Book of Common Prayer
17 Старешините на црквата што добро си ја вршат работата заслужуваат да добиваат двојно поголема плата, посебно ако проповедаат и поучуваат. 18 Така вели и Светото Писмо: „Не врзувајте му ја муцката на добичето што врши жито[a]“, и „Секој што работи, заслужува да добие и плата[b].“
19 Ако некој сака да обвини старешина во црквата мора да има најмалку двајца или тројца сведоци. Во спротивно, немој да го слушаш. 20 Оние што грешат, искарај ги јавно, па и другите да извлечат поука.
21 Пред Бог, пред Исус Христос и пред светите ангели, најсериозно те задолжувам да се придржуваш до упатствата што ти ги дадов! Немој да правиш дискриминација и да бидеш пристрастен!
22 Не избрзувај да ракополагаш луѓе за Божја служба! Не соучествувај во туѓи гревови! Чувај се да останеш чист!
23 Не пиј веќе само вода. Пиј по малку и вино, заради твојот стомак и болестите што често те мачат.
24 Казната за гревовите на некои луѓе е очигледна, а кај други гревовите и казната ќе станат очигледни дури по извесно време. 25 Така е и со добрите дела. Некои се очигледни, но и оние што не се нема да останат скриени.
Најважната заповед
(Мт. 22:34-40; Лк. 10:25-28) 28 Тогаш кај Исус дојде еден вероучител, кој ја слушаше претходната расправа. Согледувајќи дека Исус добро им одговори на садукеите, Го праша: „Која е најважната заповед во Божјиот Закон?“
29 Првата најважна заповед гласи: ,Слушајте Израелци: Вие имате само еден Господ и Бог! 30 Сакајте Го Господ, вашиот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сиот свој разум и со сета своја снага[a]!‘
31 Втората заповед е слична на првата, и гласи: ,Сакај го својот ближен како самиот себе!‘ Други заповеди, поважни од овие, нема.
32 Вероучителот рече: „Добро, Учителе. Право кажа дека има само еден Бог. 33 Да се сака Бог со сето срце, разум и снага и да се сака ближниот како самиот себе е повредно од секаков вид жртва!“
34 Кога Исус виде дека човекот даде умен одговор, му рече: „Не си далеку од Божјото царство!“
По ова, на Исус никој повеќе не се осмели да му поставува прашања.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest