Book of Common Prayer
Новиот живот на христијанинот
3 Вие сте воскреснати за да живеете со Христос. Затоа стремете се кон она што е на небото, каде што Христос владее, седнат од Божјата десна[a] страна. 2 Размислувајте за она што е на небото, а не за она што е на Земјата. 3 Вие умревте кога умре Христос, а тоа значи дека вашиот вистински живот е скриен во Христос, кај Бог. 4 А кога ќе се појави Христос, Кој е вашиот вистински живот, тогаш и вие ќе се појавите, закитени со Неговата слава.
5 Затоа, не дозволувајте вашето тело да управува со вас! Умртвете го во вас она што е развратно, гнасно, похотно, зло и алчно. И алчноста е еден вид на идолопоклонство! 6 Ваквите постапки го предизвикуваат Божјиот гнев. 7 Така постапувавте и вие кога вашиот живот беше неуреден. 8 Сега треба да престанете со гнев, омраза и злоба. Престанете да навредувате и да се служите со непристојни зборови. 9 Немојте да лажете. Вие веќе ја соблековте и ја отфрливте вашата стара природа, со нејзините навики, 10 па наместо неа облековте нова природа, која постојано се обновува, колку што подобро Го запознавате Христос, Кој ја создаде новата природа во вас. 11 Не е важно дали сте Грци[b] или Евреи, дали сте обрежани или не, дали сте варвари или Скити[c], дали сте робови или слободни. Се што е важно е Христос да живее во сите нас!
Верата на еден римски офицер
(Матеј 8:5-13) 7 Кога Исус го заврши Своето излагање пред народот, замина во Кафарнаум. 2 Таму, еден римски офицер имаше слуга што му беше многу драг, а беше тешко болен, на умирање. 3 Кога офицерот разбра за Исус, испрати кај Него неколку еврејски старешини, молејќи Го да дојде и да го исцели слугата. 4 Тие дојдоа кај Исуса и почнаа мошне сесрдно да Го молат, велејќи: „Овој човек заслужува да му излезеш во пресрет. 5 Тој го сака нашиот народ и ни изгради синагога[a].“
6 Исус тргна со нив. Кога наближи до куќата, офицерот испрати луѓе да Му порачаат: „Господине, не труди се понатаму, зашто не сум достоен да влезеш под мојот покрив, 7 ниту пак сум достоен да дојдам кај Тебе. Кажи само збор и мојот слуга ќе оздрави! 8 Зашто и јас сум човек што се потчинува на наредби, а имам и власт да им издавам наредби на војниците. Кога на еден ќе му речам ,Оди!‘ - тој оди; на друг ќе му речам ,Дојди!‘, и тој доаѓа. На мојот слуга ќе му речам ,Стори го тоа!‘, и тој го извршува.“ 9 Кога го чу ова, Исус се воодушеви и на народот што одеше по Него му рече: „Навистина, кај никого во Израел не видов толку голема вера!“ 10 Кога оние што беа испратени се вратија дома, го најдоа слугата наполно здрав.
Воскреснување на момчето од Наин
11 Набргу потоа, Исус отиде во градот Наин[b]. Заедно со Него беа Неговите ученици и многуброен народ. 12 Штом се приближи до градските порти, пресретна погребна поворка; беше починал синот-единец на една вдовица. Во поворката имаше многу луѓе од градот. 13 Кога Господ ја забележа вдовицата, се сожали, и и рече: „Не плачи!“ 14 Потоа пријде до ковчегот и го допре. Луѓето што го носеа, застанаа, а Исус рече: „Момче, ти заповедам да станеш!“ 15 Покојникот стана и почна да зборува, а Исус и го предаде на мајката. 16 Страв ги обзеде сите и Му оддаваа слава на Бог, велејќи: „Голем пророк се појави меѓу нас! Бог дојде за да го спаси Својот народ!“ 17 Оваа вест за Исус се разнесе по цела Јудеја и по целата околина.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest