Book of Common Prayer
Распознавање на лажните учители
4 Светиот Дух јасно ни кажува дека во подоцнежните[a] времиња некои луѓе ќе отстапат од вистинската вера. Тие ќе бидат измамени од лажливи духови и ќе се поведат по демонски учења. 2 Нивните учители се лицемери, лажливци чија совест е докрај затапена[b].
3 Ќе проповедаат дека не треба да се стапува во брак, ќе забрануваат да се јадат одредени видови храна. Храната е од Бог создадена и христијаните, оние што целосно ја знаат вистината, можат со благодарност да ја јадат. 4 Се што е создадено од Бог е добро. Ако се јаде со благодарност, ништо не е забрането. 5 Божјиот збор и молитвата го прават чисто и свето.
Примерни христијански водачи
6 Ако вака ги поучуваш другите христијани, добро ќе ја извршуваш службата што ти е доверена од Исус Христос. Со тоа ќе покажеш дека и самиот се храниш од пораката на верата и здравото учење што го следиш. 7 Држи се настрана од непристојни и бабини прикаски! Вежбај се да бидеш вистински побожен. 8 Од телесните вежби има одредена полза, но побожноста е многу покорисна. Таа ветува награда и за сегашниот и за идниот живот.
9 Оваа порака е веродостојна и заслужува целосна доверба. 10 Напорно работиме и се бориме[c], бидејќи се надеваме на Живиот Бог, Кој е Спасител за сите луѓе, а особено за оние што веруваат.
11 На тоа треба да ги упатуваш и поучуваш луѓето. 12 Не дозволувај никој да те потценува поради тоа што си млад. Со тоа што ќе го зборуваш, со твоето поведение, со твојата љубов, вера и чистота, биди им пример на сите христијани. 13 Додека да дојдам кај вас, посвети се на читање на Светото Писмо во црквата, на проповедање и поучување.
14 Не запоставувај го духовниот дар што ти беше даден преку пророштво, со полагање раце од страна на советот на старешините[d]. 15 Извршувај ги овие должности, посвети им се целосно, нека се гледа дека напредуваш. 16 Внимавај како живееш и како поучуваш! Истрај во праведната работа, за да се спасиш и себеси, и оние што те слушаат.
Примерен однос спрема луѓето во црквата
За плаќањето данок
13 Потоа испратија кај Исус некои од фарисеите и од иродовците за да Го фатат да каже нешто за што ќе можат да Го обвинат. 14 Доаѓајќи кај Него, му Го рекоа следново: „Учителе! Знаеме дека си чесен, дека не си пристрастен спрема никого и дека на луѓето им ја кажуваш вистината за Божјиот пат. Кажи ни, право ли е да му плаќаме данок на римскиот император, или не?“
15 Исус го проѕре нивното лукавство, па им одговори: „Зошто сакате да Ми поставите стапица? Дајте Ми еден римски денариј да го видам!“ 16 Кога Му подадоа, Тој ги запраша: „Чиј лик и име се втиснати на парава?“ „На императорот!“ - му одговорија тие.
17 Тогаш Исус им рече: „Дајте му го на императорот тоа што му припаѓа на императорот, а на Бога тоа што Му припаѓа на Бога!“
Прашања за воскресението на мртвите
(Мт. 22:23-33; Лк. 20:27-40) 18 Тогаш кај Исус дојдоа некои садукеи[a] (тие тврдат дека нема да има воскресение на мртвите) и Го прашаа: 19 „Учителе! Мојсеј ни пропишал дека, доколку некој маж умре и остави зад себе вдовица без деца, живиот брат е должен да ја земе братовата вдовица за жена и да му подигне потомство на својот починат брат. 20 Си беа седуммина браќа, од кои првиот се ожени и умре без да има деца. 21 Вториот брат се ожени со вдовицата на својот починат брат, но и тој умре без деца. Истото се случи и со третиот брат. 22 Ниту еден од седумтемина не остави потомство. На крајот умре и жената. 23 Кога ќе воскреснат од мртвите, чија жена ќе биде таа, со оглед на тоа што им била сопруга на сите седум браќа!?“
24 Исус им одговори: „Вие сте во заблуда, бидејќи не го знаете учењето на Светото Писмо! А не ја знаете ни Божјата сила! 25 Кога луѓето ќе воскреснат од мртвите нема да бидат ни женети ни мажени. Тие ќе бидат како ангели на небото. 26 А што се однесува до воскресението на мртвите, зар не сте читале во Мојсеевите книги за тоа како Бог му се јави на Мојсеј во разгорената грмушка и му рече: ,Јас Сум Бог на Кој Му служат Авраам, Исак и Јаков[b]!‘ 27 Значи, тие се живи, а не мртви, зашто Бог не е Бог на мртвите, туку на живите! Вие сте во голема заблуда!“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest