Book of Common Prayer
Исус е повозвишен од Мојсеј
3 Свети мои браќа, припадници на небесната покана: погледнете Го Исуса, Кого Бог Го испрати и Го назначи како Првосвештеник на нашата вера! 2 Тој Му беше верен на Бог, Кој Го постави, исто како што Мојсеј верно служеше и му беше доверен целиот Божји дом. 3 Но Исус заслужува поголема слава од Мојсеј, исто како што градителот заслужува поголема почит од градбата. 4 Секоја куќа има свој градител, а Бог е градител на се.
5 Навистина, и Мојсеј беше верен во Божјиот дом, но само како слуга. Неговата работа беше илустрација на вистините што Бог подоцна ќе ги објави. 6 Но Христос е верен Син и затоа Тој го раководи целото Божјо семејство, а тоа семејство сме ние, ако останеме храбри и не ја загубиме нашата надеж во Христос.
25 Тогаш се разви една расправа меѓу Јовановите ученици и еден Евреин околу обредното миење. 26 Тие дојдоа кај Јован и му рекоа: „Раби, Оној Човек што беше со тебе од другата страна на реката Јордан за Кого ти посведочи дека е Месијата - ете, Тој крштава и сите одат кај Него!“
27 Јован им одговори: „Човек не може да врши никаква мисија, ако не му е дадено од небото[a]. 28 Вие самите сте ми сведоци дека реков оти јас не сум Месијата, туку дека сум испратен како Негова претходница. 29 Невестата ќе оди таму каде што е Mладоженецот, а пријателот на Mладоженецот, кој стои и слуша, од се срце се радува што го слуша гласот на Mладоженецот. Мојата радост на тој начин се исполни. 30 Тој мора да напредува, а јас да се намалувам.“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest