Book of Common Prayer
Вистина што ослободува
31 Тогаш Исус им се обрати на Евреите кои поверуваа во Него: „Вие ќе бидете Мои вистински ученици, ако се придржувате до Моето учење. 32 Тогаш ќе ја запознаете вистината, и вистината ќе ве ослободи.“
33 Тие Му одговорија: „Ние сме потомци на Авраам и никогаш никому не сме му робувале; што сакаш да кажеш кога велиш дека ќе бидеме слободни!?“
34 Исус им одговори: „Ве уверувам дека секој што греши му робува на гревот. 35 А робот не останува трајно во семејството. Синот е трајно член на семејството. 36 Ако Синот ве ослободи, ќе бидете навистина слободни!
3 Погледнете колкава голема љубов покажа небесниот Татко спрема нас! Тој толку многу не засака, што не прифати како Свои чеда и ние сега навистина сме Божји чеда! Световните луѓе не Го познаваат Бога, па затоа и нас не не препознаваат како Божји чеда. 2 Драги мои, ние веќе сега сме Божји чеда, но не можеме ни да си замислиме што ќе станеме допрва! Сепак знаеме дека кога Христос повторно ќе дојде, ќе станеме слични на Него, бидејќи ќе Го видиме онаков каков што Тој навистина е. 3 Секој што ја положил својата надеж во Него, ќе се чува да остане чист, токму како што и Христос е чист.
4 Секој што прави грев, го прекршува Божјиот Закон, зашто гревот е токму тоа: прекршување на Законот. 5 Како што знаете, Христос токму заради тоа и дојде: да ги отстрани нашите гревови. Во Него грев нема, 6 па затоа секој што е на Негова страна нема да продолжи да греши. Ако човек продолжи да греши, тој ниту Го познава Христос, ниту пак сфаќа Кој е Тој!
7 Чеда Божји, не допуштајте некој да ве заведе! Праведен е оној што постапува праведно, онака како што постапуваше Исус. 8 А оној што продолжува да греши е на страната на Ѓаволот, зашто Ѓаволот греши уште од самиот почеток. Токму затоа и дојде Божјиот Син: да го уништи она што го прави Ѓаволот.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest