатува за Ерусалим, каде што се обиде да се поврзе со тамошните христијани, но тие се плашеа од него и не веруваа дека и тој навистина станал христијанин. 27 Тогаш Барнаба го доведе кај апостолите и им раскажа како Савле на патот се сретнал со Господ и зборувал со Него, па како во Дамаск смело проповедал за Исус. 28 Тогаш апостолите го прифатија. Савле остана извесно време со нив, движејќи се во Ерусалим и околината, смело проповедајќи за Господ. 29 Се расправаше и со некои елинизирани Евреи, но тие се обидуваа да го убијат. 30 Кога дознаа за ова, христијаните го одведоа во Цезареја, и оттаму го испратија за Тарс.
31 Тогаш низ цела Јудеја, Галилеја и Самарија, за Црквата настапи период на мир и растеж. Живеејќи со страхопочит спрема Господ и имајќи поткрепа од Светиот Дух, бројот на христијаните постојано се зголемуваше.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest