Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

Book of Common Prayer

Daily Old and New Testament readings based on the Book of Common Prayer.
Duration: 861 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: Ps for the version: Macedonian New Testament
Error: Book name not found: Jer for the version: Macedonian New Testament
Римјаните 10:1-13

10 Драги пријатели христијани, мојата најголема желба и молитва кон Бог е Израелците да се спасат. Знам дека тие се многу ревносни за Бог, но таа нивна ревност не произлегува од правилно разбирање. Тие не го знаат начинот на кој Бог им подарува праведност на луѓето. Сакаат да се здобијат со сопствена праведност, преку придржување кон Мојсеевиот Закон, наместо да ја прифатат Божјата праведност. Христос ја исполни целта на Законот[a]. Сега сите што веруваат во Христос се здобиваат со праведност пред Бог.

Праведност преку вера

Пишувајќи за стекнување праведност според Божјиот Закон, Мојсеј вели: „Кој ќе се придржува до сите наредби во Законот, ќе живее[b].“

А праведноста што се стекнува преку вера вели вака: „Не треба да се искачиш на небото за да Го доведеш Христос и не треба да слегуваш во светот на мртвите за да Го вратиш Христос меѓу живите[c]!“ Пораката за спасение преку вера во Христос е лесно достапна, како што и се вели во Светото Писмо:

„Пораката е близу до тебе,

таа е на твоите усни, во твоето срце[d].“

Ова е учењето за верата што ние го проповедаме.

Ако со својата уста Го признаваш Исус за Господ, и ако во своето срце веруваш дека Бог Го воскресна од мртвите, ќе бидеш спасен. 10 Ако длабоко во себе имаш таква вера, Бог ќе те смета за праведен. Ако со својата уста ја исповедаш оваа вера, ќе бидеш спасен.

11 Светото Писмо вели вака: „Ниту еден од оние што веруваат во Него нема да се разочара[e]!“ 12 Без оглед на тоа дали се работи за Евреин или за припадник на некој друг народ. Единствениот Господ што постои е за сите и Тој е дарежлив спрема сите што бараат помош од Него. 13 „Секој што ќе Му се обрати на Господ, ќе биде спасен[f].“

Јован 9:18-41

18 Но еврејските верски водачи не му поверуваа дека бил слеп и прогледал, па затоа ги повикаа неговите родители, 19 и ги запрашаа: „Ова ли е вашиот син за кого тврдите дека се родил слеп? Како тоа сега гледа?“

20 Неговите родители им одговорија: „Знаеме дека ова е нашиот син, кој се роди слеп. 21 Но, како тоа сега гледа - не знаеме. Ниту, пак, го знаеме Човекот што му ги отворил очите. Прашајте го него, тој е возрасен и самиот може да зборува за себе!“ 22 (Неговите родители постапија вака, затоа што се плашеа од еврејските верски водачи. Причината за нивниот страв беше тоа што еврејските верски водачи се договорија да го исклучат[a] од синагогата секој оној што ќе каже дека Исус е Месијата. 23 Затоа неговите родители рекоа: „Тој е возрасен, него прашајте го!“)

24 Така тие по вторпат го повикаа човекот што беше слеп и му рекоа: „Биди искрен пред Бог[b]! Ние знаеме дека Тој човек е грешник!“

25 „Јас не знам дали е Тој грешник“, - им одговори тој - „но, една работа знам: слеп бев, а сега гледам!“

26 На тоа тие му рекоа: „Што ти направи? Како ти ги отвори очите?“

27 „Веќе ви кажав“, - им одговори тој - „но вие не слушате! Зошто повторно сакате да чуете? Да не сакате и вие да станете Негови ученици?“

28 Тие почнаа да го навредуваат, велејќи: „Ти си Негов ученик, а ние сме ученици на Мојсеј! 29 Ние знаеме дека Бог му зборувал на Мојсеј, а не знаеме од каде е Овој Човек!“

30 „Чудно!“ - им одговори човекот - „Вие не знаете од каде е, но Тој ми ги отвори очите! 31 Знаеме дека Бог не слуша грешници, туку ги слуша оние што имаат страхопочит кон Него и ја вршат Неговата волја. 32 Од почетокот на светот па до денес, не се чуло некој да му ги отвори очите на слепороден човек! 33 Ако Тој Човек не беше од Бога, не ќе можеше ништо да стори.“

34 Тие му возвратија: „До гуша си во гревови! Ти ли нас ќе не учиш!?“ И го исфрлија надвор.

Духовна слепота

35 Исус слушна дека го исфрлиле надвор, па штом го најде, му рече: „Веруваш ли ти во Синот Човечки?“

36 Човекот одговори: „А кој е Тој, Господине, за да верувам во Него?“

37 Исус му рече: „Оној во Кого гледаш, Човекот со Кого разговараш - тоа е Тој!

38 „Верувам, Господе“ - одговори тој, па се спростре ничкум и Му се поклони.

39 Исус рече: „Јас дојдов на овој свет за да го извршам судот: да прогледаат оние што не гледаат, а да станат слепи оние што самоуверено мислат дека гледаат.“

40 Некои од фарисеите што беа со Него Го слушнаа, па Му рекоа: „Зар и нас не сметаш за слепи[c]!?“

41 Исус им рече: „Да бевте слепи, немаше да бидете виновни, но штом тврдите дека гледате - останувате виновни!“

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest