Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

Book of Common Prayer

Daily Old and New Testament readings based on the Book of Common Prayer.
Duration: 861 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: Ps for the version: Macedonian New Testament
Error: Book name not found: Ps for the version: Macedonian New Testament
Error: Book name not found: Wis for the version: Macedonian New Testament
Римјаните 12

Свет и богоугоден живот

12 Драги пријатели христијани, имајќи ја предвид Божјата благонаклоност спрема вас, ве молам да ги принесете своите тела како жива жртва, света и пријатна за Бог. Тоа е најдобриот начин да Му служите. Не сообразувајте се со световните луѓе, туку допуштете Бог однатре да ве преобрази така што Тој ќе го промени начинот на кој размислувате. Тогаш ќе можете да согледате што сака Бог да правите, што е добро, пријатно и совршено.

Како Божји гласник, избран врз основа на Неговата благонаклоност, на секој од вас му порачувам дека за себе не треба да има повисоко мислење одошто заслужува. Бидете скромни и проценувајте ја сопствената вредност според големината на верата што Бог ви ја дал. Како што ние во своето тело имаме многу органи и секој орган си има своја улога, така е и со Црквата - телото Христово. Сите ние сме органи на „Христовото тело“ и имаме потреба еден од друг.

Бидејќи Бог ни беше благонаклонет, на секој од нас му даде различни дарби. Ако е некој надарен да пророкува, нека пророкува согласно со верата што ја има. Ако е некој надарен да служи, нека служи; ако е надарен да поучува, нека поучува; ако е надарен да ги охрабрува луѓето, нека го прави тоа. Ако е некој дарежлив, нека дава штедро. Ако раководи, нека раководи најдобро што знае и умее. Ако од милосрдие им помага на луѓето, нека го прави тоа со радост.

Сакајте ги луѓето искрено, а не лицемерно. Мразете се што е зло и решително правете добро[a]. 10 Сакајте се срдечно како браќа. Кога се работи за почести, давајте им предност на другите. 11 Бидете ревносни, а не мрзливи. Служете Му на Господ со пламенен дух.

12 Надежта што ја имате нека ве исполнува со радост. Кога ви е тешко, бидете стрпливи и постојано молете се. 13 Грижете се за потребите на посветените Божји луѓе и бидете гостољубиви.

14 Ако луѓето ве прогонуваат поради вашата вера во Христос, не колнете ги, туку благословувајте ги. 15 Радувајте се со оние што се радуваат, тагувајте со оние што тагуваат. 16 Трудете се да живеете во меѓусебна слога. Не бидете вообразени, туку дружете се со обичните луѓе. Немојте да мислите дека се знаете[b]!

17 Никому не враќајте зло за зло. Трудете се да го правите само она што сите го сметаат за добро. 18 Од ваша страна трудете се да живеете во мир со сите луѓе. 19 Драги пријатели, немојте да се одмаздувате. Препуштете му ја одмаздата на Божјиот гнев. Во Светото Писмо, Господ вели:

„Одмаздувањето е Моја работа.

Јас ќе возвратам[c]!“

20 А ти, напротив, постапувај според учењето на Светото Писмо кое вели:

„Ако твојот непријател е гладен, нахрани го,

ако е жеден, дај му да пие.

Така ќе го засрамиш,

како со вжарени гламни

да си му ја посипал главата[d].“

21 Не дозволувајте злото да ве надвладее, туку вие надвладувајте го злото со добро.

Лука 8:1-15

Жените во служба на Радосната вест

Потоа, Исус ги обиколуваше градовите и селата, проповедајќи ја Радосната вест за Божјото царство. Во Негова придружба беа дванаесеттемина Негови ученици и извесен број жени што ги беше исцелил од демонски духови и од разни болести. Меѓу нив беа: Марија, наречена Магдалена[a], од која Исус истера седум демони; Јоана - сопруга на Иродовиот висок службеник, Куза; потоа Сузана и многу други жени кои од своите лични средства ги помагаа Исуса и Неговите ученици.

Споредба со четирите видови почви

(Матеј 13:1-9; Марко 4:1-9) Околу Исус се насобра многу народ. Кај Него дојдоа жители од сите градови. Тогаш Тој им ја раскажа следнава споредба:

„Еден сејач излезе да сее семе. Сеејќи така, дел од семето падна покрај патот, на тврда почва, каде што беше изгазено и исколвано од птиците. Друг дел од семето падна на каменеста почва, но штом про’рти, веднаш се исуши, бидејќи во плитката почва немаше доволно влага. Трет дел од семето падна меѓу трње. Кога пораснаа трњето - ги задушија стебленцата. Конечно, дел од семето падна на плодна почва, изникна и донесе стократен плод.“ По ова, Исус гласно заклучи: „Ако имате уши, слушајте внимателно!“

Зошто преку споредби?

(Матеј 13:10-17; Марко 4:10-12) Учениците Го прашаа Исуса за значењето на оваа споредба, 10 а Тој им рече: „Вам ви е дадено да ги запознаете тајните на Божјото царство, а на другите им се кажува преку споредби, за да гледаат, но да не видат, да слушаат, но да не разберат.“

Објаснување на четирите видови почви

(Матеј 13:18-23; Марко 4:13-20) 11 „А еве што значи споредбата: семето е Божјата порака. 12 Тврдата почва, покрај патот, ги претставува оние луѓе што ја слушаат пораката, но доаѓа Ѓаволот и ја одзема Божјата порака од нивните срца за да не поверуваат и да не се спасат. 13 Каменестата почва ги претставува луѓето што ја слушаат Божјата порака и со задоволство ја прифаќаат, но таа не се вкоренува во нив, па тие остануваат верници само за кратко. Штом ќе настапи време на неволи, тие отпаѓаат. 14 Трнливата почва ги претставува оние луѓе кои ја слушаат Божјата порака, но прекумерната световна грижа за овој живот како и занесот по збогатување и уживање ја задушуваат пораката во нив и тие не донесуваат зрели плодови. 15 Плодната почва ги претставува оние што ја слушаат пораката и ја одгледуваат во благородно и послушно срце и истрајуваат сe додека не донесат плод.“

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest