Book of Common Prayer
Верните треба да останат непоколебливи
13 Чувствуваме обврска постојано да Му бидеме благодарни на Бог за вас, драги пријатели христијани, вас што Господ ве засака. Тој ве одбра да се спасите меѓу првите[a], така што Светиот Дух ве посвети, а вие поверувавте во вистината. 14 Преку нашето проповедање на Радосната вест Бог ве повика да се спасите. Сега можете и вие да се придружите кон славата на нашиот Господ Исус Христос.
15 Затоа, драги пријатели христијани, бидете непоколебливи и држете се цврсто до она што ве учевме лично и преку нашите писма.
16 А сега, нашиот Господ Исус Христос и Бог Таткото, Кој не сака и ни даде трајна утеха и прекрасна надеж со Својата благонаклоност спрема нас, 17 нека ви ги насрчат срцата и нека ви дадат сила постојано да го зборувате и да го правите она што е добро.
Павле бара да се молат за нив
3 Понатаму, драги пријатели, молете се за нас. Молете се најнапред учењето за Господ брзо да се шири, па и другите да го почитуваат она што го почитувате вие. 2 Молете се да не паднеме во рацете на лоши и злобни луѓе, зашто сите луѓе немаат вера во Господ. 3 Но, во Господ можете да имате доверба. Тој ќе ви даде сила и ќе ве чува од Злиот. 4 Господ ни дава увереност дека она што ви го наложивме го правите и ќе продолжите да го правите. 5 Се молам Господ да ви ги насочува срцата кон исполнување со љубов, онака како што Бог е полн со љубов, и кон трпеливост, онака како што Христос е трпелив.
Последната вечера
(Матеј 26:26-30; Марко 14:22-26; Коринќаните 11:23-25) 14 Кога дојде времето, Исус седна на трпезата со Своите апостоли, 15 и им рече:
„Имав голема желба да ја јадам со вас оваа празнична вечера, пред да почнат Моите страдања; 16 зашто, еве, ви кажувам, дека повеќе нема да ја прославувам пасхалната вечера, сe додека во целост не се исполни нејзиното значење во Божјото царство!“
17 Потоа Исус ја крена чашата, Му заблагодари на Бог и им рече на Своите апостоли: „Земете го ова вино и поделете го меѓу себе. 18 А, еве, ви кажувам дека по ова Јас повеќе нема да пијам вино[a] сe додека не се воспостави Божјото царство.“
19 Потоа Исус зеде леб, Му заблагодари на Бог, го раскрши на парчиња и им го раздели, велејќи им: „Ова го претставува Моето тело, кое се дава за вас. Правете го ова како спомен на Мене.“
20 Исто така, по вечерата им ја подаде чашата и им рече: „Оваа чаша со вино го претставува Божјиот нов завет, што ќе биде заверен со Мојата крв, која се пролева за вас. 21 Но еве ја веќе раката на Мојот предавник, кој вечерва седи со Мене на трпезава! 22 Да, Јас, Синот Човечки, ќе умрам како што Ми е определено, но тешко на оној што Ме предава!“ 23 Тогаш апостолите почнаа меѓу себе да се прашуваат, кој може меѓу нив да биде тој што ќе Го предаде?
Кој е најголем во Божјите очи?
24 Меѓу учениците на Исус настана расправија околу тоа кој од нив ќе биде на највисока позиција. 25 А Исус им рече: „Царевите на другите народи владеат над своите народи и сакаат да бидат нарекувани ,Народни добротвори.‘ 26 Но меѓу вас не смее да биде така! Напротив, најголемиот меѓу вас треба да се потчини како да е најмлад; водачот треба да ви служи. 27 Кој е поголем: оној што седи или оној што послужува? Зар не е оној што седи? А еве, Јас Сум меѓу вас како слуга.
28 Вие останавте со Мене во текот на сите Мои искушенија. 29 И, еве, Јас ви давам царска чест, како што и небесниот Татко ми ја даде Мене. 30 Вие ќе јадете и ќе пиете на Мојата трпеза, во Царството Мое, ќе седите на престоли и ќе им судите на дванаесетте израелски племиња.“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest